Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму таму се наоѓаат сите на исто место и можат во пријатна атмосфера да уживаат во убавините на понудената храна, музиката, избор на книги на македонски јазик за возрасни и деца.
Одржувањето на македонски фестивал во Австралија претставува клучен столб за зачувување на националниот идентитет, поврзување на генерациите и промоција на македонската култура во австралиското мултикултурно општество.
Преку фолклорот, народните носии, традиционалната музика и кујна, се негуваат корените и се спречува асимилацијата.
Вредности кои се пренесуваат на најмладите чие присуство и учество е се побројно. За втората и третата генерација Македонци родени во Австралија, фестивалот е директен и жив контакт со културата на нивните предци, што гради чувство на припадност и гордост.
Традиционалната храна (ајвар, бурек, скара, тавче гравче, тулумби, баклава) е еден од најсилните амбасадори преку кои пошироката публика се запознава со македонското гостопримство.
Фестивалите служат како централно место за средба на луѓе од различни краеви на Македонија, зајакнувајќи ја меѓусебната солидарност и соработка меѓу културно-уметничките друштва, црковните општини и спортските клубови.
Влијание врз австралиското мултикултурно општество
Австралија силно го поддржува мултикултурализмот. Преку ваквите настани, македонската заедница ја потврдува својата активна улога и придонес во градењето на современото австралиско општество. Фестивалите не се затворени само за Македонците – тие привлекуваат илјадници посетители од други националности, градејќи мостови на разбирање и почит.
И оваа година успешно се презентира македонската култура преку прекрасните народни носии на играорците од сите КУД кои зедоа учество: Никола Карев,
Посетителите навистина уживаа во културно уметничкиот дел но и во понудената храна.
МЛД Кочо Рацин имаше штанд со македонска литература за деца и возрасни. Најголем интерес имаше за буквари за деца и книги со раскази.
Честитки до организаторите Macedonian Australian Cultural Orthodox Association и да им посакаме уште многу години да организираат ваков настан.




