На прво место

Британски професор ѝ порача на Грција: Нема Елгинови мермери додека ја малтретира Македонија

Британскиот професор по балканска историја Марко Атила Хоаре го поддржа ставот на премиерот Енди Барнам да не ѝ бидат вратени Елгиновите мермери на Грција. Меѓу причините за таквиот став тој го наведе и долгогодишното грчко малтретирање на Македонија.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Хоаре остро се осврна на грчката политика кон Македонија, но и на односот на Атина кон сопствените национални малцинства.

„Браво, премиере. Грција ја поддржуваше агресијата и геноцидот на Милошевиќ во текот на 1990-тите и со децении немилосрдно ја малтретираше Македонија за да го промени своето име. Ги крши санкциите кон Русија и нема да ја признае независноста на Косово. Ги крши правата на своите турско и македонско малцинство, одбивајќи да го признае нивното етничко постоење и спротивставувајќи се на пресудите на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на нив. Апсолутно не треба да ѝ се вратат Елгиновите мермери додека не се поправи“, порача Хоаре.

Британскиот професор во поврзана објава го критикуваше и односот на западните држави кон грчката блокада на Македонија, оценувајќи дека толерирањето на таквото однесување создало опасен пример и за другите земји-членки на НАТО и на Европската Унија.

„Со тоа што ѝ дозволи на Грција да ја држи Македонија надвор од НАТО и ЕУ со децении поради спорот за името, Западот испрати јасна порака: ‘Земјите-членки можат да ги злоупотребат нашите процеси на пристапување за да ги спроведат своите ситни, глупави и злобни националистички вендети’“, напиша Хоаре.

Според него, токму ваквата политика на попуштање ѝ отворила простор и на Бугарија да го продолжи притисокот врз Македонија.

„Слушајќи ја оваа порака, Бугарија го презеде малтретирањето на Македонија, додека Турција и Унгарија ги попречија Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО. Смирувањето на ‘сојузничките’ насилници нè чинеше“, заклучи професорот.

Неговите пораки повторно го отвораат прашањето за двојните аршини на западните институции, кои со децении ги толерираа грчките блокади и притисоци врз Македонија, како и непризнавањето на македонското малцинство во Грција. Истовремено, од Македонија постојано се бараа нови отстапки и жртви во име на европската и евроатлантската интеграција.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top