Македонски легенди

Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Ангелариј

angelarij

angelarijАНГЕЛАРИЈ (Цветко Крстески) (с. Долнени, Прилепско, 25 III / 7. IV. 1911 – Дреновска Клисура, 15 VI. 1986) – архиепископ, втор по ред поглавар на Македонска православна црква, кој доаѓа на местото на блажениот упокоениот Архиепископ Г.Г. Доситеј. Потекнува од свештеничко семејство, каде од раѓање е задоен со божјата светлина и целиот свој живот и го посветува на Црквата. Учествувал во НОБ. Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковнонароден собор во Скопје  во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги е одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоереј – ставрофор. Од 1961 до 1964 година како парохиски свештеник бил меѓу Македонците во Мелбурн, Австралија, каде ја основал првата македонска православна црковна општина и била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. По враќањето од Мелбурн ви 1964 година работел во црквата „Св. Благовештение во Прилеп, a се замонашува во 1972 година. Бил устоличен за епископ Пелагониски во 1975 година. За Дебарско-кичевски митрополит бил хиротонисан на 5.VII.1977 година а за Охридски и Македонски архиепископ и скопски митрополит бил избран на 19.VIII.1981 година. По нецели пет години поминати како поглавар на МПЦ, загина во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура, на патот Прилеп – Скопје.

Животната патека на вториот поглавар на Македонската православна црква, Архиепископот Г.Г. Ангелариј започнува во далечната 1911 година. Тој е роден како Цветко Крстески на 25.3 (7.4.) 1911 година во село Долнени, Прилепско, од татко Костадин, свештеник, и мајка Ѕвезда. Основното образование го завршил во Долнени и во Прилеп  Во 1926 година се запишал на средно богословско училиште “Св. Јован Богослов”, во Битола, а го завршил во Битола во 1931 година.

По завршувањето богословско училиште во 1932 бил ракоположен во чин ѓакон во црквата “Св. Димитриј” во Битола. Истата година во црквата “Св. Богородица” бил назначен за свештеник и по тој чин го поставиле за парох во с. Гари во Дебарско, каде бил до 1937 година. Бил парохиски свештеник во црквата „Св. Благовештение во Прилеп од 1937 до 1961 година и архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво. По завршувањето на војната студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја.

За време на Втората светска војна, архиепископ Ангелариј бил учесник во НОБ.  Ангелариј беше исполнет со љубов кон татковината и со патриотизам. Патриотизмот произлезе од македонското свештенство на кое тој му припаѓаше како македонски свештеник. Тој достојно му служеше на народот, кој го љубеше и затоа во него израсна тој драгоцен патриотизам кој го носеше во себе. Како свештеник ја преживеал војната, но не и неговиот брат Перо Даскалот кој како првоборец загинал во војната и е прогласен за народен херој.

Ангелариј цело време работеше за остварување на идејата за самостојна македонска црква. Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковнонароден собор во Скопје  во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. Тој сметал дека обновата на нашата Црква било Божјо дело и Господ Бог ја предодредил нејзината макотрпна црковна патека.

Неговото Блаженство Г.Г. Ангелариј како парохиски свештеник бил познат како морален свештеник, кој многу се придржувал до вредностите на канонските правила. Бил човек кој континуирано живеел, растел и созревал со свештенствувањето во Македонија. Кај него не постоел двоен национален морал, кој по војната го експонирале некои свештеници. Ангелариј бил доблесен свештеник и уживаше голема доверба меѓу народот, а како таков тој дури едно време ги водеше финансиите на Општината Прилеп.

Во однос на верата, на моралот, на достоинството на македонската нација кај него не постоела колебливост. За тоа бил одликуван со неколку врвни црковни одличја, како што е црвен појас, потоа на предлог на Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г.Доситеј во 1959 година бил одликуван со највисокото свештеничко признание на МПЦ – Граден крст, а бил добитник на Орден од II ред.

Во 1961 година бил назначен за парохиски свештеник при црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ во квартот Фицрој во Мелбурн, Австралија. Таму ја основал првата македонска православна црковна општина и била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. Од 1961 до 1964 година бил меѓу Македонците во Мелбурн, Австралија. Од таму се вратил на парохиската должност во Прилеп, а подоцна бил поставен и за архијерејски намесник.

По смрта на сопругата, Ангелариј ја прифатил поканата на Синодот на МПЦ и прво бил замонашен, а потоа и хиротонисан за владика. По замонашувањето свештенствувал во Прилеп сe до 1975 година, кога од САС на МПЦ бил избран и хиротонисан за епископ Пелагониски. Тој бил поставен за администратор-сотрудник на болниот Митрополит Преспанско-битолски Климент. Од 1977 година бил Митрополит Дебарско-кичевски. од каде што достоинствено бил избран за Архиепископ Охридски и Македонски на Црковнонародниот собир, одржан на 19 август 1981 година.

Наследил стабилна црква, но која морал да ја надогради. Затоа одговорноста со раководењето на МПЦ била уште поголема, иако сенката на Г.Г. Доситеј била постојано присутна кај верниците, свештениците и кај архијерејите. Поради тоа, од своите наследници (свештеници) барал моралност и одговорност кон Црквата, но и достоинствено однесување кон верниците. Ангелариј сакаше секому да му посвети внимание и никого не го оставаше без должна почит.

Г.Г. Ангелариј секогаш барал јазикот на Светите браќа Кирил и Методиј, да се негува. Тој ја приближил Црквата до јавноста, но и до другите екуменски заедници. Верувал дека за време на неговиот мандат, конечно ќе се реши прашањето за автокефалноста на МПЦ и дека српскиот патријарх Герман ќе го потпише Томосот за автокефалност. Тие беа во многу блиска комуникација. Но, за жал, таа нивна блискост не вроди со плод поради силниот притисок во Синодот на СПЦ, особено на српската четничка емиграција и тогашниот митрополит во емиграцијата – Дионисиј.

Ангелариј иако бил кроток и скромен човек, не се плашел да го каже своето мислење. Тој отворено упатува критика, сметајќи дека тогашното Претседателство доволно не се ангажирало за Македонската православна црква! Не попуштал ниту пак пред притисокот на тогашната власт. Но, животниот пат му згаснува ненадејно, на 15 јуни 1986 година загинува во сообраќајна незгода, враќајќи се од службено патување, на патот Прилеп-Скопје, кај Дреновската клисура.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top