На прво место

Филипче живее во свет на тајни зделки – затоа што од таму доаѓа

Наместо реформи и нова визија, лидерот на СДС останува заробен во матрицата на Зоран Заев, проектирајќи ги старите навики на „договори во четири очи“ врз транспарентните државни политики.

Има една стара вистина во политиката: секој тргнува од себе.
Токму затоа Венко Филипче, денес лидер во сенка на СДС, упорно гледа „тајни бизнис врски“ таму каде што постојат само официјални договори меѓу држави.

Кога човек доаѓа од систем во кој политиката се водеше зад затворени врати, во четири очи, со посредници и кеш-договори, тогаш нормално е да мисли дека и сите други работат исто.

Но реалноста е многу поинаква и болна за СДС.

Нема никакви тајни врски, нема никакви скриени агенди. Постојат јасни, транспарентни договори и соработка меѓу Македонија и Унгарија, како што и доликува на две европски држави. Сè е јавно, институционално и во рамки на државни политики.

Но, за Филипче тоа е неразбирливо.

Зошто?

Затоа што тој е производ на политичка матрица создадена од Зоран Заев, матрица во која се нормализираа сомнежите за корупција, бизнис-договорите под маса и личните интереси пред државните.

И наместо денес да направи пресек, да расчисти со тоа наследство и да покаже барем минимум политичка зрелост, Филипче продолжува да живее во сенката на својот ментор.

Наместо да ја реформира партијата, тој ја брани.

Наместо да се огради од сомнителните зделки, тој ги релативизира.

Наместо да понуди визија, тој нуди конструкции.

Ова не е само политички проблем, ова е симптом на длабока криза во СДС.

Партија која не може да се одвои од своето минато, е партија која нема иднина.

Затоа, ако Филипче навистина сака да биде релевантен политички фактор, прво треба да се ослободи од товарот што го носи, товарот на Заев, на старите навики и на политиката на „тајно и криминално“.

Во спротивно, ќе остане само уште еден глас кој вика за „скандали“, додека јавноста сè појасно гледа кој навистина работел така.

А институциите?

Тие немаат изговор. Сè што е изнесено во јавноста мора да биде проверено. Не селективно, не политички, туку темелно и законски.

Само така ќе се стави крај на оваа политичка хипокризија.

Најново од: На прво место

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

Зошто Филипче и СДС се плашат од предвремени избори?

Ако навистина веруваат дека Владата не работи и дека имаат подобри решенија, нека побараат избори и нека излезат пред граѓаните СДС и Венко Филипче секојдневно ја убедуваат јавноста дека Владата не работи, економијата стагнира, а Македонија не напредува на ниту едно поле. Но кога премиерот Христијан Мицкоски им понуди можност овие тврдења да ги проверат […]

Македонски историски календар – 22 август

На 22 август 1919 година било издадено полномоштво со кое Димитар Наумов бил овластен да ја претставува ВМРО на Париската мировна конференција. Македонските дејци настојувале пред претставниците на големите сили да го постават нерешеното македонско прашање и да предупредат на последиците од поделбата на Македонија. Нивните барања за почитување на правото на македонскиот народ на […]

Двојните стандарди на СДС: гласни за водата во Гостивар, неми за 14-те жртви во Тетово

Кога одговорноста треба да ја понесе некој од редовите на СДС, настапува молк. Кога постои можност вината да се префрли врз Владата, веднаш почнува секојдневна кампања со обвинувања и соопштенија Двојните стандарди на СДС најјасно се гледаат во нивниот однос кон две тешки трагедии што го потресоа полошкиот регион – пожарот во модуларната болница во […]

Големите сили против Илинденското Востание

На 21 август 1903 година, додека Илинденското востание сè уште траело, османлискиот амбасадор во Санкт Петербург ја известил Високата порта дека руската влада го поддржува преземањето строги мерки против македонските востаници. По добивањето на оваа вест, султанот Абдул Хамид II наредил на руската дипломатија да ѝ биде изразена благодарност за поддршката што ја дала во […]

Македонски историски календар – 21 август

На 21 август низ македонската историја се забележани настани поврзани со Илинденското востание, страдањата на населението во Костурско и одбраната на македонската револуционерна кауза. 21 август 1903 – голема османлиска офанзива во Костурско На 21 август 1903 година околу 15.000 османлиски војници од три страни навлегле во Костурско со цел да го задушат Илинденското востание. […]

Филипче се врати од јахтата на Заев и настапува како да се вратил од друга планета

Венко Филипче, по одморот на јахтата на Зоран Заев, очигледно собра нови сили и веднаш продолжи со изјави, прес-конференции и партиски соопштенија. Настапува како да се вратил од друга планета, а не од одмор со човекот со кого седум години ја водеа Македонија кон национални понижувања, економска несигурност и институционално пропаѓање. Филипче денес зборува како […]

To top