Македонски легенди

Партенија Зографски

Partenie

PartenieПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ бил првиот  македонски учебникар, филолог, фолклорист, културен деец, прв македонски митрополит и еден од најистакнатите црковни работници од 19 век. Се школувал во ќелијното училиште во дебарскиот манастир „Св. Јован Бигорски, потоа во Призрен, Солун и во Цариград.

Во Русија завршил семинарија и духовна академија. Се замонашил во Зографскиот манастир на Света Гора со монашкото име Партенија. Исто така, бил Кукушко-полјански епископ (1859– 1867), нишавско-пиротски митрополит (1867–1876), професор, библиотекар, автор, преведувач. Отворил книжарница во Фанар (Цариград). Како добар познавач на рускиот, латинскиот, хебрејскиот, грчкиот и францускиот јазик, се посветил на преведувачка и филолошко-учебникарска дејност. Зографски го превел „Пространото св. Климентово евангелие„ од арх. Теофилакт Охридски. Објавил два учебника на македонското наречје, студии за македонскиот јазик и фолклорни записи. Пишувал и за историјата на Охридската архиепископија.

Партенија Зографски е роден во 1818 година во Галичник. Крстеното име му е Павле  Тризловски и  е првороден син на Васил и Доста. Првото образование го стекнува во ќелијното училиште во дебарскиот манастир „Св. Јован Бигорски“, а со тоа неговиот животен пат станал нераскинливо поврзан со љубовта кон Бога и кон сопствениот македонски народ.  Во 1836 година, во Охрид учел кај Димитар Миладинов. Се школувал во Призрен, Солун и во Цариград. Во 1842 година, Павле Василков се замонашил во Зографскиот манастирот на Света Гора, при што го добива монашкото име Партениј, а по манастирот го добива и презимето Зоградски. Во Русија завршил семинарија и духовна академија. Зографски својата наобразба ја стекнува во Духовната академија во Одеса, Кипријанскиот манастир во Молдавија, семинаријата во Киев, а од 1846 до 1850 година е редовен студент во  Духовната академија во Москва.

Партенија Зографски кој имал одлично образование добро говорел повеќе јазици. Како полиглот се користел со: рускиот, грчки, латинскиот, хебрејскиот, грчкиот и францускиот јазик. Работел во Зографскиот манастир како учител во богословското училиште, потоа како професор по црковнословенски јазик во богословското училиште на островот Халки кај Цариград. За време на својот престој во Русија бил и духовник на царскиот двор.

Неколку години по завршувањето, Партенија Зографски поставен како архимандрит од страна на цариградскиот патријарх, за потоа во 1859 година да биде поставен за кукушко-полјански епископ. Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршиската црква во Цариград. Со добивањето високиот свештенички чин, Партенија Зографски станал прв македонски митрополит.

Партенија Зографски уште на самиот почеток како владика на кукушко-полјанската епископија, се заложил за воведување црковнославјански јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влијанието на грчката црква. Постојано ги обиколувал селата во епархијата, каде отварал народни училишта и го ширел славјанското влијание.

Пред неговото доаѓање во училиштата се предавало само на грчки јазик. За потребите на народните училишта тој се впушта во пишување на граматика на славјанските народи на Балканот под Турција. Во неа тој ги систематизира разликите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа. Автор е на повеќе дела со кои се удрени темелите на македонскиот јазик.

Сето ова ќе предизвика револт кај гркофилските чорбаџии, кои ќе се пожалат кај патријархот за неговото дејствување, притоа коментирајќи дека владиката го нема дома зошто постојано е низ епархиските села каде што отвара и гради училишта, а се мачи и со поповите учејќи ги како да ги читаат четивата на црковнославјански јазик во црквите.

Солунскиот митрополит Неофит, во 1861 година ќе го свика Синодот, на кој што ќе го обвини Партенија Зографски за антипатријаршиска дејност. Документот на митрополитот Неофит доставен до Синодот, ќе го обвини Зографски по 22 точки во кои меѓудругото и за: насилно воведување црковнословенскиот јазик во богослужбата; забрана за употреба на грчкиот јазик во црквите;  воведување на мајчиниот јазик во училишта и терање од работа на грчки учители кои не го познавале македонскиот јазик; наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со македонски јазик;  го потикнувал населението да потпише барање епископијата да прерасне во митрополија; не дозволувал во неговата епархија да се чита патријарпиското писмо претставувајќи ја Цариградската патријаршијата како голем ан и не го споменувал името на својот претпоставен митрополитот Неофит.

Цариградската патријаршија со намера да не ги наруши дипломатските односи со руската дипломатија, на барање на рускиот амбасадор Лебанов, испраќа комисија во Кукушко-полјанската епископија за да го испита случајот Зографски. Трочлената комисијата, иако заклучува дека епископот Партениј не е виновен, туку дека напротив совесно ја извршувал службата, сепак не успева да го спречи неговото преместување. Светиот Синод на Цариградската патријаршија, со цел да го отстрани македонскиот јазик од црквата и од училиштата и да го врати грчкиот јазик, во 1867 година ќе го отстрани Партенија Зографски од епархијата, а на негово место во Кукушко-полјанската епископија за епископ ќе го назначи злогласниот Мелетиј.

Светиот Синод на Цариградската патријаршија за да го отстрани што подалеку од македонскиот народ, во замена за Кукушко-полјанската епископија ќу му го понуди митрополитското место во Нишката епархија. Како нишавско-пиротски митрополит, Партение Зографски ќе продолжи сесрдно да се залага за македонското прашање. Неможејќи да ги избегне искушенијата со кои  соочува заради своите ставови како и заради кревкото здравје во октомври 1874 година, ќе поднесе оставка на функцијата митрополит на нишавско-пиротската епархија и ќе замине за Цариград. Во ноќта меѓу 6 и 7 февруари 1876 година, во Цариград,  Партенија Зографски тивко ќе се упокои. Неговиот гроб и денес се наоѓа во познатата железна црква  „Св. Стефан“.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top