Култура и туризам

Лесновска книжевна школа

prolog

Писмената и книжевната дејност од Кратовско и Злетовско е тесно поврзана со дејноста на Лесновскиот манастир. Култот на овој манастир е поврзан со пустиножителскиот пат на Св. Гаврил Лесновски. Најзначаен претставник на оваа школа е Станислав Лесновски кој придонел за развивање на оваа школа во која се негува калиографското препишување.

Лесновски Ковачевиќев пролог

prolog

Фрагмент од Вториот Лесновски Пролог

Вториот Лесновски пролог познат и како Лесновски Ковачевиќев пролог претставува средномакедонски килилски ракопис. Потекнува од периодот помеѓу 1330 и 1340 година. Содржи 221+ 1 пергаментен лист. Пишуван е во Лесновскиот Манастир од двајца пишувачи, од кои едниот бил Станислав Лесновски. Писмото е кирилско. Украсен е со скромна орнаментика, главно изразена кај иницијалните букви. Содржинската структура е стара (нестиховна) од типот на Константин Мокински. Има и кратки житија за некои од словенските светители. Во 1330 и 1340 година во Лесновскиот книжевен центар се препишале уште два пролога од една иста предлошка, во кои исто така со пишување учествувал Станислав Лесновски (Прв Лесновски пролог – Белград САНУ бр. 53 и Трет Лесновски пролог – Белград НБ, Стара збирка бр. 27). Овој манускрипт се чува во Белград, (НБ, Нова Збирка Рц 705).

Извор:

  • Илија Велев, Македонскиот книжевен XIV век,Скопје 1996, p. 45–51;
  • Илија Велев, Лесновскиот книжевен центар, Скопје 1997, p. 137–144;
  • Ѓорги Поп-Атанасов, Илија Велев и Маја Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската литература (IX–XVIII век), Скопје 2004, p. 96–104.

Лесновски паренезис

220px-Lesnovo-Parenesis

Фрагмент од Лесновскиот паренезис

Лесновскиот паренезис-средмомакедонски килилски ракопис

Потекнува од 1353 година. Содржи 332 пергаментни листа, од кои се зачувани 317 листови. Пишуван е од монахот Тахота во Лесновскиот манастир кај Пробиштип, со кирилско писмо. Орнаментиката е претставена со геометриски иницијали и со заставки во црвена боја. Според содржината претставува зборник со слова и поуки на ранохристијанскиот писател Ефрем Сирин (306-373), чиишто дела преку византиската книжевност се пренеле и во средновековната македонска книжевност. Според записот монахот Тахота го пишувал по наредба на епископот Арсениј, во Лесновскиот манастир Св. Архангел Михаил. Се поврзува со дејноста на Кратовската школа и се вбројува меѓу северномакедонските ракописи. Имало и запис од раката на книжевникот, кој за жал не е сочуван, зашто се наоѓал на листот од старата збирка на Белградската народна библиотека, што изгорела 1941 година. Лесновскиот паренезис денес се чува во Софија, НБКМ, бр. 297, Санкт Петербург, ГНБ, F. n.I 63 (1л.) и Белград, НБ, стара збирка бр. 237

Извор:

Vera Stojčevska-Antic (1997). „Makedonskata srednovekovna kniževnost“. Detska radost.

Најново од: Култура и туризам

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

Железната црква „Свети Стефан“ во Истанбул и македонскиот придонес во нејзината историја

Во изградбата и духовниот живот на познатата Железна црква во Цариград значајно место имале Македонци од Охрид, Ресен, Велес и од Егејскиот дел на Македонија. Во нејзиниот двор почива и Партениј Зографски – еден од најистакнатите македонски црковни, просветни и културни дејци од XIX век. Православниот храм „Свети Стефан“ во Истанбул, познат како Железната црква, […]

Мајка Тереза – скопјанката што му припаѓа на целиот свет

Родена во Скопје како Агнеса Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза го посвети својот живот на сиромашните, болните, бездомниците и напуштените. Од улиците на Калкута нејзината мисија се прошири низ целиот свет, претворајќи ја во вечен симбол на милосрдието, пожртвуваноста и христијанската љубов. Агнеса Гонџа Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година во Скопје, како најмлада […]

Охридското Езеро прогласено за најубаво место во Европа – македонскиот бисер пред фјордовите, Тоскана и Барселона

Охридското Езеро се најде на првото место на листата на „Time Out“ за најубави места во Европа, а Охрид е претставен како помирна и подостапна алтернатива на славното италијанско езеро Комо. Уште едно големо меѓународно признание за природното, историското и културното богатство на Македонија. Македонскиот бисер повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Охридското Езеро […]

Најнови вести

To top