Култура и туризам

Пастрмајлија

pastrmajlija

pastrmajlijaПред да започнеме со приготвувањето на пастрмајлијата една напомена. Месото е повкусно доколку одлежи 24 часа премачкано со масло за јадење, сол, бибер и буковец.

За подготовка на ова вкусно и нашироко познато предјадење потребни ви се следниве продукти:

– 1 кг бело брашно

– 800 гр свинска кртина

– 5 јајца

– еден квасец

– сол

– масло за јадење

За подготовка на ова предјадење потребни се 60-тина минути.

Започнуваме со подготовка на тестото.

Во сад за матење го ставаме целото количество брашно. Брашното го посолуваме по вкус. На брашното му го додаваме претходно растопениот квасец. Тестото го матиме со електричен миксер со најголема брзина. Во текот на матењето повремено додаваме околу 2 дл вода. Подоцна додаваме и околу 1 дл масло за јадење, со што го подобруваме вкусот на тестото и побрзо расне. Вкусот ќе го почуствувате откако ќе ја вкусите пастрмајлијата. По матење од околу десетина минути го оставаме тестото на страна да расне 30 минути.

Тестото е веќе стасано. Го вадиме од садот. На рамна подлога сипуваме малку брашно и го месиме со раце. Подлогата постојано ја посипуваме со брашно за да тестото не ни се лепи и да го добие потребното количество од истото. Со месењето прекинуваме во оној момент кога тестото ќе ја добие потребната мекост. Откако тоа го постигнавме со нож го сечеме на парчиња. Парчињата се со големина колку што ни е потребно за да го развлечеме тестото и да ја добиеме поскауваната формма на пастрмајлијата. Парчињата ги правиме во топчеста форма и убаво ги месиме со рака постојано посипувајќи ги со брашно.

Земаме обична тава која ја премачкуваме со путер по целата нејзина површина. Во неа ги ставаме топките тесто и ги покриваме со крпа чекајќи да нараснат. Тоа се некаде околу 15-20 минути.

Во друга тава претходно премачкана со путер ги ставаме топките тесто кои со рака ги развлекуваме. Стандардната форма на тестото за пастрмајлија е приближно елипсовидна. Треба да внимаваме на краевите од тестото. Тие треба да бидат здебелени, со што се остава простор каде што ќе го сместиме месото. Во текот на формирањето на тестото, потопувајте ги прстите во вода за да истото не ви се лепи.

Претходно остоеното месо го исецкавме на парчиња со мала големина и го ставаме во количество по желба. Треба да внимаваме месото да не го ставаме едно преку друго. Вака подготвените пастрмајлии ги оставаме да отстојат 5-6 минути. Истото постапка ја правиме и со преостанатите две теста.

Земаме една половина маргарин и го сечеме на крупни парчиња кои подоцна ќе ги ставиме врз пастрмајлиите.

Ја загреваме рерната на температура од 200 степени целзиусови.

Пред да ги ставиме тавите да се печат, на секоја пастрмајлија ставаме по неколку парчиња од маргаринот.

Време на печење околу 20-тина минути.

Во метален сад лесно на рака матиме 6 јајца. Со така изматените јајца, ги полеваме пастрмајлиите и ги враќаме да се допечат. Подоцна краевите од пастрмајлиите ги прамачкуваме со путер и ги враќаме да се допечат уште 5-10 минути.

Пастрмајлиите се готови. Краевите повторно ги премачкуваме со маргарин за да омекнат.

Овој македонски специјалитет гурманите го залеваат со црно вино.

Пријатно јадење.

Најново од: Култура и туризам

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

Железната црква „Свети Стефан“ во Истанбул и македонскиот придонес во нејзината историја

Во изградбата и духовниот живот на познатата Железна црква во Цариград значајно место имале Македонци од Охрид, Ресен, Велес и од Егејскиот дел на Македонија. Во нејзиниот двор почива и Партениј Зографски – еден од најистакнатите македонски црковни, просветни и културни дејци од XIX век. Православниот храм „Свети Стефан“ во Истанбул, познат како Железната црква, […]

Мајка Тереза – скопјанката што му припаѓа на целиот свет

Родена во Скопје како Агнеса Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза го посвети својот живот на сиромашните, болните, бездомниците и напуштените. Од улиците на Калкута нејзината мисија се прошири низ целиот свет, претворајќи ја во вечен симбол на милосрдието, пожртвуваноста и христијанската љубов. Агнеса Гонџа Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година во Скопје, како најмлада […]

Охридското Езеро прогласено за најубаво место во Европа – македонскиот бисер пред фјордовите, Тоскана и Барселона

Охридското Езеро се најде на првото место на листата на „Time Out“ за најубави места во Европа, а Охрид е претставен како помирна и подостапна алтернатива на славното италијанско езеро Комо. Уште едно големо меѓународно признание за природното, историското и културното богатство на Македонија. Македонскиот бисер повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Охридското Езеро […]

Најнови вести

To top