|
||||
Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат! |
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани кога се славеше Денот на албанското знаме и антимакедонското однесување на овие неранимајковци кои пукале со огнено оружје и го сквернавеле државното Македонско знаме. Непочитување на македонското знаме не е патриотизам, патриотизам значи почитување на државното знаме, знамето на државата Македонија кое треба сите нас да не обединува, македонци, албанци, турци, срби, власи, роми, евреи и сите останати. Синоќешните настани кои предизвикуваат омраза и нетрпеливост врз национална, верска и друга основа, потикнати од криминални структури кои со години ги крадеа сите без разлика на вера и нација а со цел да се сокриат од правдата, можат да доведат до дестабилизацијата на земјата. За да не се случи посакуваното од овие структури кои постојано се закануваат со дестабилизација на земјата, ги повикуваме безбедносните структури остро да реагираат на ваквото нарушавање на редот и законите. Унија на Ветерани Апелира до сите кои ги подбуцнуваат младите, размислете добро пред да ги провоцирате македонците и ги скрнавите македонските симболи, правдата можеби е спора, но ред во оваа држава мора да има и ќе има!!! Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите сограѓани да се однесуваат со воздржаност и почит кон Македонските национални симболи и кон чуствата на македонците и сите други кои живеат во оваа заедничка Библијска држава- Македонија. Ги прашуваме овие малкумина неранимајковци, како би реагирале ако нивните сограѓани Македонци истото го направат со албанското знаме? Тоа ќе биде за нив чин на непочитување кон Албанците и антиалбански чин? Има една народна изрека: Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат. |