Вторник, 15 Септември 2009    PDF Печати Е-пошта
"Јас светот го освојувам за Македонците"
Alexander_the_Great
Замислата да создаде ново светско општествено уредување, каде сите народи, раси, религии и култури ќе се испреплетат во рамките на големото Македонско Царство со нов главен административен, културен, трговски, економски, верски град, според тврдењето на Хераклит и раскажувањето на Александријците, "...по плановите на своите архитекти" и, "...себеси на спомен основал голем многунаселен град... и му го даде своето име, - вели Плутарх.

Александрија помеѓу езерото Марсот и островот Фар била со архитектонско - градоградителска композиција во вид на македонска хламида, според планот на македонскиот архитект Дејнократ Родоски и под раководство на градењето на Клеомен од Навкратис новата светска македонска престолнина почнала да се гради при крајот на 332 и во почетокот на 331 г.п.н.е. и до изградбата на Константинопол Александрија во Египет била најважниот центар на Средоземното Море, во неа била изградена најголемата библиотека на античкиот свет, чиј директор во III век п.н.е. бил славниот македонски научник Ератостен.

alexander-portraitОколу I век населението на Александрија броело околу 1.000.000 жители, а нејзината површина околу 100 г.п.н.е. достигнала 891 хектар. Филип II Македонски (359-336 г.п.н.е.) - татко на Александар III Македонски Александар III Македонски во седуммилионскиот Египет бил единствениот што ги имал добиено сите божји почести изразени во три ранга и тоа: како Хорус бил бог, како “син на Ра” бил син на Господ и како “сакан од Амон” тој бил миленик на боговите, односно избран од Ра. По освојувањето на Египет и неговото прогласување за фараон на Египет, успеал да ги освои сите четири престолнини на Персиското Царство: Вавилон, Суза, Персепол и Екбатана. Во Суза го зароби големото богатство на Дариј III Кодоман во износ од околу 50.000 таланти во злато и сребро, а уште со поголемо богатство се здобил во Персепол и Расаргада. Во 331 г.п.н.е. таканаречените Елини од Спарта со помош на персиски “дарики” дигнале востание против македонското владеење, но искусниот и одлучниот Филипов генерал Антипатар го задуши востанието со победата над Спартанците кај Мегалопол со што му овозможил на Александар III Македонски да го продолжи својот победоносен од кон североисточните покраини на Дариевото Царство. Во 330 г.п.н.е. Дариј III Кодоман се засолнил во Медија, но успеал да присобере само 6.000 пешадијци и 3.000 коњаници, па затоа отстапил од Ербакана кон Бактрија и во 330 г.п.н.е. бил убиен од неговиот сатрап Бес, кој бегајќи од македонската коњаница и македонската непобедлива фаланга се упатил кон Исток. Во 329 г.п.н.е. македонската војска ја минала реката Парапамис и влегла во Бактрија, а потоа ја минала и Окс (Аму - Дарја), каде Александар III Македонски го фатил и го погубил Бес, а потоа избил до Јаксарт (Сир - Дарја) на североисточната граница на некогашното Персиско Царство каде останал се до пролетта 327 г.п.н.е. Откажаната послушност Оставајќи силна војска во Бактрија, летото 327 г.п.н.е. Александар III Македонски повторно ја поминал реката Парапамис со околу 40.000 луѓе, меѓу кои имало и нови поданици, а во пролетта 326 г.п.н.е. го преминал Инд и кај реката Хидаспа го победил индијскиот крал Пор.

Во периодот на тропски дождови Александар III Македонски го продолжил своето освојување и истражување на Пенџап, стигнал до реката Хифаса, меѓутоа исцрпената Македонска војска за првпат му откажала послушност на македонскиот цар со пасивно однесување, кое се заканувало да се претвори во отворен бунт, затоа наредил повлекување назад кон Татковината. Со новоизградената Македонска флота македонскиот цар Александар III Македонски и македонскиот адмирал Неарх со еден дел од Македонската војска се спуштиле 1.600 км. по реката Инд се до нејзиниот влив во Индискиот Океан, каде стигнале во 325 г.п.н.е., а другиот дел на Македонската војска под водство на македонскиот војсководец Кратер го следеле по копно. Оттаму Кратер со дел од војската бил испратен преку Арахозија кон Вавилон, а првиот македонски адмирал Неарх со Македонската флота бил испратен на научна експедиција покрај брегот на Персискиот Залив, додека Александар Македонски со главнината на Македонската војска тргнал преку пустинските предели на Гедрозија и стигнал до Пура, оставајќи три четвртини од својата војска во суровите пустински предели на Гедрозија, а во декември 325 г.п.н.е. се состанал со Кратер кај Пасаргада и веднаш се упатил кај Суза каде стигнал во февруари 324 г.п.н.е. Воспоставувајќи го својот авторитет со преземање енергични мерки, Александар III Македонски пристапил кон огромни подготовки за поход на Арабија со цел да ги поврзе своите најбогати покраини, Вавилон и Египет. Војската и флотата веќе биле подготвени за поход, но, според едни извори, на 10 јуни, а, според други извори, на 13 јуни 323 г.п.н.е. Александар III Македонски умрел во Вавилон, како последица на болест или на постепено труење.
falanga4
Импозантното дело на Александар III Македонски е создадено благодарејќи на неговата исклучителна интелектуална и генијална воена способност, благодарејќи на надмоќноста на непобедливата Македонска војска која ја воделе исклучително надарени македонски генерали во походот за освојување на светот и во најголемата научна експедиција за запознавање на светот. Александар III Македонски е заслужен за ширење на македонска и македонистичка култура по источните земји со цел преку огромното Македонско Царство со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Македонија (Македонскиот Полуостров) и Средоземното Море до Инд и од Нил до Јаксарт (Сир - Дарја) да ги обедини мноштвото народи, раси и култури. Тој создал нова ера за историјата на човештвото, обидувајќи се да ја обедини Западната, т.е. Македонската култура со Источната култура, создавајќи нова епоха на македонство и македонизам, каде духовното и интелектуалното наследство на Македонија, како митолошка, предисториска, историска и предбиблиска земја, на Македонците, како најстар цивилизиран народ на светот, на македонството, како супстрат на најстара писмена и друга традиција на светот, и на македонизмот, како најпрогресивно светско движење со филозофијата на македонскиот синкретизам како "поле за културен натпревар на народите”, навлегло, ги соживеало и надживеало сите облици на римскиот живот и култура поставувајќи ги темелите не само на новата Западна цивилизација, туку и на целиот цивилизиран свет.

Клаудија Лутовска
(Од истражубањата на Васил Иљов)
 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.