Актуелно
Среда, 13 Јануари 2010 04:25    PDF Печати Е-пошта
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна годинаСо сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.
Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2010 04:20    PDF Печати Е-пошта
Вевчанскиот карневал, Свети Василиј Велики и традиционално гонење на злото
Вевчански карневалТрадиционалниот Василичарски карневал, за време на верскиот празник посветен на Свети Василиј Велики се одигрува повторно во Вевчани, каде започна паганскиот обичај на изгонувањето на злото. Манифестацијата започна со импровизиран саем за алтернативен туризам и концерт на Владо Јаневски, Влатко Стефановски и групите Милко и Рибља Чорба,а овие денови се прекрасно збогатени со маскирани лица, од мештани и гости со традиционалниот маскенбал и обичаите поврзани со него.
Повеќе...
 
Четврток, 07 Јануари 2010 09:17    PDF Печати Е-пошта
Во чест на Бадник веселба на гостиварскиот плоштад
Прослава на Бадник во ГостиварTрадицијално во чест на Бадник во Гостивар се одржа богослужба во црквата „Св.Богородица“, а потоа беше запален бадниковиот огaн и спектакуларно- како никогаш досега- беше организиран огномет.
Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2010 04:15    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот Бадник и Божиќ
Бадник и БожиќБадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
Повеќе...
 
Вторник, 05 Јануари 2010 12:35    PDF Печати Е-пошта
Прослава на Бадник и Божиќ на Православните Христијански верници во Македонија
БадникБадник традиционално  ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Јовица Угриновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.

Манифестацијата, вообичаено, почнува со подигање на бадникарското знаме, по што следува осветување на бадниковите гранчиња, нафората, топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот храм.  На платото пред храмот бесплатно ќе бидат делени бадникови гранчиња.

Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“.

Здравицата за здравје, среќа и успех ќе ја каже Братислав Димитров, a на скопјани ќе им се обрати и градоначалникот Коце Трајановски.

Свештениците од соборниот  храм „Свети Климент Охридски“, потоа  ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.
Јовица Угриновски и Братислав Димитров - Кумови за Бадник 2010
Годинашниот кум на манифестација д-р Јовица Угриновски ќе го прими преодниот ќуп од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан, кој со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“.

Скопското бадникување  започна во јануари 1993 година, од тројца повозрасни скопјани Александар Пановски - Мац, Борче Петрушевски - Скијачот и Кире Пановски- Тип. Поттикнати од случај кога една старица не можела да си купи бадниково гранче, тие самоиницијативно таа година од Водно набрале бадникови гранчиња и наздравувајќи со чашка топла ракија бесплатно ги делеле на влезот од пазарчето Буњаковец.

Следната година бил формиран одбор за традиционална прослава на Бадник, а од 1994 година се востанови редовна практика на оваа манифестација да има Бадникар - кум. Меѓу кумовите на оваа манифестација биле многу познати бизнисмени и личности од јавниот живот на Скопје.

Предвидена е и богата програма во рамки на која ќе настапат повеќе познати естрадни ѕвезди. Пригодни подароци, организаторите на бадникувањето ќе им однесат на лицата згрижени во Домот за стари лица во Злокуќани.

Годинава пред Соборниот  Храм  „Свети Климент Охридски“ ќе биде спроведена акција за собирање средства за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“, со што скопјани на овој убав и свечен ден ќе ја покажат својата солидарност и хуманист.

Во пресрет на Бадник, вечер во скопските маала и во другите населени места во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Македонскиот народ  со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Посна Бадникова трпеза
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и  според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

Весели  Божиќни празници!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!



Клеопатра
 
Среда, 30 Декември 2009 04:00    PDF Печати Е-пошта
Извештај од капетанот П.Х.Еванс, офицер за врска, до Форин офис
forin_ofis_logo1.Во врска со нашата телеграма бр. 20 од 11 декември, приложуваме две копии од еден интересен извештај за ослободителното македонско движење во областа Флорина од еден британски офицер за врска кој беше на должност во областа од април до ноември 1944. Ние се извинуваме, а исто така и авторот, за набрзина направениот нацрт на овој извештај и на машинописот, но тој е направен во услови на борба во Атина. Имајќи го предвид фактот што Истражувачкиот оддел би сакал да го види што е можно побрзо, ние не го средивме зашто можеше да го одложи неговото испраќање.
Повеќе...
 
Сабота, 19 Декември 2009 17:38    PDF Печати Е-пошта
Светецот Свети Никола заштитник на Општина Свети Николе
sveti-nikola-crkva-240Денес со свечена програма по повод големиот верски празник Свети Никола кој е и заштитник на Градот Свети Николе, се одбележува и прославува на верски начин, со песна, посен ручек од македонско тавче гравче и риба и црвено македонско вино, за секој посетител на прославата. Овој настан е организиран од Градоначалникот Роберт Ѓорѓиев и Општина Свети Николе.
Повеќе...
 
Сабота, 19 Декември 2009 11:22    PDF Печати Е-пошта
Среќен именден на Премиерот Никола Груевски и сите Македонци кои го носат името на Свети Никола
nikola-gruevski-eu-240Честит именден Госодине Премиер на Република Македонија Никола Груевски, во името на редакцијата на Македонска Нација. Да сте ни долговечен и да ве прати здравје и мудрост во сите ваши залагања кои како вистински Македонец ги давате од себе за нашата Македонија. Господ да ви го осветлува патот по кој чекорите.
Повеќе...
 
Понеделник, 14 Декември 2009 14:31    PDF Печати Е-пошта
На хокеј натпреварите ќе се слуша и македонската химна и ќе се вее и македонското знаме

Иницијативи за хокејарска репрезентација на Македонија

hockeyВладата на Република Македонија, со иницијативи во сите можни сфери од јавниот, општествениот живот и спортот. Во моментов ја разгледува можноста за основање Хокејарска репрезентација на Република Македонија.

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ја доби надлежноста и е задолжена да направи истражување и да лоцира македонци ангажирани како хокеј играчи низ светските репрезентации за хокеј. Можноста за ангажирање на хокејарски професионални играчи, со потекло од Македонија, кои настапуваат во хокеарските клубови во САД, Канада, Руската Федерација, Австрија, Чешка, Словачка, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Словенија, Германија и Србија не е исклучена и е потребно да се пријават и да се поканат да бидат ангажирани во македонска репрезентација.
Повеќе...
 
Четврток, 10 Декември 2009 22:37    PDF Печати Е-пошта
Трибина на институтот “Павел Шатев” - “Македонија, ЕУ и Името”
tribina-pavel-satev-240Единствен став за решавањето на прашањето за името, обедивање, а не поделби, зајакнување на внатрешните структури на земјата и успешно спроведување на реформите, е пораката што денеска ја упатија учесниците на трибината „Македонија, ЕУ и името“, што ја организираше на Институтот „Павел Шатев“.

Одлуката на Министерскиот совет на ЕУ за одложување на датумот за почеток на преговорите со Македонија претставува изневерување на универзалните европски вредности..., погазено е достоинството на македонскиот народ, смета професорот Бранислав Саркањац. Тој го цитираше грчкиот аналитичар Панајотис Димитрас, според кого, сега „Грците се таму каде што развиените демократии биле пред Втората светска војна“. - Европа се врати пред Втората светска војна, смета Саркањац.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Литванија – европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“ во Македонија многу мажи остануваат неженети

Во делови од Европа, демографијата сè почесто станува и личен проблем. Во Литванија, на пример, ве...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД КУЛТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ ВЕКОВИ (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.