Дијаспора

Кој е Славе Николовски-Катин

Пишува: Душан Ристевски-Македон

Славе Николовски-Катин, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа,Охрид и Скопје, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот. Тој и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората, на науката, новинарството, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата…

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот. Разновидната палета на Катин за реализација на стратешките цели на ова поле опфаќа бројни напори, од кои дел веќе функционираат. Покрај релативно честите посети на трите континенти и неговите приватни средби со мигрантите, преку неговите монографски публикации за најуспешните од нив, Катин, исто така, се обидува да предизвика интерес кај државните лидери во земјата за соработка со дијаспората. Ова особено се очекува со објавување на неговата 55 книга Израел и Македонија (на англиски,  македонски и хебрејски).

Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Тој е роден точно на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра. До завршувањето на осумгодишното училиште во Љубојно и средното училиште во Скопје го носи презимето на мајка му – Грежловски, а потоа на факултет во Белград продолжува со презимето на неговиот биолошки татко Ристо (Барџевски) – Николовски, кој, како емигрант го направи постојаниот дом во Рио де Жанеиро, во Бразил.

Во Љубојно Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со околу 4.000 книги и македонска соба  Таму од мали нозе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печаллбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов во Детроит, мајка му Сандра и очихот Јосиф Ничевски во Торонто

Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во  училиштето „Димитар Влахов“ во  Љубојно, а Средно техничкото училиште,  геодетски отсек во училиштето „Здравко Цветковски“ во  Скопје. Студирал две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград., се школувал и во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Од 1979 до 1984 година, Катин е во Матицата на иселениците од Македонија, каде ја води Информативната служба и работи како преведувач и новинар во списанието “Македонија”. Од 1984 до 1990 година се наоѓа во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), каде го уредува “Информативниот преглед” и други информативни публикации на оваа општествена организација. Воедно, од Претседателството на РК на ССРНМ е именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационал ни односи и секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници.

Од 1991 до 1998 година Катин (именуван од Собранието на Република Македонија, како самостојна и независна држава) ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Во 1999 година повторно се враќа во Матицата на иселениците од Македонија, сега веќе трансформирана во Министерство за иселеништво, кое, по една реконструкција на Владата, е рангирано (деградирано)  во Агенција за иселеништво. Со цел поангажирано да се посвети на иселеништвото, во 2001 година, Катин ја напушта Агенцијата и заминува во предвремена пензија.

Како функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбил  и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.

Во неговиот богат творечки опус почнувајќи од првото авторско дело „Ансглиско-македонски лимнолошки лексикон  (1986),  па до последното 65 дело „Selecтed Рapers for Maсedonia“ (2024). Славе Катин е автор на 22 дела со буквата М“ (Македонија), 20 монографии за познати и признати личности во иселеништвото и Македонија. Тој  е коавтор на 12 дела со познати личности, авторе  на десетина лексикогравски издамија, како и на преводи на дела од македонски на англиски и обратно, од повеќе области. Исто така, Славе Катин, во период од педесетина години објавил околу 5.000 текстови, главно, за Македонија, за иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата и други области во информативни гласила во Република Македонија и странство

Славе Николовски – Катин бил акредитиран новинар од „Македонија за Австралиско-македонски неделник“  од Мелбурн во период од три години  и за „Меѓународна политика“ од Белград. Поголемиот број од неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностите и животот на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европската Унија, како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, со особена нагласка на Македонската православна црква – ОА и етничка Македонија.

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој, е добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков“ (1990) на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката, „Признание за животно дело“ на 48-те Љубански илинденски иселенички средби (2021), како и најпрестижната „Глобална награда за животно достигнување“ (2022) на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, за постигнувањата на полето на дијаспората.

 

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top