Дијаспора

Срдечна средба со Тврдомир Стамевски – татко и дедо (15)

Славе Катин

Славе Катин

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин

Во ова продолжение ќе претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше

При мојата посета на семејството Стамевски се уверив дека таткото на Светле, газда Тврдомир (денес покоен), е вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, и човек кој и долго памти и многу памти. Тврдомир бил роден во 1929 година во Одри. Биле осум деца, пет машки и три женски, тој бил средното дете. Кога првпат татко му кинисал на печалба во Америка, Тврдомир не бил ни роден.

Сепак, низ децениите, ова многубројно семејство поминало низ доста голготи, низ доста тешкотии, проблеми и секирации, ама од сите нив и тоа изле-гувало, како и Македонија, како птицата феникс.

Tми раскажа еден интересен детаљ од времето кога неговиот татко бил заробен од Германците: Откако се легитимирал војникот Крсте дека е Македонец а не Србин, му рекле дека тој може да си оди дома. Ете, така како дете и првпат слушнал што значи да си Македонец, и таа одредница и натаму постојано ќе се потврдува, како немерлива гордост и убавина, каде и да си, блиску или далеку од својата родна земја, од својата татковина.

Тврдомир Стамевски, таткото на славниот Светле, беше еден прекрасен Македонец, Одричанин, Детроинчанин, или едноставно речено, еден толку благороден и разговорлив пријател, кого со часови со задоволство би го слушале, бидејќи секогаш имаше што да се научи од неговото животно искуство, од неговата мудрост и доблест.

Го среќавав многу пати и секогаш како да се видуваме првпат. А, зошто? – Па, затоа што Тврдомир беше како своевидна енциклопедија, од чие кажување, од чии спомени имаше толку многу што да се научи, да се слушне и дознае.

Газда Тврдомир Стамевски бил роден на 17 февруари 1929 година во Одри, како што би рекле, во срцето на оваа ретко видена оаза во пот шарпланинските села. Името му било присилно ставено. Кумот го крстил Трифун, бидејќи бил роден на свети Трифун.

Арно ама, попот не дослушнал најдобро што рекол кумот, се наведнал над тефтерите, избуричкал нешто и му ставил име Тврдомир. Мајка му лута до немајкаде, неколку месеци името ниту го изустила. Ама ниту го споменала. И кумот додека бил жив, лут беил, велејќи дека тој бил кумот, ама попот му го одзел тоа право и тој самиот му дал друго име на Трпкота

Црковната управа на МПЦ „Св. Богородица“ и претседателот Стамевск.

Од осумте деца, петте машки и трите женски, Тврдомир е средниот. Растел во едно многубројно, во многудетно и весело семејство, каде секој си го знаел своето место и улога. Како што растеле и како што станувале момчиња и девојчиња, како стасувале за работа низ полињата и бавчите, така и доаѓале на ред за свадби и крштевки.

Се сеќава на бескрајно безгрижните години, на дружбата со другарите, на тоа дека на училиште кинисал на седум години. Иако учителите биле Македонци, сепак во тоа време во дваесеттите години на минатото столетие, тие морале да учат на српски јазик. Та така и неговиот учител Јордан им зборувал и им предавал во школото на српски. Кога дошол до четврто одделение, тогаш им дошол учителот Гоко.

На средбата Тврдомир ми рече дека селото Одри, кога почнал да учи школо, се сеќава дека беше пола-пола. Докај двесге куќи. Во тоа време и шиптарите, како што ги викавле и како што самите се нарекуваа, немаа ни многу деца. Co голем дел од тие нивни соселани имале многу убав муабет, добар помин и разбирање.

За време на бивша Југославија, ама онаа, пред бивша, уште пред Втората светска војна, сите што биле на печалба се враќале дома. Потоа, во воениот виор, се сеќаваше дека поставиле граница и тие потпаднале под бугарската окупаторска чизма. Три години биле во Тетово. Вовеле полициски час, по осумнаесет часот не смееле да мрднат никаде. Седеле само дома и никој не ги чепкал.

На крајот Тврдомир ми рече: „Од 1943 година Бугарите изгубија, се повлекоа, ама дојдоа Албанците. Беше тешко тоа време. Година пред тоа, се појавија апаши Албанци. Пљачкаши, невидени. И Бугарите кога беа и тие пред нив крадеа-сушеа. Во нашето село на многумина им испокрадоа крави, волови, коњи, а бре што стасаа, тоа однесоа.

Кога се намножија качаците, во многу ги нарушија и нашите меѓусебни односи со доста соселани Албанци од Одри. Работата се расипа. Јас им кажувам и на моите деца, нагласува газда Тврдомир, дека тогаш сум ја загубил довербата во Албанците. Лоши, безгранично лоши беа. Зу-луми правеа, и македонскиот народ мака виде. Така насгана и омразата а една стекната доверба и добар живот, беа уништени или разнишани”, рече, меѓу другото Тврдомир Стамевски, таткото на Светле (Стив) Стамевски.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

To top