Дијаспора

Светле (Стив) Стамевски – Афирматор на Македонија – Дел I (3)

Претседателот Буш и Стамевски
Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“

Светозар-Светле  (Стив) Стамевски од селото Одри, Тетовско е истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Тој е македонски бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген и црковното живеење на Македонците во Детроит, како  и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД

Повеќегодишен ангажман на авторот на овие редови, Славе Катин е проучувањето на македонската миграција и Македонците во светот, што доведе до објавување на бројни дела во оваа област, особено за успешните Македонци во дијаспората. Нивниот број не е мал и нив ги има во сите прекуокеански земји, како и во земјите во Европската унија.

Пример за  Македонците кои постигнале успех во полето на бизнисот и човек кој ја афирмира Македонија, секако, е Светозар–Светле (Стив) Стамевски од селото Одри, Тетовско. Тој е македонски емигрант во државата Мичиген, САД, истакнат бизнисмен во Детроит, добро познат и признаен донатор, хуманист, и лојален патриот на Македонија и САД.

Неговото семејство ја искусило секоја фаза на македонското распетие, во настаните типични за долгата борба на македонскиот опстанок, не само во старата татковина, Македонија, туку и во новата средина, САД. Тоа е семејство за почитување и треба да послужи како пример за другите Македонци  во двете татковини, бидејќи успехот на работата на Стамевски е прекрасен пример и инспирација на едно честито и благородно  семејство.

Светле (Стив) Стамевски е горд на својата стара татковина, Македонија, а ја почитува и дава значаен придонес и во новата татковина, САД. Тој е човекот кој  дава свој прилог за афирмирање на Македонија, која треба  успешно да чекори кон демократските реформи во рамките на европските и светските интеграциски процеси.

Стамевски е истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на поранешниот претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Тој е активист во политичкиот живот на Мичиген, повеќе- годишен претседател на Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД.

Инаку, Светле Стамевски е роден во селото Одри, Тетовско. Тоа е село вгнездено во полошката питомина, кое повеќе од седум века, живее, се гради, се развива и тагува, се шири и се иселува. Одри е едно од најраскошните села во Тетовско, во чии атари се наоѓаат корените и потеклото на големото македонско семејство Стамевски.

Тој доаѓа во селото во убавата и богата куќа. На дедовските корени од дедо му Крсте и татко му Тврдомир. За жал, бројот на Македонците во селото Одри постојано се намалува, додека албанската популација рапидно се зголемува, исто како во селата Теарце, Пирок, Камењане и други.

Интересно е да се спомене дека во средината на XV век (1545 година) во ова село живеело само македонско население и, за разлика од денес, тогаш тоа било чисто македонско село. Денес во селото живеат повеќе од 1.600 жители од кои само стотина се Македонци. Во селото Одри опстојува на времето и настаните црквата „Свети  Димитрија“ која била изградена во XIV век.

Светле Стамевски потекнува од печалбарско семејство. Неговиот дедо заминал за Америка во далечната 1919 година, а Светле тргнал по неговиот пат и го вкусил печалбарскиот леб во 1971 година, кога и се преселил кај своите родители во Детроит. Таму, неговиот татко Тврдомир ја поставил основата на бизнисот, во кој вложол многу труд, време, памет и средства.

Тогаш го купиле ресторанот, кој е место за средби и разделби, а потоа Светле започнал да купува недвижен имот, кој им обезбедил напредок во бизнисот. Така, денес семејството на Светле Стамевски е сопственик на пет големи трговски центри во различни места во Мичиген и Охајо. Тие се сопственици на шеесетина дуќански простории и друг имот. Неговиот луксузен дом претставува привлечно и богато катче за живеење.

Светле станува личен пријател на семејството на Лора и Џорџ Буш. Многу пати, заедно со својата сопруга Светлана ги посетил на нивниот приватен имот во Тексас, каде минале незаборавни денови во долги разговори за најразлични теми, особено за Македонија. Но, за Светле ќе остане незаборавен митингот во Охајо, после кој САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

To top