Дијаспора

Светле (Стив) Стамевски – афирматор на Македонија – дел II (4)

Претседателот Буш и Стамевски
Славе Катин

Славе Катин

Светозар-Светле  (Стив) Стамевски од селото Одри, Тетовско е истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Тој е македонски бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген и црковното живеење на Македонците во Детроит, како  и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД

Светозар Стамевски е немирен дух кога станува збор за афирмација на националните достоинства, и кога станува збор за името македонско, на црквата македонска, на својот народ и на своите две татковини – македонската во која се роди и американската каде со своето семејство век векува.

Тој е дел од сиот тој колаж на себеорганизирање на Македонците во најголемата македонска колонија во САД, во најголемиот светски центар на автомобилската индустрија, а тоа е Детроит. Среќен е што повеќе млади Македонци способни генерации родени и образовани во САД, навлегуваат во сите сфери на животот, во индустријата, економијата, науката, универзитетите и друго.

Уште од првите денови на неговото доаѓање во Америка, Светле доаѓа во духовните светилишта. Со гордост зборува за најголемиот и најубавиот високоиздигнат македонски храм во Детроит, македонската црковна општина „Раѓање на Пресвета Богородица“. Тој е активен уште од 1974 година кога се формира Иницијативниот одбор на оваа значајна Македонска православна црква. Потоа, кога се одбележуваше 75 години од Илинденското востание, кога митрополитот Кирил го изврши осветувањето на местото, и кога во 1980 година го изврши осветувањето на стариот објект, како и за новиот, денешен објект кој е осветен во 2000 година..

Црквата „Света Богородица“ е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци, особено од тетовскиот крај, кои живеат во метрополата Детроит и пошироко. Таа е организатор на бројни активности, меѓу кои и на црковно-народни собири.


         Црковната управа на МПЦ „Св. Богородица“ и претседателот Стамевски

Светле Стамевски повеќе пати бил во управата на црквата, бил кум и два мандата бил претседател. Во исто време, тој бил во повеќе делегации кои ја посетиле Република Македонија и се сретнал со бројни личности од државниот врв на Република Македонија, со дипломати и црковни достојници.

Меѓу другото, бил на повеќе средби во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок, особено по неговото вандалско разрушување. Го помогнал реновирањето на манастирот, како и изградбата на манастирскиот комплекс на Попова Шапка „Свети Наум Охридски“.

За негова тага го посетил неговото родно село Одри кога криминално-терористичките банди му ја ограбија куќата во селото и му ги украдоа неговите три автомобили. Тогаш беше и член на делегацијата на тетовци од Детроит кои ја посетија Република Македонија и тетовскиот крај.

Сето горенаведено е пренесено и илустрирано во монографијата на Светле (Стив) Стамевски која е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид. За оваа монографијата се одржа голема промоција во Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит на 24 септември 2007 година, на која беше речено дека таа  претставува исцрпен осврт за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар-Светле Стамевски.

Книгата, во исто време, е огледало за семејството Стамевски, како и за личноста на македонскиот бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген, претседател на Македонската православна црква „Света Богородица” во Детроит и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД, се наведува во соопштението од МПЦ во Детроит. Таа е значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и сегашноста на Македонија и македонскиот народ, со посебен акцент на Македонците во Детроит, кои се мостот на зближување на Македонија со САД.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top