Историја

Дали се ова Грци или Бугари, а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно?

Occupied territories in the Balkans

Балканските пропаганди во Македонија

Occupied territories in the Balkans

Дискусиите околу националноста на Македонските, во европскиот свет започнаа со прашањето: Дали се ова Грци или Бугари, а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно? Тезата која малку подоцна се оформи од српските националисти дека Македонците се Срби, уште не се поставуваше, бидејќи самата српска влада, се` до смртта на кнезот Михајло 1868 година пред себе имаше други цели и разбирања.

Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегуваше не од фактот дека тие навистина се Грци или Бугари, туку од замрсеноста на проблематиката што произлегуваше од една страна, од етничкиот состав на населението, а од друга, од турскиот начин на поделба на населението не врз етничкиот принцип, туку врз црковната припадност. Бидејќи Македонците беа под Цариградската патријаршија и како такви припадници на “грчката“ вера, а по својот етнос Словени, тоа грчките и бугарските националисти сакаа да го искористат секој за своите интереси. На едните им пречеше словенскиот етнос, на другите црквената припадност.

Грчките националисти кои сонуваа за Велика Елада, во ова време почнаа да тврдат пред Европа дека Македонците се пословенчени Грци, па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарските пак лидери, поттикнувани од руските словенофили и од фактот дека Македонските интелектуалци се декларираа како Бугаритврдеа обратно, дека тие како Словени не можат да бидат Грци, туку се Бугари. Меѓутоа, додека едните “докажуваа“ дека македонските Словени се Грци, а другите дека се Бугари, од самата македонска средина почнаа да се појавуваат луѓе кои на прашањето што се: Бугари или Грци, одговараа дека тие не се ни Грци ни Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци, претставувајќи ги последните за Словени.

Најново од: Историја

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк?

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк е прашање што многумина го поставуваат и ги тера на сомнение и дилеми. Алек (Алекс – Александар) Џигеров, Македонец од Канада, кому Македонија му е судбина и преокупација, има видување и аргументи дека Зорба не бил Грк, туку Македонец. Според неговиот текст со наслов „Македонска чорба“, што е напишан […]

Гаврил Радомир – Самоиловиот наследник што загинал од раката на својот братучед

Двапати го спасил својот татко на бојното поле, а животот го загубил од Јован Владислав – човекот за чие спасување самиот се заложил. Гаврил Радомир бил син на цар Самоил и царицата Агата, истакнат војсководец и наследник на Самоиловиот престол. Владеел од октомври 1014 до летото 1015 година, во еден од најтешките периоди за Самоиловата […]

Најнови вести

To top