Историја

Берлинскиот конгрес и македонскиот отпор за слобода и државност

Македонска Нација

Македонска Нација

Решенијата донесени на Берлински конгрес претставуваат една од најболните историски пресвртници за македонскиот народ во XIX век. Наместо ослободување и политичка автономија, какви што надежи се појавиле по Руско-турската војна и одредбите на Санстефанскиот мировен договор, Македонија повторно останала под власта на Отоманската империја.

Големите европски сили, пред сè Англија и Австро-Унгарија, стравувајќи од засилување на руското и словенското влијание на Балканот и можноста за излез кон Средоземното море, одлучиле да ги жртвуваат интересите на македонскиот народ во корист на сопствените геополитички интереси.

За Македонците, ова претставувало огромно разочарување. Не само што биле поништени надежите создадени со Санстефанскиот договор, туку биле игнорирани и претходните предлози на Цариградска конференција, каде за првпат било предложено воведување автономија за Македонија. Наместо политички права и слободи, македонскиот народ бил оставен повторно на милост и немилост на османлиската власт.

Состојбата по Берлинскиот конгрес станала уште потешка од претходно. Македонија се соочила со економски пад, несигурност и постојан терор. Локалните османлиски власти, башибозуците и бројните разбојнички банди вршеле постојани грабежи и насилства врз населението, особено во западните делови на Македонија. Дополнителен товар претставувал и огромниот број турски бегалци – мухаџири, кои по војната се населиле во Македонија. Нивниот број достигнувал повеќе од сто илјади, а нивната издршка паѓала врз грбот на македонскиот народ. Покрај тоа, на територијата на Македонија била распоредена голема османлиска војска, чија исхрана и одржување исто така ги плаќало локалното население.

Таквата состојба создала огромен револт. Македонскиот народ сфатил дека без сопствена организирана борба нема да може да ја добие слободата. Незадоволството постепено прераснало во вооружен отпор. Во исто време, и соседните држави – Бугарија и Грција – незадоволни што не успеале да ја присвојат Македонија, испраќале свои вооружени чети на македонска територија. Нивната цел не била ослободување на Македонија, туку искористување на македонскиот револт за сопствени национални интереси.

Во такви услови избувнало Кресненско востание – првото големо организирано востание по Берлинскиот конгрес. Востанието започнало на 3 октомври 1878 година во Кресна, кога востаниците го нападнале и заробиле целиот турски гарнизон составен од 119 војници и двајца офицери. Иако често во историографијата се правеле обиди тоа да се претстави како туѓо инспирирано движење, фактите покажуваат дека востанието било започнато од самиот македонски народ и со сопствени сили, со јасна цел – ослободување на Македонија од османлиското владеење.

Македонските востаници не добиле поддршка од големите сили. Русија, под притисок на Англија и западноевропските држави, се изјаснила против продолжување на воените дејства и барала спроведување на одлуките од Берлинскиот договор. Османлиската империја, со финансиска и дипломатска поддршка од Англија, започнала силна офанзива против востаниците. Во исто време, бугарските политички кругови преку интриги и внатрешни поделби ја ослабнале македонската востаничка организација. До април 1879 година востанието било задушено, а османлиската власт повторно ги зазела ослободените територии.

Но, и покрај поразот, македонскиот отпор не престанал. Во Западна Македонија продолжиле вооружените акции на чети составени од поранешни доброволци и револуционери. Просторот меѓу Битола, Прилеп, Охрид и Кичево повторно станал жариште на нови подготовки за вооружена борба. Во текот на 1879 и 1880 година се создавале нови заговори за востание, кои османлиските власти ги откривале и задушувале.

Особено значаен момент во македонската политичка историја претставува одржувањето на Националното собрание на Македонија во местото Гремен Теке, од 21 мај до 2 јуни 1880 година. На ова собрание присуствувале 32 делегати од различни краишта на Македонија, Македонци, Власи и Албанци. Таму била формирана Привремена влада на Македонија „Единство“, која претставувала прв обид за создавање организирана македонска политичка власт.

Од името на оваа влада бил испратен Апел до големите сили, во кој се барало спроведување на членот 23 од Берлинскиот договор и создавање автономна Македонија. Во документите на Привремената влада, Македонија не се претставува како туѓа територија, туку како посебна земја со свој народ, свои историски права и право на сопствена државност. Во Протоколното решение јасно се истакнува дека Македонија е оставена „сирак“ од големите сили, иако низ историјата дала значајна цивилизација и личности како Аристотел и Александар Велики.

Особено значајна е пораката содржана во документот: „Македонија за Македонија, за воспоставување на древната Македонија“. Оваа парола претставува еден од најсилните историски докази за постоењето на македонска политичка свест и стремеж кон сопствена држава. Иако некои историчари се обидувале ова да го прикажат како резултат на грчка пропаганда или романтичарски занес, фактот што ваквите идеи се појавуваат континуирано низ XIX и XX век покажува дека тие биле длабоко вкоренети кај македонскиот народ.

Постојат различни толкувања за создавањето на Привремената влада на Македонија. Според едни, таа била инспирирана од Русија, според други од Грција, а според трети од самата Отоманска империја. Но, анализата на документите, времето во кое таа постоела и нејзините цели укажуваат дека најреално е таа да била производ на самиот македонски народ и неговиот стремеж кон слобода и државност.

Апелот и Протоколното решение од 1880 година претставуваат драгоцени историски документи кои сведочат дека уште тогаш постоела јасна идеја за автономна, па дури и независна македонска држава. Во нив се гледа дека македонскиот народ не барал туѓа територија, туку право на сопствен политички и национален развој. Токму затоа овие документи претставуваат значаен темел во историјата на македонската национална борба и доказ за континуитетот на идејата за македонска државност.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top