Дијаспора

1nas2

ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ КАКО ДОМА (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН Името и делото на Георги Томов е тесно поврзано со неговата втора татковина, Соединетите Американски држави (САД). Америка, земјата во која се живее, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок.  На голем број Македонците и другите доселеницие ветената земја.Таа е сојузна република сместена меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, […]

1nas33

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ДЕЛОТО „ИЗБРАНИ ТРУДОВИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Нова книга Во издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, излезе од печат делото „SELECTEDPAPERSFORMACEDONIA“ („Избрани трудови за Македонија“), на Славе Катин, на 488 страници на англиски јазик, чиј рецензенти се Душан Ристевски – Македон, Виктор Бивел и Џорџ Атанасоски, а е спонзорирана од Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ […]

Ivan 1

По повод 121 година од смртта на војводата Гоце Делчев: ВО СИДНЕЈ СЕ ОДРЖА ПАНАХИДА

На 4-ти мај 2024 година, на Велика Сабота, во организација на Црковната Општина „Св. Петка“ во Рогдаел, предградие на Сиднеј, се одржа панахида за војводата Гоце Делчев но и за сите војводи, комити, партизани и борци кои ги дадоа животите за Македонија и делумно ослободување и формирање на Република Македонија. Панахидата ја одржа свештеникот Владо […]

1povi1

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички информативни гласило. Тоа  го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во чија редакција:се: Душан Ристевски-Македон (главен и одговорен уредник), Иван Трпоски, Мена Ристевска и соработниците: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Александар Донски и Славе Катин (Македонија). Технички уредник и дизајнер е Александар […]

1ija3

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ – АМБАСАДОРОТ НА ФОЛКЛОРОТ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (24)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН Моногравското дело „Томов“ од авторот Славе Катин е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, на 320 страници, а рецензенти се проф.д-р Вера Стојчевска – Антиќ и д-р Криатина Калас. Георги (Џорџ) Томов беше жива легенда за македонските игри и песни. Тој беше еден […]

1omd

ОМД отвара нов огранок во Шведска

Со огромна чест и задоволство ве известуваме дека на 19.04.2024 год. Ја формиравме првата организација на ОМД во Шведска и во Европската Унија. Овој огранок со седиште во Малмо, ќе има за цел да ги претставува правата на Македонците во Шведска и Скандинавија, како и ги канализира и ги поддржува проектите на македонските веќе постоечки […]

1ilvl1 1

СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ На 5.4.2024 година во Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, членовите на истоименото друштво имаа можност да се сретнат со познатиот американскиот бизнисмен, хуманист и почесен конзул на Р. Македонија г-динот Лоу (Илија) Влашо. Лоу Влашо е роден во Америка, неговите родители потекнуваат од село Брезница, […]

1gac

ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА СО НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕНРТ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (23)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН Во продолжение ја поместуваме репортажата за одржаниот концерт на ансамблот “Томов” во Струмица, пред околу 15.000 гледачи, што Фиданка Танаскова, новинар и дописник на македонското радио во Мелбурн им ја презентираше на Македонците на петтиот континент, во која се вели: Во струмичките бели утра, уште рано-рано пред зори, […]

Kvin11

ВО КВИНБИЈАН ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈАТА НА РОМАНОТ „ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОСКА ГАТСИС

На 25.3.2024 година, во просториите на црквата „Свети Илија“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс (Австралија), се одржа промоција на романот „ Жална Македонија“, од писателката Велика Џангаловска Гатсис, која е по потекло од Македонија. Таа долги години живее во Австралија, но и покрај тоа го негува мајчиниот македонски јазик и писмо, па сите нејзини поеми, […]

1am1

ИНТЕРВЈУ НА ЏОРЏ ТОМОВ СО ВЕРА ШВРГОВСКА НА РАДИОТО „ГЛАС ОД ТАТКОВИНАТА“ ВО ЊУЈОРК (22)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН Македонскиот радио час “Глас од татковината” беше едно од најзначајните гласила во дијаспората како чувар на македонскиот јазик и афирматор на македонските ора и песни од сите делови на Македонија. Во периодот кога ова радио го водеше госпоѓа Вера Шврговска на програмата беа застапени вести од Македонија, од […]

1o1

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА  (Прилози кон културната историја), Визер издаваштво, Клагенфурт/Целовец, 2020) Проф. д-р. Волф Ошлис, како афирмиран македонист, е автор на голем број статии и книги за македонската култура, јазик и историја, но и за современите состојби во Македонија. Во неговиот работен век покрај публицистичката дејност што ја посветува на земјите […]

1kat1112

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЊУЈОРК И ВО ЊУ ЏЕРСИ(21)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН Георги Томов имал добра и плодна соработка и претставувал дел од Движење за македонски човекови права. Оваа асоцијација е во рамките на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув. Поводот за организирање на движењето беше поврзан со навршувањето на 75 години во 1988 година, од потпишувањето на […]

To top