Историја

Emanuel-Diviar

Јас сум македонец

ЕМАНУЕЛ ДУВИJАРД, Швајцарeц, Професор на Институтот Жан Жак Русо – Женевa…. “Србин ли си? Бугарин ли си? Грк или Албанец? На оваа серија прашања, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДЕНЕС КАКО И ВЧЕРА, го дава истиот одговор – ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ“. Macedonia : a True Endless Story …

milos_obrenovic

Молба од Наум Ичко до српскиот кнез Милош Обреновиќ

МОЛБА ОД НАУМ ИЧКО ДО СРПСКИОТ КНЕЗ МИЛОШ ОБРЕНОВИЌ, ЗА ОТКУПУВАЊЕ  НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ЗАРОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ ( 23 мај 1822 год.) „…Сега Ви јавувам, бидејќи Ви е познато за страдањата во Негуш за мојата несреќа. Тука се потрефил еден мој брат од стрико со целото семејство кој побегнал од Катраница во […]

William_Martin_Leake

Писмо на Вилијам М. Лик до лордот Ховик

ПИСМО НА ВИЛИЈАМ М. ЛИК ДО ЛОРДОТ ХОВИК ЗА ГЕОГРАФСКИТЕ И ВОЕНО-СТРАТЕШКИТЕ  ОСОБЕНОСТИ  НА МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ (Солун, 25 јануари 1807 год.) Лорде,… …одлучив да продолжам преку источните краеви на Румелија, зашто се уште не сум ги видел и во почетокот на септември, откако го напуштив Крф, отидов по море во Света Гора од каде […]

Ivan_Karasouliata_cheta

Писмо од вршителот на должност, Франсис Чарнауд, до гувернерот и членовите на Левинтанската компанија

ПИСМО ОД ВРШИТЕЛОТ НА ДОЛЖНОСТ, ФРАНСИС ЧАРНАУД, ДО ГУВЕРНЕРОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛЕВИНТАНСКАТА КОМПАНИЈА, ВО ВРСКА СО НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ (Солун, 25 април 1822 год.) „…Како резултат на последните настани што се случија овде, а за што јас веќе им соопштив на Вашите уважени… сметав за сходно да ја замолам Неговата Екселенција лордот Странгфорд, да испрати […]

voena-hunta

Воена хунта – диктатура во Грција

21.IV.1967 г. – утрото во Грција е извршен воен удар, организиран и спроведен од група полковници на грчката армија, познати како “Воена хунта”, според тајниот план “Промитис”. Демократските сили се затечени. – Повеќе од 100 000 демократски определени граѓани се уапсени и испратени по логори и специјални изолациони центри. Пучот е изведен без никаков отпор. […]

moneti

Нема поголем доказ за Македонците од античките монети од Хераклеја

Монетите со ликови на античките владетели од македонскиот период пронајдени на нашите археолошки локалитети се доказ од прва категорија дека на овие простори се протегале делови од Македонија и дека живееле антички Македонци. Ова за „Дневник“ го изјави Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на изложбата на монети пронајдени на Хераклеја […]

William_Martin_Leake

Писмо од капетанот Вилијам Мартин Лик до лордот Малгрејв

Д-р Иван Алексов СТРАНСКИТЕ  ПАТЕПИСЦИ  ЗА  МАКЕДОНИЈА ЏОН МОРИЕР ДО ЏЕЈМС ФОКС: ТУРСКАТА ВЛАДА ГИ ГЛЕДА НЕПРИЈАТЕЛСТВАТА МЕЃУ СВОИТЕ ПОДАНИЦИ, САМО И САМО ДА ЈА ПОВРАТИ ВЛАСТА ЗА КОЈА НЕМА ДОВОЛНО СИЛИ ОТВОРЕНО ДА ИМ ЈА НАЛОЖИ (Јанина, 4 јуни 1806 год.) Господине, Молам да ми дозволите да Ви поднесам извештај за моето патување во […]

car-samoil

Преспански легенди и преданија поврзани со Царот Самоил

„Меѓу планините Петрино, Галичица, Сува Гора, Пелистер, Баба и Бигла се простира убавата и плодородна преспанска котлина во чиј центар штедрата природа, за да ја направи прекрасна, создала две езера богати со риба – две чудни огледала во кои со векови се огледуваат спротивните височини и по кои радосно се лизгаат сончевите зраци. Недалеку од […]

karpos

Карпош се прогласува за крал на Куманово, со калпак добиен од австрискиот цар Леополд I (1689 год.)

„Неговата екселенција високославниот хан, сераскер Махмуд паша и везирите и ајаните (првенците) на државата присутни во царската ордија, одржаа советување (близу Софија) и  бидејќи се согласија дека сега е потребно со достојно единство да се крене против бедните неверници кои го запо-седнале Скопје и тамошните предели, да се  противстават на непријателските напади од овие места. […]

Belon_Pierre_1517-1564

Патопис на Пиер Белон за Македонија (1547 год.)

Појдовме од планината Атос (т.е. Света Гора, н.б.) за да стигнеме во Салоника, каде што дојдовме за два дена. Салоника е голем град, многу познат и богат, по старо наречен Тесалоника за кој што спомнува и Св. Павле. Тој се наоѓа во Тесалија која што граничи со Македонија (со името Тесалија односно “ Прва Тесалија) […]

Smrtta_na_Karpos

Заробувањето и маченичкото убиство на водачот на востанието- Карпош (1689 год.)

Од Дефтердаровата историја „(Карпош) известен дека монотеистичката војска е близу до споменатото место (се однесува на Крива Паланка, н.б.), ја запалил со оган споменатата паланка и со проклетниците што се ставиле под неговото злосреќно знаме безобзирно избегал; би-дејќи се запрел во паланката којашто отпорано ја подигнал кај Куманово, следниот ден и исламската војска со среќен […]

dedo-iljo-povik

Повик на Дедо Иљо Малешевски, 1878

Македонцы! Македониїя майка наша станa й плаче съ горки выкове подь огънтъ и іатаганъ турскій. Умученнытъ и съ крвъ облеаны наши родители, сынове и братя ньі выкагъ на оружіе противъ петвЬковнитЬ наши мучители и насилницы, а обезчестеныте наши майки, супруги и сестры съ горкы солЬзи на очитЬ си подъ гнусный й безчеловЬчный турскій произволъ кукатъ […]

To top