Култура и туризам

bituse

Битуше

Битуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во атарот на националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него, на источната страна од Радика па нагоре […]

pecalbari

Печалбарство – Гостивар во минатото

– Е, така било тоа време. Шо да ти кажуам… А бе, немало, старовремски се мачеле људите све со пољопривреда, со тоа се занимале. И печалба, оделе на печалба. Белград. Живеле по подруми, по тавани, се бореле. Ја одев и Белград, знаеш, да видам да прошетам, да видам овја печалбари наши како живат. Над ними […]

alkomena

Алкомена посведочена низ археологијата

Ангелина Маркус Тоа што сега може да се види како остаток од некогашната Алкомена кај Бучин се остатоци од керамика неколку пишувани документи на плочи со името на Алкомена, понкоја монета , понекој сад и слично. На платото на ридот наречен Тупало можи да се забележи обзидис од Алкомена во ист мермет и исти украсувања […]

Church-Velestovo

Црква Успение Богородичино во село Велестово

На падините на планината Галичица во селото Велестово – Охридско, е изградена по димензии мала црква посветена на Успение Богородичино. Единствените податоци за оваа црква се неколкуте сочувани натписи испишани на старословенски јазик. Во првиот натпис, датиран од 1444 година, што се наоѓа на северниот ѕид, се споменуваат имињата на ктиторите: попот Георгија и Станца, […]

davina0kula

Давина Кула

Давина Кула е тврдина и регионално средиште 3 км југозападно од Чучер и 12 км северозападно од Скопје, покрај магистралниот пат за Косово, на јужниот крај на Качаничката Клисура. Претставува издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа 230 м длабоко во долинката на Лепенец. Преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во […]

Gradiste-bansko

Градиште (Банско)

Градиштее регионална крепост (тврдина) во Струмичко Месноста „Градиште” лежи над јужниот дел на Банско, во подножјето на масивот на Беласица, 540 м н.м. Се издига 250 м високо над полето и има многу стрмни падини што паѓаат во две паралелни длабоки поројни долинки. Едно сосем тесно седло од југ го дели од повисокиот терен. Врвот […]

skoli-vo-makedonija

Беше си биле… Школи во Македонија

Ангелина Маркус Легендата ни зборува дека само боговите биле обдарени со знаења. Луѓето живееле во мрак, во темнина, при очи светло не виделе. Еден ден Прометеј го украл огнот од Боговите и им го предал на луѓето како тајна за просветлување. Тоа не бил обичен оган туку бил ум, знаење и писмо што се ширел […]

hristo-andonovski

Христо Андоновски

Христо Андоновски (15. IX. 1917 – Скопје, 1. VII. 2007) – учител, деец на Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, новинар, публицист и општественик. Христо Андоновски роден е на 15 септември 1917 година во селото Цакони, Мегленско, Егејскиот дел од Македонија. Основно училиште завршил во родното село, а гимназија на грчки јазик […]

gavril-lesnovski

Свети Гаврил Лесновски 28/15.I.

Светецот од Осечко поле Свети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им […]

svadba-zubovce-3_copy

Свадба во Зубовце, понеделник- носење на невестата на вода

Понеделникот, од традиционалната стара зубовска свадба, започнува со носењето на невестата на вода на една од маалските чешми во селото. Ја заводува машко детенце, водарче. Него невестата го дарува со плетени волнени калчинчиња. Со невестата на вода одат и најблиските роднини на џамутрата (младоженецот), а и виѓиарите, најблиските роднини на девојката. Кога  ќе дојде на […]

Julian_calendar

Јулијански и Грегоријански календар

Јулијанскиот календар го вовел Гај Јулије Цезар и се користел во цела Европа до XVI век, кога се прифатил Грегоријанскиот календар. На првиот екуменски собир во Ница во 325 година, христијанската црква го прифатила Јулијанскиот календар како основен календар. Должината на траењето на Јулијанскиот календар изнесува просечно 365 дена, што се постигнува со внесување на еден […]

pogovorki

Народни поговорки од струшко

Ај без пари, ај без ум, се` едно ти е. Ајванот немат ј’зик, та не зн’јт да кажит шчо го болит. Ајванот се врзвит со ј’же, а чвек со збор. Ајдутин од ајдутин се плашит. /Зашчо само ајдутин можит да фатит ајдутин./ Ај нему си му зборвал, ај на дрео (камен, ѕизд) се` едно. Ако […]

To top