Култура и туризам

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Охрид

800px-Porta-Sv.Bogorodica-Kamensko-Ohrid

800px-Porta-Sv.Bogorodica-Kamensko-Ohrid

Црквата Успение на Пресвета Богородица (позната како: Света Богородица Каменско) е македонски православен христијански црковен храм во градот Охрид. Оваа црква се наоѓа во строгиот центар на градот Охрид, во стариот дел на градот, над стариот чинар и фонтаната во чаршијата. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на дебарско-кичевскиот митрополит Антониј. Црквата изобилува со прекрасен фрескоживопис, како и со два сводови на кои се насилкани Пресвета Богородица и Исус Христос во централна положба. Исто така во црквата постои раскошен резбан иконостас. Не е познато кој мајстор го правел иконостасот, но се претпоставува дека станува збор за мијачки мајстор. Според својата конструкција иконостасот е поделен на пет хоризонтални полиња[1]. Се смета дека црквата е изградена и живописана во XVII век, а била проширена во 1832 година[2], што како година стои врежано над влезната порта во дворот на црквата. Црквата била живописана уште два пати, првиот пат од познатиот и прочуен зограф Дичо Зограф во 1863 година и втор пат во 1924 година[3].

Оваа црква е централна парохиска црква на Втората охридска парохија. Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф, изработени во 1863 година. Во 1991 година изградена е административна зграда. Во септември и октомври 2002 година, од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј – Охрид, извршено е чистење и конзервација на фрескоживописот. На 28. V 2004 година завршено е фрескоживописувањето на западната страна на црквата, која не беше живописана. На 15. VI 2004 година завршено е поплочувањето на подот со мермер гранит, а во месец декември 2006 година извршено е проширување на дворот, под кого се направени магацини, и негово партерно уредување[4].

Наводи

  1. ↑http://www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/sv_bogorod_k.htm
  2. ↑http://www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/sv_bogorod_k.htm
  3. ↑http://www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/sv_bogorod_k.htm
  4. ↑„„Св. Богородица Каменско“ – Охрид“

Најново од: Култура и туризам

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

To top