Култура и туризам

Гостивар во минатото

gostivar

gostivarА сега нешто да ни кажете за традиционалните јадења, како се приготвувале?

– Е види! Комат сме праеле к’де нас. Може да се напраит посен комат. Сме праеле за пости кога е, комат ќе се замесит само брашно со вода, посно и ќе се изт’лчит ореси – не мелени на машина, него ист’лчени ореси и  во оресите ќе се ист’лче една глајца лук. Е сега тоа ќе било во еден тањир наместено. Е, ова брашново се праеле кори. Посниот комат и ќе се штркат само со зејтин. Најзгора на кората, ко ќе с’испечет (т’нок комат, со неколку коричиња) и најзгора ќе се зоврие малу вода, оваа, вода, во коа вода имат провриено и зејтин и ќе се тури во луков. И тоа озгора го турале. Тоа е посен комат. За кога се постело.

Мрсен комат, ќе замесат исто тесто и јајца. Ќе развијат кори кој како е умешен. Може да има квасец, може коматот да биде само со сирење и со јајца. И тој комат се развијала кора, па ќе се посипет со мас, па ќе се посипет со јајца и со сирење и ќе се напраело, тоа го викаат, тие го викале како сарајлии. вртен комат. Некој го викат колпите, некој го викаат сарајлија, некој бурек. Таке го праеле тој комат. Па се праело (ја кажом во наша куќа што се праело), се праело комат, посен исто. Тој за Б’дник ко се праит – со париче, ама се праит друг комат, посен со малку квасец, па се испечоат, ама последната (кога се испечоат таке) и сеа згора се остават ушт’ една кора да имат, па купус кисел, па пржен убоо, па турен на тоа. И кората згора. И таков комат праевме. Па комат праеле со зеље. Исто, коматите можат да се прават, само да имале, жената да е некоја марифетна, со тој збор, да может да напраит тесто од едно кило и пол брашно, да напраи три коматчиња: едно со купус, едно со преж, едно со сирење; таке д’ ’и задоволит свите домашни. Тоа било.

Праеле и топтајњци, со пченкарно брашно.

– Како се прави тоа?

– Тоа со пченкарно брашно, со малку квасец ќе се замесит тесто, па се турат во тепсија, се турат и доста мас, повише се користело за пченкарното брашно пресна…

– Свинска маст?

-Не. Пресна маст. Кравја мас. И ќе се тури внатра. Па се пече тоа. Па се ситни, се ситни ситно, па опет се преливат со мас, тоа е многу убо. И со тоа,како со свите комати, кисело млеко. Некој сакал маќејњца; јогурт тога немало. Маќејњца и кисело млеко.

Али највише ја, како што сум сакала, тоа било што се праит на Стара нова година. Тоа се вика кашаник. Тој комат. Се замесоат едно тесто со пченкарно брашно, едно тесто со чисто брашно. Е сеа требело да имат два сача. Тепсијата се турат на пиростија (како праела мајка ми). На пиростија и се турат прво чистото брашно. Прво се мачкат тепсијата со мас. И ова се праит со пресна мас, да биде поубоо. Тоа што е со чиосто брашно, само со вода се меси; тоа што е со пченкарно брашно само со јајца и со млрко. Е, ке нам ќе турат со кутљача голема. Некој праеле и со гезве, имам видено. Стрина ми со гезве ќе тураше. Тепсија голема бакарна. Ќе ја намачкаат со мас па ќе турат една кутлача, колку да се покриет т’нка, како палачинкине што е т’нко, да се покриет. Па сачот го туриле. Другиот сач веќе е турен да се греет. Тоа не требе многу. за пет минута. Многу е и пет минута – да се зацрвенит. Ќим е ова готово, овја сач се трга, се тура пченкарна една кора. Со јајца. Се турат сачот што се греет. Дригиот веќе одит да се греет. Таке: ред тоа, ред тоа, ред тоа. И тоа ќе се напраит колку три прста, вака. Кашаник најзгоре опет со чиста мас ќе ’о попарат да светнет тоа и го сечат на калапчиња поголеми. И туе парче турат и за Старата нова година што викаме мие Василица. И во тоа. Тој бил за мене најубавиот комат. Дури ми текнало ко бев бремена со Томчета, значи пред четириесет години, пред четириесет и една (сега ќе праит Томче, на треќи октомбар четириесет и една година). Бев бремена и на мажот му викам, многу лошо поднесоав таа бременос и ми викат:

– А бе нешто да каснеше.

– Ах да ти кажам што-ми се јадет, одма ќе оздраам.

– Како мори ќе оздраеш?

-Таке, ќе оздраам, ако јадам као кашаник.

– Па кого да фаќам да ти напраит, викат. (Па имаше една позната, маж му работел со Станиша, овја Владо Никодиноски жена му. И пошол ке неа.)

-Што требет да ти донесам?

– Кашаник и друго ништо. Звезда е пружена, викат ништо не јадет…

Одма почнала да ’ праит. Па ја цела недела сум се бавела со тоа. Ништо друго. Само тоа. И ден-денеска кога е таја болна, ја ќодам да е видам, ќе му однесам локум, малу кафе и: Ова ти е за коматот што-ми-го-напраи тога, ко бев болна.

И такви јадења. А ти кажав за Божиќ се праело печено прасе. За Велигден едва се чекало да се заколе јагне. Печено, на-фурна, ’и носеа, кој под сач ќе го испече, од џигерчињата праат чорба. Па обавезно прат баклава, тоа да бидет софрата богата. А од црква првиот што ќе дојдет од црква, па тој не се пуштат! Има да седит туе на ручек, се славит. Софрата тој ден не се дигат.

(Ѕвезда Китановиќ, 1929)

Од книгата „Така се зборува во Гостивар“приредил Боге Димитриески, Скопје 2000.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top