Култура и туризам

godisna-izlozba-1

Традиционална годишна изложба на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје

Отворање на 05.06.2013 год.( среда) во 20:00 часот Галерија „Лазар Личеноски“ во училишната зграга. На овогодишната завршна изложба ќе бидат претставени најновите достигнувања на учениците во изминатата учебна година, акцентот ќе биде на овогодишните матуранти и нивните завршни дела. Од неодамна во училиштето се извршија суштински промени во наставната структура , покрај одделите Сликарски дизајн, […]

dojran8

Манастирски комплекс Партениј Зографски – Дојран

Дојран во последното десетлетие од XX век го привлекуваше вниманието на јавноста со проблемот на изумирањето на Дојранското езеро. Туристите сe` помалку беа присутни во сезоната. Посетителите – само минувачи на граничниот премин со соседна Грција – брзаа кон некоја друга дестинација. Ловот на риби со корморани, карактеристичен за традицијата на риболовот на ова мало […]

sv-nikola

Свети Никола – Летен

Големиот Мирликиски Чудотворец Во животот на нашиот човек значајно место има свети Никола, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со многу внимание го празнуваат неговиот ден. Иако повеќе се празнува денот на неговото упокојување 19/6 декември попознат како Свети Никола-зимен, сепак внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на […]

arhangel-mihail1

Манастир Свети Архангел Михаил – Берово

На оние коишто никогаш не биле во Берово нема да им биде лесно со помош на фотографиите да ја доловат убавината на ова место, особено богатството на природата во неговата околина. Столетни борови, ливади и пасишта, богатство од лековити билки и шумски плодови, изворишта и реки… Планинско сонце. Чист воздух. Еколошки здрава храна. Одличен шумски […]

bilazora

Во Свети Николе отворена изложбата „Билазора 2008-2012“

За постоењето на најголемиот пеонски град Билазора, кај локалитетот Градиште, во близина на село Кнежје се знаеше уште од пред 30-тина години, но до вистински археолошки ископувања дојде пред 5 години, кога тексашката фондација за археолошко и историско истражување се ангажираше локалитетот да биде детално истражен. – Кога во Пела не била престолнината ова било […]

staro-kavadarci

Легендата за тапаните во градот Тиквеш

Се раскажува и денес: името Тиквеш и Тиквешија не им е непознато на сите кои ги интересира историјата. Зад тоа име се крие една голема област во Централна Македонија пресечена од двете историски реки Вардар и Црна – и со чисто македонско население и Помаци – насилно потурчени пред 350 години. Тоа население живее во […]

gjomlezec

Народни рецепти за храна

Ѓомлезец То се прајт каша, исто како палачинки шо прајме. Ќе ’о замесиш, ќе му фрлиш малку масленце, тро солца, вода, кисела-вода, фрлат некој, ние порано не фрлафме, само со водичка и ќе фрлиш една тепција голема глобока, два прсти да е глобока, фрлај тесто, сачот да е џежок и така испечи се, подгори се […]

veljusa

Велјуса – манастир Воведение на Пресвета Богородица Елеуса

Највпечатливата средба со овој манастир е во мугрите. Ако сте тргнале од Струмица со автомобил, половина час пред изгрејсонце, по изминати десетина километри северозападно од градот веќе се искачувате по вијугавото патче над селото Велјуса, и ете… Застанувате пред манастирската порта. Околу вас рурална атмосфера на македонско село кое полека се буди. Лаеж на кучиња, […]

vodoca

Водоча – Манастир Св. Леонтиј

На излезот од селото Водоча, на само четири километри северозападно од Струмица, достоинствено се издигаат реставрираните куполи на црквата Свети Леонтиј, немо сведочејќи за велелепието на древното седиште на Струмичките митрополити. Уште повеличествена е глетката ноќе. Осветлен е целиот комплекс од различни агли. Во околната темнина случајниот намерник има чувство како манастирот да лебди, слегувајќи […]

bansko

Банско – манастир Св. 40 Севастиски маченици

По патот што скршнува од бањата Банско кон центарот на истоименото село, случајниот намерник не би можел ниту да претпостави дека оди во пресрет на неодамна устроениот машки манастир, којшто како и древниот сакрален локалитет на далечина од петнаесетина минути пешачење од манастирот, е посветен на Светите четириесет Севастиски маченици. Под падините на Беласица, во […]

hamzali15

Хамзали – манастир Светите Климент и Наум Охридски

Машкиот манастир на Светите Климент и Наум Охридски чудотворци во Хамзали почива во подножјето на планината Огражден, на далечина од Струмица 17 km. Почеток на неговото подигање е изградбата на манастирската црква во 2000 година. Посветена е на најчествуваните духовни светила на македонските простори, Светите Климент и Наум Охридски. На растојание на околу 500 m […]

crkva-vevcani

Предание за црквата Св. Спас во Вевчани

До селото Вевчани (Охридско) имат црква „Св. Спас“. Дошле Турци и испоганиле некое место во црквата; тога воеднош Св. Спас летнал и к’де шчо минал, останало местото бело како вар. Тој Св. Спас (од Вевчани) бил роднина на Св. Спас од с. Вишни (Охридско) и многу п’ти летале еден кон други како пламен. Кога го […]

To top