Култура и туризам

Од животот на Григор Прличев

grigor-prlicev

grigor-prlicevСпоред своето ветување почнав да ја препишувам филадата со трескава дејност (тоа препишување не малку ми помогна во јазикот). За своите часови немав никаква грижа. Си позволував дури и чести отсуства. Тогаш часовите беа толку суви, што отсуствата и не се сметаа за смртен грев.

Еднаш (през учителствувањето на Андроника Јосифчев, добар и дејателен учител охриѓанец) четворица ученици се согласивме да одиме в поле. Таму, во Далјанската Река, ловевме мали јагулчиња. За ручек си доаѓавме дома, а по ручек пак се собиравме на река. Што да правиме? Неумолива беше нуждата за разонода. А училиштето беше ни омрзнало. Играва продолжи четири-пет дена. После, некојси ја извести мајка и таа со горка потсмевка фати да ме бие по стопалата со драпаво дрво. Градот се огласи од моите викови. Но мајка во тепањето не покажа милост и после ми ги кладе нозете во густосолена вода, претходно приготвена. Таа беше се решила да ме излекува еднаш за секогаш од болеста на отсуствата, и успеа.

Долго време ја препишував филладата. Кога го свршив делото, го претставив Евтиму Балазу којшто ми го порача. Цели часови тој испитуваше дали преписот е точен. Не најде ниедна грешка. Он направи сметка (јас сметање не знаев) и ми рече дека треба да ми плати шеснаесет гроша. Но, он постапи великодушно: ми даде четири бешлаци, што ми се видоа како четири милиона. Кога врачив парите мајце си, очите и блеснаа: не поради значителноста на сумата, но од радоста што го видела првиот плод на мојот труд. Како што гледате, никој можеби не работел толку евтино како мене. Но имавме и други средства: мајка ведеше пилиња, а јас продавав јајца.

Еднаш Анастас Серезлија, доктор Грк, којшто насекаде со ентузијазам ги фалеше моите успеси, и секојпат бесплатно ме лекуваше, ме виде в чаршија каде седам на еден камен, изѕемнат од студ, и во скутот си држев десетина јајца за продавање, и ми рече по грчки:

– Стани!

Станав.

– Колку пари ги продаваш?

– По три пари.

Он ми ги плати по пет пари.

– Никогаш да не седиш на камен. Разбра ли?

– Разбрав.

– Дај клетва.

И се заколнав.

– Јас имам четири сина, но тебе те љубам повеќе. Не сакам да те лекувам пак, не што си го жалам трудот или лековите, но ти го жалам здравјето. (Илјада поклони пред сенката негова…)

Очигледно е дека животот не ни беше охолен. Но имавме и друго средство: през јунија и јулија проучек продавав црници. Се натпреваруваа светот кој понапред да купи. Многупати дури Турците не го оставаа христијанинот да купи. И така секогаш навреме се наоѓав на училиште.

Еден ден, ужасниот (3 јули 1840) мајка падна од црница. И денес кога не си го спомнам тоа приклучение, трескави морници сеќавам по плеќите, а по бедрата едно неописимо болежно чувство: како да ми се топи лојот. До Бога писнав кога ја видов мајка спрострена, полумртва.

-Нема ништо, – рече таа, си ја поисправи главата и го виде средниот прст на десницата шинат меѓу првата и втората фаланга (зглоб) и грозно искривен. Ако и да беше како пијана од паѓањето, таа зеде да го тегне шинатиот прст со сета сила, додека коските скрцнаа и се наместија во физиолошкото состојание.

– Сега немај гајле – рече таа.

Сосетките се притекоа, ја фатија под мишки, ја однесоа в куќи, и послаа и ги употребија сите средства што има беа под рака за да и олеснат на пациентката.

Никогаш во животот не сум бил толку тажен колку тој ден. Бев сеедно при нејзината постела. Очите ми беа сеедно во лицето нејзино приковани. Мајка ја сеќаваше мојата болка, можеби повеќе од својата и болежно се усмевнуваше.

– И тоа ќе мине, синко! Нашата муренка е благословена. Таа е нашиот ангел-чувар. Јас ја почитам за свето нешто. Мнозина паднале од неа но никој не се убил. Иван… и тој падна… билем (дури) од најголемата висина (и ми покажа една гранка од најголемото дрво), но ми го варди Господ, ништо не пати. Не гледаш ли колку жени идат катаден… и земаат од кората нејзина за лек против секаков пришт.

По неколку дена мајка оздраве и фати да работи како обично.

Од „Автобиографијата“ на Григор Прличев

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top