Култура и туризам

Баклавата како се правела?

baklava

(Ѕвезда Китановиќ, 1929)

baklava– Баклавата ка што е праеше мајка ми, таа си е месела со јајца. Знам за кило брашно четири јајца све ќе и насучат кори, па ќе и остаит малу да се потсушат.

-Тенки кори?

– Тенки, многу тенки. Најпосле таја со нишесте едно, сега го викаат како штиракон она. Сеа и праат, ама не знам како го викаат. Тоа се вика нишесте. Се турат за да не се лепат корите. И сеа ќе ’и наредеше корите, ако с’т доволно суи, ако има триесет кори, една на друга ќе ’и нареди десет. Па ќе турит доста ореси; мас не, ќе ти кажам, маста кога. Па доста ореси, па уште десет, па доста ореси… Таке, едно кило ореси да имат во една тепсија ол’каа. Еј, сеа, и другите десет кори и сеа мајсторски да се исече, да не бидат малецки…

-Коцки?

-Не коцки, баклава, затоа се викало и тоа му е останато, да изгледа ка баклава. И сеа ко ќе бидет тоа исечено, за тоа све требе кило путер и ќе ’о турат да се стопит, путерот, ко ќе почнет да вриет тоа, ќе го попарат. И ќе се надигнат све корите нагоре. Не меѓу ними, тоа, него најгоре. И после ќе се испечет тоа тивко. Од-сефте појако, после тивко. И тоа со сач или на фурна. И за тоа требало кило и пол шеќер, ќе се напраит после сируп за тоа, ко ќе се оладит таја, шербетот, тој вруќ ќе се попарит. Тоа навечер обично ќе ’о напраеле да утринта да бидет готоо. Таке е праела баклавата. И праеле, тоа го праат и за Велигден и за Божиќ. Плус за Божиќ била побогата софрата, зашто зимно време имало купус па праеле сарми. Па не само сарма да има во шерпата, него да има и кобасици и суво месо, изнаредено ред таке, ред таке. Да има за све. Па не праеле в шерпиче ка мие сега, ќе напраиме во шарпа од три кила. Тога се праело во шерпа од десет, дванаесет кила да имат за гости.

Вино обавезно било присутно на софрите, никако бело вино, црвено вино, ракија домашна, мие сме имале и лозје зашто.  Ракија домашна, вино домашно и најпосле сфе – кафе. За кафе сме имале специјални чашки за кафе. Мене и сега ми останало од тоа, оние викам, специјални чаши, ќе ти и покажам после. Специјални чаши-не шес, и викаме филџани. И ќе се послужат гостите најпосле. И после кафето никој не седит појќе од пет-шес минути. И затоа го викат сиктер-кафе.

Од книгата „Така се зборува во Гостивар“- Боге Димитриески, Скопје 2000.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top