Култура и туризам

Слава на извршителот Бог кој како Тројство го славиме

trojstvo

Од книгата, Скопје 1996.

trojstvoСлава на извршителот Бог кој како Тројство го славиме. Јас, смирениот и последен меѓу калуѓерите Виктор монах, на кого татковина му е гревот, а мајка – земјата ја напишав оваа Божествена книга наречена Законик во „Свети Ѓорѓи“ кај Езерото. Настојници беа протопоп кир Божидар и неговиот брат кир (…). Вечна им памет!

Притоа, се молам на секој кој ќе чита или препишува, да поправа, ако нешто е погрешно (бидејќи никој не е безгрешен освен Бог). И меѓу човеците никој не е совршен; само создателот на човеците единствено е совршен…

Се пишуваше во Струга во 1590 година, сончев круг – 14, лунен – 11, темели (…) на Охридскиот престол кој (…) се нарекува Блаженејши архиепископ на Прва Јустинијана, наше Блажество да ги има секогаш под себе епископиите на епархиите Дакија то ест Угривлахија, Медитеранија то ест Унгарската земја и Дахронија то ест Српската земја до Западното море (…) и Превалија то ест од Дунав до Солун што се вика Македонија и Дарданија и Долна Мизија то ест од Охрид дури до Авлона и Коринт.

Струшки номоканон на монах Виктор, 1590 година.

*

Се напипша ова свето евангелие во манастир Карпино, во храмот „Воведение на Пресветата Богородица“ во 1592 година… За ова се потруди и плати проегуменот кир Јоаникие еромонах. Вечна му памјат, амин.

Евангелие од Карпински манастир.

*

Оваа книга наречена  Учително евангелие, е пишувана во 1593 година. Книгава е пишувана во  времето на егуменот кир Максим од еромонахот Матеј, на кого татковина му е гревот, а мајка – земјата. Отци свети, ако нешто сум погрешил, заради Бога исправете го.

Учително евангелие, 1593 година.

*

Во 1598 година. И беше во тие времиња скрб и тага помеѓу народот, како што Христос вели во Евангелието. И тогаш тргнаа Турците со огромно множество муслимански воини:

Татари, Перси, Черкези, Скити, така што не е возможно да се преброи тогаш насобраната војска, која тргна од источните земји против Унгарците; и презедоа таму неколку градови, и ја опленија и поробија унгарската земја. И тогаш оттаму се вратија и презимуваа во српската земја, и тогаш ѓаволот, не можејќи да го трпи спокојството среде христијанскиот род, ги дигна безбожните и лути Татари. Олеле, каква скрб ја најде тогаш таа земја. Накратко ќе ви кажам:  села и градови палеа и многу цркви запустија и свети икони искрадоа и светите места осквернија и ископаа. Тогаш, во лутата зима многумина ги соблекуваа голи на земјата и ги тепаа, други пак, врзани голи за коњски опашки ги влечеа, едни беа сосечени, а други – стрелани. И немаше место во кое да не лежеа мртовци, по брда, долини, градини, полиња, се беше тогаш исполнето со мртви тела. Други пак во туѓа земја беа одведени и еден од друг разделувани. Тогаш настана голем плач и липање. Пријател од пријател разделува, брат од брат син од татко и мајка од син. И се слушаше голем плач и липање: Уви! Горко нам, велеа, подобро ќе беше сите во еден гроб да влеземе отколку во туѓа земја да бидеме одведени. Така, луто липаа и еден друг се оплакува. И наполно се запусти оваа земја. Ако по ред кажувам за она што видов и за она што чув ќе поминат 40 години (?) во кажување, затоа накратко раскажав…

Ракопис од манастирот „Св. Павле“ во Света Гора.

*

Во 1598 година, месец мај, 28 ден на архиепископот Охридски кир Варлаам Турци му отсекоа главата во град Велес и создадоа вечна мака. Вечна му памет!

Пролог од Охрид, 14 век.

*

Во 1600 година, 23 мај, од раката на многугрешниот тах монах Спиридон се напишаа оваа свата книга наречена Минеј во името на светиот архиереј и чудотворец Никола во манастир Градиште, при митрополитот на Пелагонија и Прилеп кир Стефан.

Минеј на монах Спиридон.

*

Село Прибилци. Никола Новачков приложи една нива на манастирот за свој спомен. Ако се откаже од тоа некој роднина, или син, или внук, проклет да е и да му е соперник свети Јоан. Во 1610 година.

Слепченски поменик.

*

Оваа книга пентрикостар ја купи презвитер Стојко во 1615 година, за 304 аспри и за страна жито. Месец септември, 14 ден.

Цветен триод од Лесновскиот манастир.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top