Култура и туризам

Охридската Архиепископија силно поврзана со култот на Свети Ахил

Achillius

Охридската Архиепископија силно поврзана со култот на Свети Ахил

AchilliusЦарот Самоил сакал во својата црква да има мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Поради тоа од Лариса на островот во Преспанското Езеро ги пренесол моштите на Св. Ахил Лариски.

Во преспанскиот крај, но и во други краишта на Македонија се` уште е жив споменот и култот на свети Ахил епископ Лариски. Тој култ особено бил раширен по пренесувањето на моштите на светецот од страна на царот Самуил во неговата престолнина на островот во Преспанското Езеро тој поради името на светителот подоцна го добил името Свети Ахил односно Аил. Истражувачите на оваа проблематика истакнуваат дека „по пренесувањето на моштите на Ахил Лариски од страна на царот Самоил во неговата преспанска престолнина, било создадено секундарно, но мошне силно жариште на неговиот култ во Македонија“.

Преподобен Ахил бил роден во Кападокија од чесни родители кои уште од детството го воспитувале во христијански дух. Ја изучувал Филозофијата, а длабоко проникнал и во внатрешната духовна филозофија. Поради неговите човечки вредности бил поставен за епископ Лариски, и во тоа својство учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, на кој со своето знаење но и со својата принципиелност и со својата светост ги засрамил еретиците и придонесол за победа на вистинските христијански принципи.

Неговото житие сведочи дека на овој, за христијанството важен собир свети Ахил зел камен и на еретиците Ариевци им се обратил со зборовите: „Ако Христос е создаден од Бога, како што велите вие од овој камен нека потече елеј“! На тоа еретиците молчеле и се чуделе. Тогаш светителот рекол: „А ако е син Божји, еднаков на Таткото, како што веруваме, нека потече елеј од овој камен“. И навистина од каменот протекол елеј, на изненадување на сите присутни. Кога се вратил од Никеја Св. Ахил ги урнал сите храмови на идолите и изградил многу цркви. Направил и многу чуда. Умрел како епископ Лариски околу 330 година.

Според тогашните традиции, кога сите стари афтокефални цркви своето потекло го врзувале за некоја од истакнатите личности на христијанскиот живот, апостол, учесник на вселенски собири, истакнат светител итн., и царот Самоил сакал во својата црква да има мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Иако на овој простор од Македонија веќе ги имал моштите на светите Климент и Наум Охридски-чудотворци. Во тоа време нивниот култ немал такви димензии како подоцна, поради што царот Самоил се определил за моштите на свети Ахил, кој важел за заштитник на Лариса, но и на цела Тесалија кој како учесник на Првиот вселенски собир, но и како современик на славниот цар Константин имал пошироко раширен култ. Според историските сведоштва царот Самоил ја освоил Лариса во 985 или 986 година. Со пренесувањето на моштите на светецот од Лариса на островот во Преспанското Еезеро и со изградбата на голема црква што имала улога на соборна црква (меѓу народот останала позната како „Голема црква”) и што го носела неговото име, исто така изградена од царот Самоил, неговиот култ се проширил не само во Преспанско, туку и во Костурско и во други краишта на Македонија.

Празникот на Св. Ахил се празнува на 15 мај (с.с.) и овој ден имал важна улога во животот на Охридската архиепископија. Иако седиштето на црквата се наоѓало во Охрид, нејзиниот синод често заседавал во црквата Св. Ахилеј на истоимениот остров и тоа во мај (во пролет), водејќи сметка синодските седници да завршат до 15 мај – празникот на Св. Ахилеј.

Пред да бидат пренесени моштите на Св. Ахил на островот, тој се викал Преспа, подоцна го добил името на светителот, а на островот имало и село што го носело името Ахил (Аил). По победата на византиската војска над Самоуловата и по распаѓањето на Самооиловото царство, Василиј Втори на островот му ставил име Костанција, но тоа не можело да се зацврсти пред силниот култ на Св. Ахил, така што островот пак си го задржал името на светителот.

Дека култот на свети Ахил бил силен во овој дел на Македонија зборува и присуството на неговиот лик во повеќе цркви. Така на пример, тој има значајно место во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново, во костурската црква „Св. Врачи“, во црквата „Св. Никола“ – манастир во Мариово, во црквата „Св. Никола“ во с. Псача, во црквата во Старо Нагоричане, во „Св. Никола Болнички” во црквата на манастирот на Св. Наум и други цркви во Охрид како и на други места во Македонија, но и во Србија, Грција и пошироко, што зборува за неговиот необично широко распространет култ.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top