Култура и туризам

Празник на светите Вартоломеј и Варнава (Вртолум)

vartolomej-i-varnava

vartolomej-i-varnavaДен кога се врти Сонцето

Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу  празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу,  но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Еременија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни,  заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха.  Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со Апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое што за време на животот го препишал на рака.

Меѓутоа кај нашиот народ овој ден е поврзан со верувањата за вртењето на времето од лето кон зима и со вртењето на сонцето. Така дошло и до адаптирање на името Вртолом. Како што запишал Ефтим Спространов во Охридско свети Вартоломеј бил познат како Вртолум и од тој ден сонцето се свртвело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, и и тие, исто така, многу жалеле зашто се завртувало кон зима.

Во Радовиш како што запишала Зорка Делиниколова овој ден се сметал за тежок празник зашто од тој ден сонцето се завртувало кон зима. Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, како ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната, потоа на другата страна. Овде според овој ден и овчарите прогнозирале какво ќе биди времето. Го набљудувале 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. На поискусните овчари не само сонцето туку и некои други знаци им помагале во прогнозирањето на времето. Така на пр. тие внимавале и на ветерот, од каде дува и со која силина, колку на небото има облаци, со која боја се и кон каде се движат, дали сонцето пече посилно или послабо и сл. и сето тоа го бележеле на своите овчарски стапови. Потоа, по овие знаци претскажувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.

Во Гевгелиско, според записите на Стефан Тановиќ,  на овој ден не се работело поради оган и град. Се велело дека сонцето се завртувало кон југ, дека до тој ден се приближувало кон земјата, а од тој ден се оддалечувало, дека дотогаш денот наголемувал, а одтогаш намалувал и тн. Поради тоа по Св. Вартоломеј ништо не се сеело зашто немало да никне. И во Кумановско, по Вртолум не саделе лук. кромид, зелка и др. зашто не ќе врзеле глави, немало време да зреат, зашто времето се вртело кон зима.

Кузман Шапкарев запишал дека на Вртолом не се работело зашто се вртеле небото и сонцето, па можело да има виулици. Шапкарев забележал едно предание во кое се раскажува дека еднаш на овој ден некој чифликсајбија ги терал своите момоци да ораат, „а тие  пак, бидејќи не сакале му одговориле: ‘Аго, денеска не се ора, денеска е Вртолом!’ Турчинот бидејќи не се грижел многу за каурскиот празник, насилно ги принудил момоците да ораат велејќи им презриво: ‘Ајде орајте вие, в’рт’р, т’рт’р не знам јас’. Селаните се разбира не можеле веќе да се спротивставуваат на агата и, сакале не сакале, ги впрегнале воловите и почнале да ораат. Но, о чудо! Веднаш по заорувањето се случило да завее толку силен ветар и завеале такви силни виулици, та не останале ниту орачи, ниту волови, ниту плуг, – се вртел плугот со се волови во круг и удирале од земјата… Од тогаш Турчинот не само што не ги принудувал момоците да ораат на Вртолом, туку уште пред еден месец прашувал: ‘Кога е бре, синко, тој врти удри?’ За да не се случи да ораат  по погрешка, та  да настрадаат сите”.

Во Дебарца (Охридско) на Вртолом голем собир се правел во месноста Сливовски Анови каде што се собирал народ не само од Дебарца, туку и од Копачијата, од Кичевско, Дебарско, Струшко и други места.

Очигледно една природна појава што имала значење во животот  на нашиот човек била причина за мешање на некои христијански елементи со  постари слоеви на народната култура.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top