Култура и туризам

Христовиот Покров – Плаштаница и крвавите рани на Христовото Тело

Во Црквата на Светата рамноапостолна царица Елена, во Ерусалим,  се наоѓа Капелата на крунисување со Трновиот венец. Таа н# потсетува на исмејувањето и на страдањето на Христос, со ставањето на Трновиот венец на Неговата глава, кој го сплетоа војниците од трње.

Во Црквата “Гробот на Господ Исус Христос”, лево од Плочата на миропомазание, постои еден мал камен заштитен со висока решеткаста ограда од ковано железо. Овој камен го означува местото каде што стоеле Пресвета Богородица и “Жените Мироносици” за време на помазувањето на Телото Христово.

Да ги слушнеме зборовите на светиот евангелист Матеј за поставувањето на Телото Христово во Плаштаницата, која постои и сведочи за Христовите рани низ сите векови, за злосторството што Му го направи човекот на Бог, – на Спасителот на светот Господ Исус Христос, кој дојде на земјата да го спаси светот.

“А од шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час; а околу деветтиот час извика Исус со висок глас и рече: “Или! Или! Лама савахтани?” А тоа значи: “Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?”… А Исус, откако повторно извика со висок глас, го испушти духот… А кога се стемни дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исуса; тој отиде при Пилата и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да го предадат телото. А Јосиф, штом го зеде телото, Го обви во чиста плаштаница, и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде.” (Матеј 27, 45-46, 50, 57-60).

Христовиот Покров – Плаштаница.

Во Торино, Италија, се наоѓа Катедралата на Св. Јован Крстител со Капелата на Христовиот Покров – ремек дело на познатиот италијански архитект Гвариниј, која во 1694 година специјално ја изградил за Покровот.

Капелата на Христовиот Покров се наоѓа под велелепната купола на Катедралата.

Христовиот Покров се чува во реликвијар: дрвен сандак окован во сребро, високо над олтарот, зад седум катанци. Тој многу ретко се изложува. Во 1931 и 1937 година бил изнесен само заради снимање и испитување од страна на научниците на италијанската телевизија. Покровот бил изнесен и во 1933 година, заради 1900 годишнина од Христовата смрт и Воскресението.

Во оваа Базилика јавно бил изложен Христовиот Покров – Плаштаницата, за поклонение, од 27 август до 8 октомври 1978 година и тоа во чест на 400-годишнината од чувањето на овој Покров во Торино. Поради тоа, Базиликата била отворена 43 дена, од 7.00 до 20.00 часот. Тогаш на Христовиот Покров се поклониле преку три милиони христијани од разни краеви на светот. Во пространата Базилика каде што биле верниците стотини калуѓерки ја пееле специјалната песна “Санта Синдоне”, што значи Светиот Покров. Спрема олтарот на куполата високото свештенство ја служело богослужбата, а потоа било организирано групно разгледување на Христовиот Покров. Тој е во средината на олтарот издигнат околу четири метри високо на постоље, во специјално украсена рамка во позлатен дуборез. Поставен е хоризонтално по должина и во вертикална положба, а поради подобро разгледување дискретно е осветлен со рефлектори. Покровот е долг 4 метри и 36 сантиметри, а широк 1 метар и 10 сантиметри. Тој е заштитен со непробојно стакло во рамка.

Разгледувајќи го овој Покров, со око јасно се забележува отисок од Христовото тело од предната страна  на левата половина на Покровот и од задната страна на десната половина, што ја објаснува положбата на Христовото тело кое со левата половина на Покровот е поклопено преку главата, градите и нозете и завиткано со повој. Рацете биле прекрстени на стомакот, обликот на лицето е еврејски; косата била разделена на средината по Назаретски (еврејски) обичај и очите биле затворени.

На Христовиот Покров се гледаат жолто-‘рѓави дамки од избледената Христова крв на зглобот пред дланката на десната рака, стопалата, челото, во пределот на петтото и шестото ребро од десната страна и на грбот. Овие дамки ги оцртуваат местата каде што биле крвавите рани на Христовото тело, според Светото Евангелие за Христовото мачење.

Научна документација за автентичноста на Христовиот Покров: Многу научници од разни области се занимавале со испитување на автентичноста на Христовиот Покров.

Во 1898 година италијанскиот правник Секондо Пиа го снимил Христовиот Покров и добил на фотографска плоча во детали јасен лик и отисок на Христос. Покровот бил црн (така и требало да биде на негативот на плочата), но ликот и отисокот на телото биле во позитив. Тоа значи, дека отисокот на телото и на лицето на Покровот се во негатив, па според тоа, телото Христово било обвиткано со него.

Џузепе Енри, во 1931 година, повторно го сликал Христовиот Покров и го добил истиот резултат. Снимките предизвикале голема сензација, па оттогаш научниците сестрано го испитувале Христовиот Покров.

Ангелина Маркус

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top