Култура и туризам

Христос Воскресна

Почнуваат Велигденските празнувања

Православните христијани в недела го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победатата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвитe. Велики четврток во 9 часот ќе се одржи литургија на свети Василиј Велики. Архиепископот Охридски и Македонија г.г.Стефан ќе богослужи во храмот „Св.вмч. Димитриј“. […]

Свети Великомаченик Теодор Тирон

Свети Великомаченик Теодор Тирон -Тодорова сабота

Светиот Великомаченик Теодор Тирон живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик Теодор.Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва поради што бил затворен и мачен.Но […]

Закројување на лозје

Денес е Прочка-Велики поклади и Светиот маченик Трифун, во име на љубовта со чаша вино

Западната и источната христијанска црква денеска ги слават своите светци. Православните – Свети Трифун, заштитникот на полињата, посевите и лозјата, додека католиците – Свети Валентин, заштитникот на вљубените. И двајцата светци живееле во третиот век, и двајцата се погубени затоа што не сакале да се одречат од христијанството. Во текот на историјата, на судбината на […]

Меѓународен карневал Прочка во Прилеп

Неколку илјади граѓани и гости го следат меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп

Меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп што почна синоќа со дефиле на преку 1.000 домашни и странски учесници со над 200 маски, го следат неколку илјади граѓани и гости.На дефилето има традиционални, еколошки маски за заштита на планетата, заразени од интернетот, последици од кризата и маски на многу актуелни теми. Печат на карневалот оставаат мечкарите, маска […]

Свети Атанасиј Велики

Свети Атанасиј Велики

Голем борец за вистинското православие (Именден празнуваат: Атанас, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…) Нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден – летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во […]

Богојавление Водиви во Зубовце

Обичаи за Водици во Зубовце под Шара

Во Јордање крештајусја Тебја Господи, Троическое јависја Поклонение.Родителе со глас Свидетелство ваше тебје, Возљубљенога тја сина Именуја.И дух видје голубиње Известуваше словесе Утврждение.Јављенсја Христе Боже И мир просвеиште Слава тебја… Со оваа песна се буди Зубовце и Зубовчани на ден Водици. Традиција создавана со генерации и прифатена од генерации. Овој ден е познат во с.Зубовце […]

Богојавление Водици

Обичаи и верувања од Бадник до Водици

Ако го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се оди, оти било за неарно. Навечер не бидуало да шијат терзиите, нито жените бидуало да предат и друга работа да работат од Божик до Водици, чунки не била крстена водата и леунка била Богородица. Од […]

Стара Нова Година - Василица

(Стара) Нова година, Обрезание Христово, Свети Василиј Велики

Честит Именден на сите кои празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веска, Нове, Новка… На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било […]

presveta-bogorodica

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

Црквата утврдила веднаш после  големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество  Христово, се слави  Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица […]

Христовото раѓање - Божиќ

Oбичаи за Бадник и Божик кај македонскиот народ

Бадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и коледарчињата се најавува Рождеството Христово – Божиќ. Божиќ е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Евангелието […]

Божиќ

Календарите и прославувањето на Божиќ

Иако се правени  обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата  на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божиќ во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 јануари. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 […]

Свети Никола

Свети Николај Архиепископ Мирликијски, 19/6 XII

Заштитник на патниците и на морепловците Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по […]

To top