Македонски легенди

1

Арсо Пандурски

Арсо Пандурски Арсо Пандурски – Кочо (11. VII 1912 – 29. I 1944) е македонски револуционер, припадник на националноослободителното и комунистичкото движење во Пиринскиот дел на Македонија. Соработувал со Никола Вапцаров и со членовите на Македонскиот литературен кружок. Бил член на Окружниот комитет, заменик на Никола Парапунов по воена линија (1941– 1944) и бил командант […]

Милан Стоилов

Милан Стоилов Милан Стоилов (14. I 1881 – 6. IX 1903) е македонски револуционер, член-основач на ТМОК (1900–1903) и член-основач и секретар на МНЛД во Санкт Петербург (1902–1903). По објавувањето на Илинденското востание, заедно со неколцина други членови, заминува во Македонија и загинува како востаник во борба со Турците кај кочанското село Витоша. Милан Трајков […]

Ѓоре Ценев

Ѓоре Ценев Ѓоре Ценев (31. I 1955 – 25. IX 2018) е македонски физичар, астроном и публицист. Тој бил долгогодишен раководител на единствениот Планетариум во РМ во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје (1980) и раководител на истражувачките проекти „Астрономија на македонскиот народ“ (1982), „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите локалитети во […]

Петар Новаковиќ – Чардаклија

Петар Новаковиќ – Чардаклија Петар Новаковиќ – Чардаклија (? – 1808) е македонски доброволец,  командир на чета во српските доброволечките одреди (фрајкори) во Австриско-турската војна во 1788  – 1791 г. Учествувал во Првото српско востание и бил доверлива личност и личен пријател на Караѓорѓе Петровиќ. Во дипломатска мисија патувал во Санкт-Петербург и бил член на […]

Ванчо Петрушевски

Ванчо Петрушевски Иван (Ванчо) Петрушевски (19. IV 1951 – 25. VIII 2018) е македонски актер. Доајенот на македонската актерска сцена својата кариера ја помина во Драмскиот театар, каде работи од 1975 до пензионирањето во 2017 година. Оставил безброј актерски остварувања. Познат уште како Рамче, тој беше уметник со посебен шарм и склоност кон комедијата. Присутен […]

Горан Стефановски

Горан Стефановски Горан Стефановски (27. IV 1952 – 27. XI 2018) е македонски драмски автор, универзитетски професор и академик. Претставник е на модерната македонска драматургија и еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто. Автор е на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми. Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години […]

images

Љупка Џундева

Љупка Џундева Љупка Арсова Џундева (11. VII 1934 – 7. XII 2018) е македонска драмска и филмска актерка. Завршила Државна театарска школа и станала член на Драмата на МНТ од 1951 година, каде што останала се до пензионирањето во 1990 година. Таа припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа […]

Љубиша Георгиевски

Љубиша  Георгиевски Љубиша  Георгиевски (Битола, 30. V 1937 – 6. XII 2018 ) е македонски театарски и филмски режисер, сценарист, драмски автор, есеист, теоретичар, универзитетски професор по режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Тој е еден од најзначајните македонски режисери, кој режирал театарски претстави во сите републики на поранешна […]

Иван Катарџиев

Иван Катарџиев  Иван Катарџиев (6. I 1926 – 1. XII 2018) е македонски историчар и политичар. Тој е еден основоположниците на македонската историска наука и еден од највидните македонски историчари. Имал посебен интерес за минатото на македонскиот народ во XIX и XX век, како и за историјата на национално-ослободително движење и борбата за слобода и […]

images

Блаже Ристевски

Блаже Ристевски Блаже Петров Ристевски (21. III 1931 – 28. XI 2018) е македонски славист, филолог, историограф, фолклорист и литературен историчар, член на МАНУ од 1988 година. По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, бил избран за прв потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија (1991-1992). Тој е уредник на првата „Македонска енциклопедија“ во […]

APanov

Антон Панов

Антон Панов (13. IV 1906 – 28. VIII 1968) е македонски драмски писател, поет, раскажувач. Тој е еден од најзначајните македонски драмски писатели меѓу двете светски војни. Највисок дострел доживеал со изведбата на драмата Печалбари во 1936 година, која, покрај во Скопското народно позориште, била изведена во Белград и во други градови. Антон Панов е […]

1

Таки Даскало

Таки Даскало Димитар Николовски (17. XI 1921 – 3. V 1942) е македонски политички деец и првоборец. По капитулацијата на Југославија се вклучил во Националноослободителното движење предводено од македонските комунисти. Познат како Таки Даскало, тој бил еден од организаторите на Илинденските демонстраци во Битола во 1941 година. Во април 1942 година учествувал во формирањето на […]

To top