Македонски легенди

Hristo Traykov

Христо Трајков

Христо Трајков (26. XII 1897 — 24. I 1933) бил македонски револуционер и политички деец. Бил член на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП). Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други Поради македонските идеи, Трајков бил извесно време интерниран во селото Варбица, Преславско. Во Народното собрание на Бугарија […]

Prva makedonska egejska brigada 1944

Наум Пејов

Наум Пејов (13. XI 1919 – 21. V 2003) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење. Тој бил член на КПГ (1938) и непосреден учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“ и заменик-политички комесар на Првата егејска бригада. Пејов бил противник на политиката на КПГ во однос на македонското национално […]

Kryste Traykov Resensko IMARO portrait

Крсте Трајков

Крсте Трајков (1865 – 7. I 1942) е македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Прво дејствувал како четник, а потоа како околиски војвода во Преспа. Познат и како Крсто Ресенски, учествувал во Илинденското востание 1903 година, во балканските војни 1912 и 1913 година. Во 1923 година заминува во САД, каде што учествува […]

Istorija

Димитар Антонов

Димитар Антонов (1889 – 28. XII 1948) е македонски и советски револуционер, дипломат. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Заминува во Русија за дообразование и се дружи со членовите на Македонската колонија во Петроград. Познат под псевдонимот Михаил, М. А. Пирин, тој учествува во Октомвриската револуција во заземањето на зимскиот царски дворец. Пред Втората светска војна […]

Magdalena Antova

Магдалена Антова

Магдалена Антова (20. VI 1920 – 14. X 1941) е македонска партизанка, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). По фашистичката окупација на Кралството Југославија во 1941 година, таа заедно со својот брат успеала да ослободи неколку заробени југословенски војници, а прибрала и поголемо количество оружје за МК на КПЈ. Била борец на Карадачкиот партизански одред и […]

Nikola Altapamarkov IMARO

Никола Алтипармаков

Никола Вељанов Алтипармаков (1873 – 1953) е македонски револуционер, член на Битолскиот окружен комитет на Македонската револуционерна организација. Како организатор и позадинец, Никола зема активно учество во ослободувањето на Македонија. Никола Алтипармаков е роден во 1873 година во битолското село Доленци, во револуционерното семејство на Вељан и Трена Алтипармакови. Неговите браќа Христо и Илија, исто […]

Tashko Arsov

Ташко Арсов

Ташко Арсов (1882 – 1950) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, крушевски и демирхисарски војвода на Македонската револуционерна организација (МРО), Илинденец. Член на МРО од 1900 година, а од 1901 година бил во четата на Никола Русински и во други чети. Прво бил избран за крушевски (1905), а потоа и за демирхисарски војвода […]

boris-arsov

Борис Арсов

Борис Арсов (1906 – 1954) е македонски социолог, универзитетски професор и член на АСНОМ. Студирал во Франција и се стекнал со две дипломи: по право и филозофија, Во 1936 година на Сорбона во Париз ја одбранил докторската теза: „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Во периодот 1937 и 1938 година, со група […]

Grigor Totev IMARO Sehovo

Григор Тотев

Григор Тотев (10. V 1868 – 11. VI 1934) е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Григор Тотето, тој беше еден од четворицата најдоверливи соработници на Даме Груев, преку кои се организираа тајни состаноци и се испраќаше и примаше тајната пошта на Организацијата. Поради серизноста на болеста, тој се префрла во […]

Lazar Madzharov

Лазар Маџаров

Лазар Маџаров (1872 – 10. XI. 1907) е македонски револуционер, припадник на македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, втор по важност во Одринскиот револуционерен округ по Михаил Герџиков. Познат под псевдонимот Босилков, од 1899 година бил нелегален организатор и војвода во Лозенградско. Во 1904 година бил еден од членовите на Задграничното […]

ЛазоТрповски – Црниот

ЛазоТрповски – Црниот Лазо Трповски (1900 – 11. IV 1943) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија и член на КПГ. Познат како Црниот, во 1928 година емигрирал во Канада и се активирал во организираното македонско иселеништво, а по протерувањето емигрирал во СССР. Во 1935 година се вратил во […]

skorna

Тодора Анастасова – Скорна

Тодора Анастасова (1922 – 1948) е македонски комунистички деец, припадник на македонското национално – ослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија, учесник во антифашистичката борба и Граѓанската војна во Грција. Во текот на девете години војна во Грција (1940 – 1949), Тодора позната под псевдонимот Скорна, беше една од најистакнатите Македонки кој го […]

To top