Македонски легенди

Христо Трајков

Hristo Traykov

Hristo Traykov

Христо Трајков (26. XII 1897 — 24. I 1933) бил македонски револуционер и политички деец. Бил член на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП). Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други Поради македонските идеи, Трајков бил извесно време интерниран во селото Варбица, Преславско. Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за правта на Македонците во Бугарија.

Христо Трајков е роден на 26 декември 1897 година во градот Кукуш, во семејството на коларот Трајко Христов и Елена Чулева. Во 1913 година завршил основно образование во католичкото училиште во родниот Кукуш.

По Втората балканска војна, семејството на Христо Трајков емигрирало со брод од Солун во Ѓумуриџина, тогаш во Бугарија, каде живеел неговиот постар брат Стојчо. Потоа се преселиле во градот Струмица, кој бил окупиран од Бугарите. Во 1915 година починал татко му, а сиромаштијата го натерала Христо повторно да се врати во Ѓумуриџина, каде работел како поштенски службеник. Но поради читање на забранети книги и дружење со „неблагонадежни момчиња“ бил отпуштен.

По завршувањето на Првата светска војна, во 1918 година, Христо Трајков се преселил во Крџали, каде работел како собирач на данок пет години.  Во 1922 година, тој се населил во Софија, каде работел како чевлар и станал член на здружението на кожаро-чевларските работници. По септемвриските настани во 1923 година, тој помогнал повторно да се започне синдикалното движење и да се изградат Независните работнички професионални сојузи.

Христо Трајков во бугарската престолнина се поврзал со македонските емигранти од Кукуш и станал член на ВМРО (Обединета). Работел во Кукушкото братство и соработувал со Бугарската работничка партија – комунисти и станал член на нејзиниот Градски комитет. Бил член на ЦК на ВМРО (Обединета) и на Општиот емигрантски комитет. Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други.

Во 1931 – 1933 година, Христо Трајков бил народен пратеник. Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за правата на Македонците во Бугарија. Како народен пратеник од БКП во 1932 година поднел приговор по повод киднапирањето прогресивните Македонци – браќата Михаил и Борис Сматракалеви. По овој повод ќе истакне:

„Во Пиринска Македонија во името на ослободението и независноста на Македонија, се затнува устата на Македонците – за да молчат и да не расудуваат. Ние прашуваме: како тие коишто го прават сето тоа во името на правата и слободата на македонскиот народ, поробен под српска и грчка власт, имаат морално право да водат борба против српската и грчката тиранија во нашата поробена Македонија?!…  …Да не се заборави, македонското население во Петричката околија, вака или онака, претставува потиснато национално малцинство, зашто за нас Македонците, Македонија e разделена на три и е поробена во трите дела.“

Христо бил тежок противник на михајловистите, поради што му била изречена смртна пресуда. На конгресот на ВМРО во 1932 година во Софија тој успеал да влезе инкогнито и да се искаже обвинувајќи ги михајловистите дека соработуваат со дворецот и реакционерните влади.

Поради ваквите активности, истата година како пратеник полицијата го интернирала во село Врбица, Преславско. По барање на обвинителството му бил одемен пратеничкиот имунитет, бидејќи против него бил подготвен обвинителен акт за противодржавна агитација и пропаганда, која ја водел како одговорен уредник на весникот “Работничка дело”..

Подоцна Трајков бил фрлен во затвор како одговорен редактор на весникот „Работническо дело“. Таму, неговите противници се обиделе да го убијат, но неговите другари успеале да го разоткријат заговорот и да го спасат.

Сепак, Христо Трајков бил убиен од михајловистите на 24 јануари 1933 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top