Македонски легенди

Борис Арсов

boris-arsov

boris-arsovБорис Арсов (1906 – 1954) е македонски социолог, универзитетски професор и член на АСНОМ. Студирал во Франција и се стекнал со две дипломи: по право и филозофија, Во 1936 година на Сорбона во Париз ја одбранил докторската теза: „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Во периодот 1937 и 1938 година, со група интелектуалци го издавал списанието „Луч“ во Скопје и бил негов уредник. Се вклучил во НОБ од самиот нејзин почеток. Во ноември 1944 година станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а во јануари 1945 бил наменуван за помошник-повереник за судството во Македонија.

Борис Арсов е роден во 1906 година во Крива Паланка. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Куманово. Во текот на 1926 година заминал на студии на Универзитетот во Монпелје, Франција, каде што студирал право и филозофија. Тој се стекнал две дипломи, за завршен правен факултет и за филозофија.

Во 1936 година, на Сорбона во Париз, Борис Арсов ја одбранил докторската теза „Економскиот живот во Македонија во XIX век“ или на француски „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Неговиот труд се темели на бројни документи, ракописи и теренски истражувања и го опфаќа економскиот живот на Македонија во рамките на Отоманската империја, пред поделбата на земјата. Оцој труд на Арсов бил објавен од МАНУ во 2000 година.

По стекнувањето со докторска титула, Борис Арсов се вратил во Македонија. Во Скопје тој се поврзал со прврзаниците на автономна Македонија и во периодот 1937 и 1938 година со група интелектуалци го издавал месечното списание за култура, економија и социјални прашања „Луч“ и бил негов уредник. Пишувајќи на овие теми, Б. Арсов станал првиот македонски автор кој што пишувал социолошки трудови во 30-тите години од минатиот век.

Во строго доверливиот извештај од 12 ноември 1937 година, кој од Скопје го испраќа до Началникот на одделението за средношколска настава при министерството за просвета во Белград. началникот на просветното одделение на Вардарска Бановина Љуб. М. Алексиќ, за луѓето кои го издавале списанието „Луч“ меѓудругото ќе напише:

„Управата на полицијата во Скопје обрнала внимание и установила дека Ѓорѓи Киселинов како бивш бугарски воспитаник собрал околу себе група на изразити приврзаници на автономна Македонија и со нив почнал да го издава списанието „Луч“, со цел да се подига и поддржува автономистичкиот дух кај овдешното население, и дека средствата за издавањето и издржувањето на овој лист ги осигурил по пат на прилози од граѓаните, исто така приврзаници на автономна Македонија.“

Во текот на Втората светска војна, Борис Арсов се вклучил во Народноослободителната борба од самиот нејзин почеток. На почетокот на септември 1944 година Президиумот на АСНОМ го кооптира Арсов за член на АСНОМ. Во ноември 1944 година, тој станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а  во јануари 1945 година бил наменуван е за помошник-повереник за судството во Македонија.

Во 1953 година бил избран за професор на Правно-економскиот факултет во Скопје. Во наредната 1954 година, Борис Арсов починал во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top