Македонски легенди

Григор Тотев

Grigor Totev IMARO Sehovo

Grigor Totev IMARO Sehovo

Григор Тотев (10. V 1868 – 11. VI 1934) е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Григор Тотето, тој беше еден од четворицата најдоверливи соработници на Даме Груев, преку кои се организираа тајни состаноци и се испраќаше и примаше тајната пошта на Организацијата. Поради серизноста на болеста, тој се префрла во Бугарија, каде е опериран и подоцна работи Македонската корпоративна банка и е член на Гевгелиското братство и на Илинденската организација.

Григор (Глигор) Иванов Тотев е роден на 10 мај 1868 година во гевгелиското село Сехово (денес грчки Идомени), Егејскиот дел на Македонија. Во 1892 година завршил прв клас на егзархиската гимназија во Солун. Во 1894 година влегол во ВМРО, привлечен од Гоце Делчев и Атанас Мурџев и работел како книжар кај Петар Сарафов.

Григор Тотев потоа работел како учител во Долна Џумаја (1895), Горна Џумаја (1896/1897), Бајалци и Мачуково (1898-1900) и Шљопинци (1901). Како учител тој постојано бил во контакт со населението и своето учителствување го користел за ширење на организационата мрежа на Македонската револуционерна организација.

Гевгелискиот раководител на МРО Илија Докторов пишува: “Во тие два анови – хотели, кои беа еден до друг, постојано доаѓаа Васил Панчев, Поп Стамат Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Овие четворица беа најдоверливите соработници на Даме Груев. Преку нив беа организирани тајните состаноци на Даме Груев со лица кои доаѓаа од провинцијата по организациски работи; тие добиваа задачи од сериозен карактер, беа во постојан контакт со сите терористи и преку нив се испраќаше и примаше тајната пошта од провинцијата.“

По Солунската и Бајалската афера, кои избувнале во почетокот на 1901 година, Тотев е баран од властите и во февруари бил принуден да премине во илегала заедно со гевгелискиот учителител Аргир Манасиев и стојаковскиот Ташко Мицев од Шљопинци.

Григор Тотев потоа станал секретар во четата на Крсто Блгаријата. Од август 1901 година е самостоен војвода во Кукушко. Во октомври 1901 година го казнува предавник на четата на Андон Ќосето од Калиново. Во 1902 година негов четник е Туше Георгиев – Големата гајда, а исто така и Христо Мицов и Дино Крундурски.

Во март 1903 година, Григор Тотев кој бил сериозно болен, отишол на лечење во една италијанска болница во Солун, а потоа преку Пиреја по морски пат се префрлил на понатамошно лечење во Бугарија. Во 1915 година Тотев бил опериран и му бил отстранет еден бубрег. Подоцна, тој работел како архива-регистратор и домаќин во Македонската кооперативна банка, а бил член на Гевгелиското братство и на Илинденската организација.

Григор Тотев умира на 11 јули 1934 година во Софија. Пред својата смрт тој ги пишува своите кратки спомени кои се публикувани во 1939 година во списанието „Илустрација Илинден“.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top