Македонски легенди

Александар Матковски

Александар Матковски

Александар Матковски (30. V 1922 – 14. IV 1992) е македонски историчар-ориенталист, прв доктор на историски науки и академик, член на Македнската академија на науките и уметностите (МАНУ). Автор е на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“

Александар Матковски е роден на 30 мај 1922 година во Крушево. Подолго време живеел во Гостивар, до 1936 година, а потоа се преселил во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ од 1941 година, тој бил уапсен  на 2 јуни 1942 година и како малолетник осуден на 10 години строг затвор. Матковски казната ја издржувал во Скопје, Варна и во скопскиот затворот Идризово, се до бегството на 29 јули 1944 година.

По бегството од затворот, Матковски се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Во затворските денови напишал голем број песни на македонски јазик, зачувани во Архивот на МАНУ, Дел од нив биле објавени по Ослободувањето.

Во годините по Втората светска војна, Александар Матковски ја завршил Учителска школа во Скопје во 1947 година и дипломирал на Педагошката школа во Белград во 1949 година. Потоа тој го продолжил своето образование и завршил на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје во 1951 година, докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб со темата „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ во 1957 година и дипломирал и на Филолошкиот факултет во Белград – група за ориентална филологија во 1961 година.

Додека се школувал, Александар Матковски до крајот на 1954 година бил вработен како учител и професор во разни осумгодишни и средни училишта, а потоа од 1 јануар 1954 година  ја почнал научната кариера и ја заокружил со изборот за научен советник во Институтот за национална историја  (ИНИ) она 19 февруари 1971 година па се до пензионирањето во 1987 година.

Александар Матковски повеќе години бил на студиски престои во Каиро, Багдад и Истанбул. Покрај османлискиот период, тој се занимавал и со други теми од македонското минато, како и со историјата на Евреите во Македонија. Тој е автор е на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“

Меѓу негови дела ги бележиме: „Ѓурчин Кокалески (1775-1865), прилог кон прашањето за создавање на селска, сточарска трговска буржоазија во Македонија“, Скопје 1957;  „Хроника на земјотресот во Скопје“, Скопје 1964; „Грбовите на Македонија“, Скопје 1970; „Уште една Мариовска буна (1688/89 год.)“, Скопје, 1970;  „Диетот-Крвнината“, Скопје 1973; „Крепосништвото во Македонија“, Скопје 1978; „Историја на Евреите во Македонија“, Скопје 1983; „Отпорот во Македонија“, Скопје 1983; „Македонскиот полк во Украина“, Скопје 1983;

Во 1986 година, Александар Матковски станал дописен, а од 7 мај 1991 година бил и редовен член на МАНУ.

Александар Матковски починал на 14 април 1992 година во Скопје.

(извор: МЕ, том II. Скопје, МАНУ, 2009. стр. 928.)

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top