Македонски легенди

Антон Панов

APanov

APanov

Антон Панов (13. IV 1906 – 28. VIII 1968) е македонски драмски писател, поет, раскажувач. Тој е еден од најзначајните македонски драмски писатели меѓу двете светски војни. Највисок дострел доживеал со изведбата на драмата Печалбари во 1936 година, која, покрај во Скопското народно позориште, била изведена во Белград и во други градови.

Антон Панов е роден на 13 април 1906 година во Стар Дојран. Татко му Ѓуро бил ситен трговец на риба, но и активен деец на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание кога нејзините членови биле апсени и испраќани на заточение, така и таткото на Антон Панов бил затворен и испратен на заточение во Беаз – Куле во Солун.  

Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката уметничката дарба. Основното училиште тој го започнал во Дојран, а го завршил во Струмица, каде неговото семејство се преселило во текот на Првата светска војна, бидејќи нивната куќа била целосно разрушена. Уште како ученик по Првата светска војна започна да пишува поезија, а подоцна и проза.  Од овој период е и неговиот незавршен роман „Живи гробови“. 

Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите. 

Антон Панов додека бил во гимназијата, паралелно го посетувал Музичкото училиште, каде учел виолина и соло пеење. На 17 години останал сирак и откако го прекинал гимназиското школување работел како хорист во Белградската опера. Соочувајќи се со тешкиот печалбарски живот, тој го добил инспирација за драмата  „Печалбари“. 

Во 1933 година тој ќе ја предаде драмата на Народниот театар во Белград, но тие не биле заинтересирани и ја одбиле иако тамошниот режисер сакал да ја прифати. Кога режисерот ќе премине на работа во Скопскиот театар, ќе ја побара драмата. Премиерата се одржала на 3 март 1936 година во Скопје. Драмата е прикажана во многу театри, вклучувајќи ги Скопје, Ниш Белград и многу други градови. По театарската сезона, Панов отишол во Петроварадин каде се оженил.  

Во македонската книжевност Антон Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Тој бил член на списанието “Луч”, во кое ја објавил својата драма “Печалбари”, напишана на македонски јазик. Во “Луч” Панов објавува и песни на македонски јазик. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност.

Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.

За време на Втората светска војна Панов работи во Софискиот театар како помошник-режисер. Мешутоа иткако сфатил дека бил искористен за политички цели, тој разочаран ќе се повлече во Дојран каде уште претходно направил воденица со идеја да прави мало стопанство.

По војната сметал дека треба да има водечки збор во тукушто оформениот Македонски народен театар, а кога во тоа не успеал, решил да ја напушти Македонија. Отишол во Петроварадин, каде живеел до смртта на жена си во 1957 година. Се вратил во Скопје, каде по вторпат се оженил.

Во 1967 година, Амтон Панов ќе ја добие наградата 11 Октомври — за животно дело, а веќе наредната година го напуштил земниот живот.

Антон Панов умира на 28 август 1968 година во Струмица, каде е и погребан. 

Во текот на својот живот Антон Панов напишал повеќе дела: „Роденденот на Серјожа Јегоркин“ (расказ, 1928), „Тимка“ (расказ, 1930), „Го јаделе болви“ (расказ, 1930), „Печалбари“ (драма, 1936),  „Стега / Вероника“ (драма, 1939), „Препородени“ (драма, 1950), „Самракот“ (драма, 1951), „Градинар“ (драма, 1958), „Пиликатник“ (драма, 1959).

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top