Македонски легенди

paskal-paskalevski

Паскал Паскалевски

Паскал Паскалевски (14. I. 1914 – Софија, 13. V. 2004) е македонски поет, раскажувач, драмски автор, собирач на народни песни, преведувач, новинар и публицист. Учествувал во Граѓанската војна во Грција (1945-1949) и бил директор на курсот „Гоце Делчев“ за народни учители во слободна Преспа. Покренал и уредувал повеќе весници и списанија. Појавата на првата стихозбирка […]

meri-boshkova-g

Мери Бошкова

Марија (Мери) Бошкова (Битола, 2. V 1924 – 25.III 2014) е македонска драмска и филмска актерка, една од водечките македонски театарски уметници. Оствари бројни незаборавни театарски и филмски улоги. Таа беше еден од столбовите на македонскиот театар, каде изгради широк репертоар од лирски до драмски и карактерни улоги. Особено се истакнува во делата на современите […]

venjamin-macukovski

Венијамин Мачуковски

Венијамин (Васил) Христов Мачуковски(1847 – Цариград, 1878) е македонски преродбеник, просветен и црковен деец, собирач на народни песни и обичаи, граматичар и публицист. На 16 август 1872 година, како учител во Кукуш, го објавува во весникот „Право“ своето „Објавление за бугарска граматика на македонското наречје“. Многу години потоа, македонската наука ќе го посочи Манчуковски како […]

dimitar-nestorov

Димитар Несторов

Д-р Димитар ЈосифовНесторов (10. VI. 1890 – 6. II. 1968) е македонски лекар, револуционер, учител и општественик. Во 1921 година завршил медицина во Женева, каде што учествувал во работата на македонските студентски друштва, кои се борат за автономна Македонија. Како прочелник на Обласниот здравствен оддел, бил избран за член на АСНОМ во 1944 година, потоа […]

georgi-bazdarov

Георги Баждаров

Георги Баждаров (8. II. 1881 – 19. IX. 1919) е македонски револуционер, учител, новинар, публицист, историчар и општественик. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание. Назначен е за Задграничен претставник на ВМРО, а по убиството на Александар Протогеров, станал еден […]

Vojo-Stojanovski-1

Војо Стојановски

Војо Стојановски (2.II.1949 – 6.V.2014) е македонски музичар, автор и пејач на народна музика. Тој беше и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Живееше од музиката и за музиката. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се: „Ти донесов млада невеста“, „Свадба голема“, „Една мисла имаме“… Војо Стојановски е роден на […]

hristo

Поп Христо Стефанов

Христо Стефанов Милев (16. IV 1847 – 12. IX 1937) е македонски духовник, учесник во црковно-просветна и политичка борба за слобода на Македонија, во периодот од 1869 до 1881 година. Во 1880/1881 година учествува во Охридскиот заговор со цел кревање на востание во Заподна Македонија. Христо Стефанов е роден на 16 април 1844 година во […]

krste-nikolov-koloski

Крсте Николов Колоски

КРСТЕ НИКОЛОВ КОЛОСКИ (1839-1938) Роден е во Лазорополе, годината на неговото раѓање е 1839, но не можеме со сигурност да ја потврдиме. Негов татко е Никола, оној кого што лично Ѓурчин го поканил да се досели во Лазорополе од селото Селце. За жал, не располагаме со податоци за неговата мајка. Веруваме дека неговото првично образование […]

tushe-delivanov

Туше Делииванов

Петар (Туше) Иванов Делииванов (13. X. 1869 – 14. I. 1950) е македонски револуционер, учител и публицист. Во 1894 година со Гоце Делчев заедно учителствувале во Штип, каде го примил за член на Организацијата. Како претседател на Кукушкиот револуционерен комитет на ТМОРО, бил уапсен во 1901 г., но успеал да избега и емигрирал во Бугарија. […]

S_popivanov

Стефан Попиванов Македонович

Стефан Попиванов Македонович (17. VII 1875 – 1932) е македонски револуционер и учител, комунистички деец, татко на македонските комунистички дејци Малина и Цеко Попиванови. Во 1922 година бил поставен за секретар на ПК на КПЈ за Македонија и бил првиот Македонец кој станал член на Политбирото на ЦК на КПЈ. Подоцна бил повикан во СССР, […]

todor-pop-antov

Тодор Поп Антов

Тодор Поп Антов (28. II. 1875 – 29. XII. 1954) е македонски револуционер и просфетен деец, член на ЦК на ВМОРО. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. Тодор Поп […]

aleksandar-hristov

Александар Христов

Александар Стоев Христов (14. II. 1929 – 20. Х. 2005) е македонски национален деец, публицист и поет. Како „неблагонадежен“, го праќаат на превоспитување во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално преку Грција и Бразил оди во Франција. По завршувањето на Факултетот за новинарство и социологија во Париз во 1968 година, […]

To top