Македонски легенди

Крсте Николов Колоски

krste-nikolov-koloski

krste-nikolov-koloski
КРСТЕ НИКОЛОВ КОЛОСКИ
(1839-1938)

Роден е во Лазорополе, годината на неговото раѓање е 1839, но не можеме со сигурност да ја потврдиме. Негов татко е Никола, оној кого што лично Ѓурчин го поканил да се досели во Лазорополе од селото Селце. За жал, не располагаме со податоци за неговата мајка. Веруваме дека неговото првично образование го добил во селото и дека тргнувајќи по татковите стапки го изучил зографскиот занает. Можеме само да претпоставиме дека тој заедно со татко му и со брат му Косто едно време дејствувале како зографска тајфа. Не сме во можност во потполност да ја следиме неговата зографска дејност, бидејќи барем засега не постои некое истражување за делата што ги оставил.

Па сепак, дека се работело за извонреден уметник ни кажуваат констатациите на нашиот угледен историчар на уметноста и академик Цветан Грозданов, изложени во книгата „Струга и Струшко“, 1970 година, каде што работата на Крстета ја споредува со онаа на познатиот иконописец и зограф Дичо Перкоски. Станува збор за иконите кои што се изработени на иконостасот на црквите во Горна и Долна Белица, каде што Крсте во 1895 година се потпишува на грчки јазик како Ставрос Николау од Лазорополе. Но, неколку години подоцна, при работата во струшкиот храм Св. Ѓорѓија, потпишан е како Крсте Николов од Лазорополе.
Крсте Николов, најверојатно на почетокот на 20-иот век, заедно со син му Русалим, ги изработуваат иконите за иконостасот на црквата Свети Атанасиј, во селото Јудово, Кичевско.

sv-atanasij-radiovce

Во периодот околу 1919 година, заедно со син му Рафаил-Рафе и со Митре Донески од Лазорополе, ја живописуваат црквата Св. Атанасиј, во селото Радиовце, Тетовско. На натписот на внатрешната страна од црквата стои натписот: „Овој храм Св.Атанасиј Александриски е изграден во летото Христово 1917, а завршен во летото 1919. Ктиторот е Цветко Аврамович и самите селани. Иконописци се Крсто Николиќ (Николовски), Митре Дониќ (Донески) и Рафе Крстиќ (Крстески) од Лазарополе. Мајстор за изградбата на црквата е Аврам Стојко Лекиќ од Јабланица, струшко“.

Во дваесетите години на 20 век, Крсте Николов заедно со син му Рафаил ја иконописуваат новата црква во рамките на стариот манастирски копмлекс посветен на Сите Светии – Си Свети во селото Лешани, Охридско.

Во 1928 година заедно со син му Рафаил, го изработил фрескоживописот на црквата Свети Маченик Мино, во селото Горно Коњско, во денешната Пештанска парохија.

Во 1929 година, повторно заедно со син му Рафаил го изработуваат фрескоживописот на ново изградената црква Успение на Пресвета Богородица, во селото Скребатно.

Повторно заедно со син му Рафаил имаат изработено икони за црквата Св. Богородица во селото Волино.

Освен за овие негови дела се знае уште и тоа дека како иконописец работел и по тетовските села, во солунско, и секако во селската црква во родното Лазорополе. Има одредени насоки кои ни укажуваат на негова активност и во Ќустендилско каде што се потпишува како Крсте Николов од родот Дулевци од Лазарополе. Според одредени кажувања, негови трудови има и во одредени цркви на Косово и јужна Србија, но сето тоа мора дополнително да се потврди. Па сепак, треба уште дополнителен и далеку поопсежен труд да се вложи за евентуално да се изработи покомплетен регистер на неговите трудови, кој што понатаму би требало соодветно да се вреднува од стручни лица.

Барем засега не го знаеме името на неговата жена, но знаеме дека со неа ги имал синовите Русалим и Рафаил кои исто така биле зографи, наследувајќи го татковиот занает, како и ќерката Тона.

Починал во 1938 година, во Лазорополе.

Литература:

¨ Блаже Смилевски, Тешкото од Лазорополе, Скопје, 2006, 185 (родословното стебло)
¨ http://www.kultura-struga.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=297&str=4 (интернет текст преземен од книгата на Цветан Грозданов, Струга и струшко, 1970)
¨ Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995, 47
¨ http://www.dke.org.mk/namesnistva.asp
¨ http://www.dke.org.mk/crkvi/manastiri.asp
¨ http://liternet.bg/publish20/d_strahilova/za_niakoi.htm
¨ http://mk.wikipedia.org/wiki/

Најново од: Македонски легенди

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

To top