Македонски народни песни од разни краишта на Македонија
Од Бродско Надеваш ли се солтане,пролет комити да дојдат,бовчалок да ти донесат,од оџалари чалмите,од анките фереџињата.Тогај се солтан уплаши,голема потера ми испрати,да и потера комитите.Комитите не се фаќаат.Кога има големи планини,комити живеат в планина,тие се лесно не фаќаат,тие носат пушки малиќерни,потера ќе ја пречекаме,со потера бој ќе правиме,за наша ради Македонија,за неја ние ќе умреме,за […]