Коментари

Испуштени вени!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Уплатете бесплатно лекување за дечкиве кои протестираат!

Кутрите луѓе, вените на нозете им се испуштија, рамената на рацете им се изместија што од фрлање кондоми што од протестирање и движење.

Кој знае како да кажам, сепак ги жалам и луѓето кои ги изнесуваат на протест ама и челниците на СДСМ со оглед на фактот дека доаѓаат пеколно жешки денови во Македонија и тие се луѓе и сакаат да одморат на некоја Грчка плажа.

Последниве неколку денови добивам информации дека паниката, стравот и хаосот владеат во СДСМ, ќе останат само платениците а со нив кворум нема и што понатмау?!

Прашање е што ќе направи врхушката на СДСМ во идниот период или сепак ќе се одлучи за избори и пораз па сите среќни и задоволни ќе летуваат!

Незнам, неможам да ги посоветувам само можам да им кажам дека воопшто нетреба да им замеруваат на протестантите ниту пак на нивните платеници, едните верни на СДСМ другите за пари а тоа што станува жешко и потта е видлива е друга работа.

Хмм па еве очигледно е од ново настанатава ситуација дека политиката која ја води СДСМ е погубна како за Македонија така и за нив како политичка партија.

Јас почитувани неколку пати вака јавно во моите колумни им кажувам и сега ќе повторам дека на власт се доаѓа само по пат на фер и демократски избори а пак избори не се добиваат со деструкција, со хулигани, со дивеење и со плукање како и со ситни медиумски спинови!

Па дечки нели доволно ви помогнав? Сега оставам на вашата агенција за советување да го направи преостанатото и вие малку да се соземете со оглед на тоа дека зад нас е еден викен и добро се одморивте во вашите викендички во и надвор од Македонија.

Ајде од што ми е грев ќе ви кажам, може да ја погледнете програмата на ВМРО ДПМНЕ па да видите како тоа излгеда и од таму нешто да копирате ама во секој случај ви треба книжуле и добра промоција а тоа што никој не ви верува и нема да ви верува е тоа е веќе прашање за лидерот и неговиот кредибилитет!

Е пак сега нема повеќе ништо да ви кажам, ако ви кажам ќе испадне дека сум предавник ама бидеќи ми е искрено жал за вас ви кажав неколку работи што мора веднаш да ги направите!

П.с Уплатете бесплатно лекување за дечкиве кои протестираат!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top