Коментари

Македонскиот народ уште еднаш му даде црвен картон на политиката на Заевистите

svekrva-nova

svekrva-novaСвекрва

Државната изборна комисија (ДИК) излезе со првичните  резултати од вториот круг на претседателските избори, Од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 844.360 граѓани, или 46,7 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 436.212 граѓани, а за Сиљановска Давкова 377.713.

Согласно член 121 од Изборниот законик за претседател на Републиката нов претседател е Стево Пендаровски. Со неговиот избор, народот наместо правда, ќе добие полтрон кој ќе ги исполнува желбите на Заевистите и ДУИ.

Заедничкиот кандидат на СДСМ, ДУИ и коалицијата Стево Пендаровски победи во вториот круг на претседателските избори во Македонија. Тој ја победи Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со 58.499 гласови разлика.

Најголемата разлика во гласовите Пендаровски ја доби во албанските средини Сарај, Чаир, Боговиње, Желино, Врапчиште, Дебар… По инцидентите во ИВЗ, во изборниот процес имаа влијание не само албанските партии, туку и исламската верска заедница, што му донесе на Пендаровски стотина илјади гласови на Албанците.

Стево Пендаровски на должноста претседател на Македонија треба да стапи на 12 мај, кога му истекува вториот мандат на актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Првата работа, како што самиот најави ќе биде да ги потпише указите на необјавените законски решенија кои беа повторно вратени во собраниска процедура од страна на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Таа ќе биде плаќање на првата фактура која ДУИ му ја испорачаа на Стево Пендаровски и неговиот поддржувач Зоран Заев. За добиените 100.000 гласови од ДУИ, со кои  победи на овие избори, Пендаровски ќе треба да потпише низа договори кои се во интерес на Албанците (на пр. Законот за употребата на јазиците и др). Пратеникот Артан Груби отворено го потсети Заев и Пендаровски дека за победата им должат на ДУИ. Тој веднаш по вториот изборен круг на својот фејсбук-профил напиша дека „Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ прават Премиери, и Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата…“

Меѓутоа, тоа ќе биде само прва фактура од трговската зделка меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, која новиот претседател треба да ја плати. Од сето ова, очигледно е дека Пендаровски нема кичма да ги заштити националните интереси на државата за разлика од досегашниот претседател Ѓорги Иванов. Инаку, во текот на својот мандат. Иванов имаше доблест да се спротистави на низа притисоци и отворено да ја каже вистината за македонското прашање. Сепак, на крај од својот мандат, доколку не сака Иванов да има темна дамка за време на своето претседателствување, треба да им помогне на жртвите на специјалната (хибридна) војна која центрите на моќ со домашните колаборационисти ја спроведоа во земјата во текот на изминатите години со цел да се смени името на земјата и идентитетот на македонскиот народ.

Иако претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова изгуби на овие избори, таа е вистински победник.

Тоа го потврдуваат освоените 377.713 гласови и победите во голем број на Скопските општини и поголемите македонски градови. Овие гласови на поддржка на Силјановска и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека македонскиот народ не се сложува со политиката на Зоран Заев и СДСМ. Да не беа гласовите во албанските општини, Пендаровски никогаш не би победил.

По референдумот, на овие претседателски избори македонскиот народ уште еднаш му даде црвен картон на политиката на Заевистите.

И покрај сите опструкции од актуелната власт (уцени, притисоци, прогон на членството, замрзнување на имотот), со оглед на освоените гласови на овие претседателски избори, ВМРО ДПМНЕ покажа дека се консолидира и дека сериозно се враќа на политчката сцена. Партијата заедно со Гордана повторно ја вратија довербата на народот кој бара враќање на правдата.

Претседателските избори ветуваат дека СДСМ катастрофално ќе ги изгуби следните избори. Затоа не треба овој пораз трагично да се сфати, туку да биде мотив повеќе, Гордана и ВМРО ДПМНЕ заедно да работаат за да се победи на следните избори и македонскиот народ да се ослободи од оваа социјалдемократска не народна власт.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top