Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XI

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен  министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XI

1.Пред извесно време, a после повеке години, патот ме наведе кон Државна болница во Скопје. Тргнав со кола (за што подоцна длабоко се покајав) и знаејки дека паркирањето во комплексот е сериозен проблем, се одлучив да влезам од споредната порта под падините на Водно. Се покажа дека и таа варијанта не е најдобра заради гужвата од налетот на коли од сите страни. И паркирањето исто така беше речиси невозможна мисија. Вистински предизвик сепак беше обидот да излезам од комплексот за што ни помалку, ни повеке ми требаа цели 45 минути!

Сеуште не можам да се соземам од шокот што го доживеав (отпадоци и хартии на сите страни, а небаре е болнички комплекс – најголем во земјата) и се прашувам дали неговата екселенција министер за здравство е свесен што му се случува само стотина метри од неговата канцеларија и дали воопшто – наместо само да мисли и да мести тендери излегол некогаш пешки да прошета и да ги види грдите реалности од неговиот ресор? Црна Африка не ни е рамна, а небаре сме сериозен кандидат за членство во ЕУ!?

2.Еден од најактивните галамџии од Шарената револуција кој за викањето и скрнавењето со боја на споменици на револуционери и дејци беше награден со позиција пратеник во македонското Собрание, Павле Богоевски, беше уловен на дело како телефонски порачува половина грам дрога. И наместо осуда за делото казниво со закон, владеачката номенклатура и нејзините медиумски мегафони се обидоа од него да профилираат херој тврдејки дека бил морален, етичен и не знам што уште друго заради оставката што ја даде од позицијата пратеник.

Ме чуди како владеачката врхушка до сега не реагираше на информацијата дека нејзин министер (и тоа не било кој, туку за надворешни работи) има досие во ЈуКеј за поседување 300 пилули тешки дроги. А да го праша човек министерот за што му биле дури 300 пилули? За лични потреби или можеби за некоја друга, полукративна цел? Одговор засега нема, ниту пак ќе има! Дотичниот министер веќе ги пакува куферите за заминување од кога измеќарски им заврши работа на надворешните фактори и го потпиша срамниот акт на капитулација во село Нивице, Преспа.

3.Вандалските пориви на владеачката врхушка за уништување на што е можно повеке дела на претходната власт никако да попуштат! По рушењето на споменикот на илинденецот Ќосето, сечењето на оградата од ковано железо пред владата на РМ, уништувањето на прекрасните фонтани во центарот на Скопје, на ред дојдоа палмите во Охрид. Имено, по пораката од УНЕСКО дека Охрид ќе биде ставен на листата загрозено културно наследство, власта за да го врати демек во првобитна состојба градот, наместо да ги одстрани над 300 дивоградби – удри на сечење на палмите што ги засади претходната власт!?

Не верувам дека на УНЕСКО му пречеа палмите покрај езерото, туку градежниот хаос и беззаклонието што владеат во градот на Св. Климент и Св. Наум. Се прашувам каде се сега невладините организации да кренат глас против уништувањето на зеленилото?

4.Консензуалниот претседател на Калето Стево Пендаровски во рамките на своите овластувања, го именуваше Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање (и тоа по препорака на ЦИА, ЕмАј6 и БНД, како што можевме да прочитаме во медиумите). Морам да бидам искрен, оваа одлука ме бендиса многу бидејки г. Муслиу е оценет од водечки сродни странски служби како голем, совесен и одговорен професионалец. Само со такви припадници на малцинствата можеме да градиме и да живееме во заедничко општество, а не со коекакви “команданти” кои направија р’шум во 2001 и сериозни инциденти во неколку наврати потоа и со нивните следбеници.

Добро е што и таканаречената меѓународна заедница конечно го свати и јасно го подржува таквиот пристап, а со тоа помага Македонија да не биде под постојани уцени и етнички немири и да го тргне од себе неславниот епитет “буре барут”.

5.Во владеачката СДСМ врие: Нивниот лидер, македонскиот “Дуче” Зоран Заев тера се живо и диво што и најмалку не е 100% на негова линија и очигледно се спрема за предвремени парламентарни избори и втор премиерски мандат. Идејата за национално помирување очигледно сега веќе не му е веке приоритет. За такво нешто потребни се нови луѓе со позитивни идеи. Ги нема многу во СДСМ но мислам дека Софија Куновска би била добро решение како можен иден лидер на таа партија.

6.Република Македонија за прв пат доби свој поратеник во Европскиот Парламент. Тоа е нашата сонародничка Ирена Јовева, по професија новинар, а беше избрана за европратеничка во неделата и тоа на листата на социјалдемократите во Словенија.

Јовева е родена во Нова Горењска. а родителите и се од Кочани.

Искрени честитки Јовева и очекуваме благодарејки на неа да се чуе гласот за Македонија во седиштето на ЕП   во Стразбур.

7.Во саботата (25. мај) во возвратна посета на Зоран Заев престојувал Премиерот на Косово Рамуш Харадинај со сопругата Анита. Велиме “престојувал” бидејки посетата е остварена инкогнито, без било какво официјално соопштение, а за истата дознавме дури одкога гостинот објавил family photos со неговиот македонски домаќин и со сопругите на фејсбук и тоа по враќањето на Косово.  

Негувањето на добрососедски односи и заедничките евроатлански перспективи биле темите на разговорот помеѓу двата премиери а за нивната персонална блискост многу јасно говори декласифицираната комуникација на амбасадата на САД во Скопје со Стејт Департментот што ја објави Викиликс во која децидно стои дека претставници на партијата СДСМ (чиј претседател е Зоран Заев) биле во Приштина пред терористичкиот напад во кумановско Диво насеље каде со Харадинај го договориле учеството на косовски терористи во тие настани во коишто загинаа осум македонски специјалци и 14 терористи, од тоа четворица о “инструктори” од американската база Бондстил на Косово (по единаесетти пат го повикуваме Јавното Обвинителство да покрене истрага по допрен глас за овие настани).

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top