Коментари

Се има чувство како Јанева воопшто да не е во притвор

Katica-Janeva-SO

Katica-Janeva-SOСе има чувство како Јанева воопшто да не е во притвор.

И покрај тоа што работите околу СЈО, поради притворањето на Јанева, бараат итност, не смее да се направи нешто “преку колена“.

Пред се’ Јанева нема законски овластувања да ги пренесува работите од “нејзиното“ обвинителство на било кој друг орган, дури и да не е во притвор. Тоа може да се направи само со закон со кој ќе се укине Специјалното јавно обвинителство, ќе се дефинира кој орган ќе ги преземе предметите и кои предмети, што ќе се прави со предметите и нивната рочност, податоците, вработените, имотот, финансиите и се’ друго. Исто така во законот мора да биде наведен рок до кој работите ќе се пренесат, престанувањето на работата на “Главниот“ човек во СЈО. Значи, со новиот закон мора да се обезбеди континуитет на работата на овој орган. Инаку, во текот на неколкуте поминати недели расчистени се голем дел непознати како основа за новиот закон.

    Ваквиот закон може да се донесе во најитна постапка. Ако, пак, се оди вака како што е тргнато, останува еден многу сериозен проблем: СЈО нема да биде укинато и некому може да му текне повторно да го активира, што може да направи огромни проблеми, како правни, така и политички и процедурални. Значи, на овој начин останува сабјата над главите на членови од ВМРО-ДПМНЕ.

    Се има чувство како Јанева воопшто да не е во притвор. Од изјавата на Директорот на затворот се гледа дека таа има посебен третман, што не е случај и со поранешните Министри во претходните Влади. Понатаму, таа дава наредби како да е дел од некое највисоко раководство на државата. Тоа не може да го прави притвореник!!!

Владимир Павлески

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top