
|
Александар Џеповски За жал во Македонија последниве години се накотија многу предавници, да бидам искрен вакви изроди имало отсекогаш. Народов веќе доволно претрпе сите овие години додека транзициски, предавнички, плитки и проклети умови решаваа за неговата иднина!!! Едно мора да запомниме, дека треба да ги изолираме овие изроди и циркузанти околу нив, слугите на ѓаволот. Да ја зацврстиме љубовта кон нашава мајка Македонија, како една и единствена татковина на Македонците во целиот свет. Без разлика што и да е, им дозволуваме, без да им фали влакно на главата, да ни ја плукаат нашава држава, да ни ја кодошат истава татковина за која илјадници Македонци низ историјата се бореле и гинеле, за истава и ние деведесетите година се боревме и се изборивме. Македонскиот народ не смее да дозволи група изроди, грандомани и среброљупци, да ја претворат Македонија во пепелиште при што ќе страдаат два милиони народ само заради соседните земји и заради лични интереси.
|
|
Денес имаме сопствена држава, ваква или онаква, наша татковина е, да се бориме да биде подобра, а не да ја омаловажуваме, не смееме да дозволиме некој да ја плука, без разлика кој е тој.. Кај нашиве соседи во однос на националните интереси постои само еден единствен и идентичен став, бидејќи кај нив не е разбирливо некој да ги продава националните интереси за пари. Кај нашиве соседи сигурен сум дека медиумите, народот и јавниот обвинител, веднаш би реагирале и би ги прогласиле за предавници, изроди и би ги осудиле, веднаш ќе ги прогласат како државни непријатели. Ние ги толерираме овие јагниња облечени во волчја кожа, кои лажно претставувајќи се како патриоти и вршејќи раздор и поттикнувајќи омраза и нетрпеливост, го тероризираат Македонскиот народ, заради туѓи интереси. Сите ние, немо ги гледаме, а некои несвесно ги подржуваат. Бог да ја чува Библијска Македонија! АМИН! |