Коментари

Бог да ја чува Библијска Македонија од домашни изроди

UV Verni na Organizacijata

2. UV Verni na Organizacijata

Непријателите на Македонија низ вековите на најразлични начини се обидувале да го покорат Македонскиот народ и со тоа да загосподарат со народот и земјата Македонска. Но Македонија одсекогаш имала чесни и храбри синови да ја бранат својата татковина и дедовина.

По распадот на Југословенската држава Македонскиот народ на рефередум излезе масовно и се определи за НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Но непријателите на Македонија веднаш се јавија со непризнавање на Македонскиот народ, некои не го признаваат името Македонија,…

Историјските Непријатели на нашата Македонија неможејќи да се помират со реалноста дека постоиме со сите карактеристики на една модерна држава  која гради модерно демократско општество со години наназад работат на разнебитување на нашата држава.

Нивните напори беа неуспешни до пред неколку години, се додека не најдоа внатрешни подржувачи кој алчни за власт и пари се уортачија со странски сили на моќта и извршија пуч, со тоа што не и дозволија на победничката партија ВМРО ДПМНЕ да формира влада.

Со вршење на силен притисок однадвор врз државните структури на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА на власт беше донесена СДС, партија која што тогаш ги изгуби изборите.

Веднаш по доаѓањето на Марионетската влада на чело со Зоран Заев, а денес неговата копија Ковачевски, на власт наместо правда и просперитет на својот народ и држава тие  својот мирољубив МАКЕДОНСКИ НАРОД го прогласија за терористи и започнаа со приведување на невини луѓе. 

А во суштина што беше крајната цел на ваквото сценарио?

Сценариото почнаа да го реализираат со штетниот договор за промена на името на државата а со тоа и идентитетот на народот во интерес на Грција, потпишаа договор со Бугарија за бришење на историјата и двојазичност на целата територија на Македонија,..

До кога ќе бидеме безгласни и толерантни спрема внатрешните квислинзи и велепредавници?

Дали новите генерации Македонци ќе дозволат пропаст на Македонија? 

ВРЕМЕ Е ДА ИМ КАЖЕМЕ ДОСТА БЕШЕ!

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Професор Др. Христијан Мицкоски ја добива довербата од граѓаните врз база на проекти и мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните предвремени парламентарни избори. 

Еден ден, многу блиску, на внатрешните квислинзи и велепредавници и Балканот ќе им биде претесен да се сокријат од правдата и од гневот на Македонскиот народ.

Бог да ја чува Библијска Македонија од домашни изроди.

АМИН!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ-Верни на Организацијата

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top