Коментари

Ветераните на ВМРО ДПМНЕ до последниот здив ќе се борат за зачувување на државата, идентитетот, јазикот и културата

2450

                                          2450

На пратеничките прашања од страна на Рашела Мизрахи за отварањето на бугарскиот клуб во Битола, копијата на Зоран Заев, премиерот Димитар Ковачевски ја обвини партијата ВМРО ДПМНЕ дека го слави Ванчо Михајлов и дека негови слики стојат во белата палата и дека негови восочни фигури се наоѓаат во македонските музеи.

Меѓудругото, тој во својот одговор ќе каже:

 „Прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека тие го слават Ванчо Михајлов, а не јас ниту СДСМ, ниту најголем дел од нашите граѓани, Но знам дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник на Ванчо Михајлов, а тоа е срамно и недозволиво“.

Ваквото обвинување на премиерот Ковачевски, ветераните на ВМРО ДПМНЕ со гнасење го отфрлаат. Ветераните – основачи на најголемата македонска партија на ВМРО-ДПМНЕ не може да го слави Иван Ванчо Михајлов човекот кој е одговорен за смртта на многубројни македонски дејци, иако е еден од раководителите на ВМРО. Тој е  контраверзна личност, човек кој е виновен за голем број политички убиства, поддржувач на нацизмот и фашизмот. Тој не признавал постоење на македонски народ и се залагал за независна Македонија, но како бугарска земја.

Иако е негативна личност, Ванчо Михајлов е сепак дел од македонската и од историјата на ВМРО. И како таков неговите восочни фигури беа поставени во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје и во музејот во неговото родно место Ново Село, Штип. 

Поставувањето на негови слики и восочни фигури во музеите заедно со останатите македонски великани незначи дека него го слават ветераните и членството на ВМРО ДПМНЕ, туку значи преставување на историјата таква каква што е, Тоа е историскиот континуитет на ВМРО, организацијата која има огромна заслуга за создавањето на независна македонска држава.

Во светот постојат низа примери каде се поставуваат слики или восочни фигури на позитивни, но и негативни историски личности, како што се Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, Јосиф Сталин и др. Еден ден во тие музеи можеби ќе се најдат и слики или восочни фигури на поранешните лидери на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев и др, кои ќе ја раскажуваат својата приказна за успеси и предавства,

Сите тие поставки треба да имаат зад себе поучна приказна, опомена до луѓето да внимаваат кого бираат на челните раководни позиции како што се претседател, премиер на држава, лидер на партија, бидејќи од тие личности директно зависат човечки животи и иднината на Македонија.

Местото на негативните историски личности, се наоѓа во македонските музеи. Но многу неумесно и штетно е кога имиња како што е Иван Ванчо Михајлов да се наоѓаат на јавни објекти, особено не на т.н. културни центри.

Отварањето на бугарскиот Културен клуб „Иван Ванчо Михајлов“ во Битола, беше чиста бугарска провокација, во градот Битола од каде над 3.000 Евреи, бугарската администрација испрати во логорите на смртта, поради која како ветерани на ВМРО ДПМНЕ силно протестираме.  

Меѓутоа, доаѓањето на високата бугарска делегација во Битола на отварањето на клубот не би можела да се изведе без знаење на актуелната македонска власт. Отсуството на било каква изјава по бурната реакција на јавноста во првите моменти укажа дека ова власта го прави со одредена цел – да се намали  се поголемиот рејтинг на ВМРО ДПМНЕ и да може да се спроведе до крај обезличувањето, асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ.

На народот му е јасно што се случува и се повеќе го крева гласот против ненародната и антинационална политика на коалиционите партии на власт СДСМ, ДУИ и нивните сателити.

Во името народот и во името на аманетот на нашите претци, ветераните на ВМРО ДПМНЕ повторно се во првите редови за одбрана на државата и така во иднина ќе продолжат.

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ до последниот здив ќе се борат за зачувување на државата, идентитетот, јазикот и културата.    

Македонија вечна, АМИН!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top