Коментари

И ВО ЦРКВИТЕ: СЕ СЕ СВЕДЕ НА ГОЛА ПОЛИТИКА И ИНТЕРЕСИ

Martin Trenevski 1
1martin1
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 170

1. Повеќе нема неизвесности и непознаници: традиционално неутралните Шведска и Финска го напуштаат тој статус и постануваат членки на Северно-Атланската алијанса – НАТО.  Швеѓаните повеќе  од 200 години официјално наводно (!) го негуваа својот “неутрален” статус, а финците по завршетокот на Втората светска војна 1945 година (во која се бореа на страната на Третиот рајх) сепак одлучија и тие да се приклучат на НАТО.
   Со ова, практично се надополнува доктрината на НАТО за градење своевиден ѕид кон Русија од крајниот север на Европа, до југот на континентот и тој концепт се “збогатува” со уште две Скандинавски членки што одамна се компатибилни по сите основи со стандардите на Алијансата.
   Но, ајде да видиме што ќе значи овој потег на владите на овие две земји? Да почнеме од историскиот аспект. Шведска со векови била во војна со Русија и во одреден период владеела дури до Новгород каде вовела и своја администрација. Занимливо е дека по повлекувањето од таму, шведите целата документација ја понеле со себе, во Стокхолм, и проучувачите на средновековниот руски јазик денес истражуваат во архивите вo шведската престолнина! По освојувањата на Петар Велики кон западот, Балтикот постанува водена граница помеѓу Руската империја и Шведското кралство.
   Многу историчари и самата неутралност на Шведска ја доведуваат под прашање. Имено, земјата и во Првата и во Втората светска војна отворено е на страната на Германија! Како казна за подршката на Германија во Првата светска војна, под притисок на Обединетото Кралство во Лигата на народите архипелагот Оланд и е доделен на Финска, иако историски секогаш припаѓал на Шведска. Во Втората светска војна Шведска ја става на располагање целата инфраструктура (патишта, железници, пристаништа…)  на Третиот рајх, а во Зодртеље, близу Стокхолм, се произведувале тенкови од познатиот шведски челик. Иако во минатиот век во десетина наврати се шпекулираше дека советски/руски подморници се забележени во шведските води, сепак тоа никогаш не беше докажано, а претпоставките биле дека се работи за холандски подморници.
   Руско-Финските односи се посебна приказна што ја каракиеризира ширењето на царска Русија кон западот, на сметка на Финска. Од почетокот на 1800те години се до 1917 година Финска е дел од царска Русија, а и некогашната престолнина Петроград е изградена на територија што некогаш и припаѓала на финска. Но најголем пораз од финците доживуваат по руско-финакста војна во 1939 година кога изгубиле една третина од територијата позната како Карелија, а русите од таму протерале над половна милион финци! Дали Финска, како членка на НАТО потајно се надева дека евентуално ќе може да поврати дел од изгубените територии, времето ќе покаже!
  Како ќе се регулира водениот сообраќај  во Балтикот во иднина останува вистинска енигма?
  Плановите на шведите и финците се една работа, но за членство во Алијансата потребна е согласност од сите 30 членки, со што се наметнува како проблем со фамозниот консензус. Имено, Турција, која е членка во НАТО од 1952 година, најави дека  н е м а  да даде согласност за прием оптужувајки ги двете земји дека немале јасен став за тероризмот и вовеле санкции кон Турција!? Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги оптужи Шведскла и Финска како “легла на терористички организации” бидејки ги подржувале Курдската работничка партија (ПКК) и Револуционерниот фронт (ДХКП/Ц), кои се забранети во Турција.

   На најавите дека Шведска и Финска ќе побараат членство во НАТО остро реагираше и званична Москва преку изјавата на заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков кој рече дека нивниот изборот да се приклучат на НАТО е “грешка што ќе има далекусежни последици и ќе доведе до тоа радикално да се промени глобалната ситуација”.
   “Живееме во нова ера”, што би рекол легендарниот Хенри Кисинџер, и сосема е неизвесно како ќе се развиваат работите на глобално ниво, но и кај нас дома бидејки опозиционата ВМРО-ДПМНЕ најави долго и жешко политичко лето за да изнуди оставка на владата и предвремени парламентарни избори!
   Во меѓувреме, додека го пишувам овој прилог, и званично е објавено дека шведската министерка за надворешни работи Ен Линде го потпишала барањето на нејзината влада зе прием во НАТО, а иостпотп го напшравила и владата на Финска.
2.Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА, следејки го примерот на Цариградската патријаршија. Но СПЦ сеуште не се одважува да даде автокефалност (самостојност) на МПЦ-ОА, туку на седницата одржана во Сремски Карловци се определи за статус на автономија (!?) на МПЦ во рамките на СПЦ, што според добрите познавачи на црковната проблематика значи враќање на МПЦ на нивото од 1959та година.
   Медиумите известуваат дека контактите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ се обновени по пауза од 20 години, за време на првомајските празници и тоа во најголема тајност. Во соопштението од Соборот на СПЦ се наведува дека СПЦ нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората и препорачува “да се реши прашањето за нејзиното официјално име”. А кога сме кај името, да потсетиме дека како наследничка на древната Охридска архиепископија се декларира Бугарската црква, цариградската патријаршија е децидна дека името “македонска” не смеело да стои во називот на нашата црква, а со СПЦ допрва ќе се расправало какво име треба или може да има нашата македонска православна црква!?
    Како и де е, важно е дека сега можеме слободно да комуницираме и сослужуваме со сите православни цркви што е сепак многу значаен дострел за МПЦ-ОА и целиот македонски православен народ.
   Но вреди да сде забележи: на ставод на СПЦ подршка даде Руската православна црква. Без срам и перде – а небаре проповедаат мир и љубов!? Па ние, т.е. Охридската архиепископија, им даде православие пред илјада години.
    За жал, се се сведе на гола политика и интереси, па дури и во црковите!!!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top