Коментари

Свекрва: Време е да се изврши преиспитување на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Во изминатите повеќе децении, Македонија имаше една тешка и црна судбина така што нејзиното име стана синоним во политичкиот речник на Европа за сурово страдање, жестоки судири и крвави борби. Македонското прашање беше едно од главните и постојани причинители за многу меѓународни спорови на Балканот и во Европа, извор на опасни конфликти и сериозни грижи. Тоа се должеше, како што е познато, дека на самата Македонија, нејзиниот народ, ѝ се ускратуваше правото да биде господар на сопствената судбина, додека соседите на Макелонпија постојано и бескомпромисно меѓусебно се расправаа, пред сè повторно.поради нивните претензии кон Македонија или кон делови од неа.

Ова е несреќното минато, кое не многу изменето ни денес. Но каква се идните перспективи за Македонија, со оглед на големите промени што воената агресија на Русија во Украина ги носи во Европа, Балканот и светот, тешко може да се предвиди! Не може повеќе да биде исто.

За овие прашања, ќе се обидеме да фрлиме малку светлина овде и да ги опишеме, колку што е можно во моментов. За таа цел, потребно е за секоја балканска земја посебно да се следат промените што се случија во неа, како резултат на последните настани, како во нејзиниот внатрешен политички систем, така и во однос на надворешната политика и ориентација. .

Бугарија, освен еден период по Втората  светска војна, никогаш не раскина со минатото. Иако е членка на ЕУ и НАТО, таа продолжи да го сонува Санстефанскиот сон, во кој дел од Македонија е во склоп на Бугарија, како и верувањето дека Македонците има бугарски корени, а македонскиот јазик е западно бугарски дијалект. Враќањето на Софија кон великобугарскиот шовинизам од почетокот на минатиот век, уцените на Бугарија со вето за влез на Македонија во ЕУ доколку Македонците не ги прифати бугарските корени, заедничката историја и не се откаже од својот иденттет, јазик и култура, преставува свртување кон реакционерните, антинародни, но и кон рускиот режим, кои имаат за цел да ја попречат интеграцијата не само на Македонија, туку и на државите од Западен Балкан во ЕУ.

Во однос на ветото за членство на Македонија во ЕУ, доколку Скопје не ги прифати бугарските барања,  Бугарија се потпира на зацртаните великобугарски политики на Бугарската академија на науките (БАН) и бугарското Собрание. Меѓутоа ваквата политика е спротивна на интересите на САД, ЕУ и НАТО, кои за да ја спречиат пенетрацијата на Русија, сакаат брза интеграција на Западен Балкан. Бугарија пак го држи факелот кој може да го запали балканското буре барут и да го пренасочи вниманието, силите и капацитетите на НАТО од Руско-Украинскиот конфликт на Балканот.

Реакционерните бугарски кругови ја користат секоја прилика и мислат дека со индиректна помош на Москва можат да го остварат Санстефанскиот сон. Тие притоа забораваат на историските пики од минатото, на двете балкански и светски војни, дека лесно можат повеќе да изгубат отколку да добијат. Тие никогаш не успеале целосно, ниту ќе можат да ги бугаризираат Македонците, ниту да го спречат зближувањето и разбирањето на балканските народи, ниту пак нивната соработка во остварувањето на нивниот идеал – влез во ЕУ.

Евроинтеграцискиот идеал го споделув и членка на НАТО Албанија, која кон ЕУ чекори заедно во пакет со Македонија. Меѓутоа, поради бугарската блокада на Македонија и Албанија е блокирана. Засега Тирана се солидаризира со Скопје, но ќе дојде време кога поради западниот сосед веќе не ќе може да чека и ќе побара издвојување од пакетот, со што блокадата ќе стане безбедносно прашање. Како да забораваме на латентентниот великоалбански шовинизам, кој засега е контролиран од заедничкиот стратешки партенер – САД,

Од друга страна во Србија, која не е членка на НАТО, но се стреми да стане членка на ЕУ, како да исчезна великосрпскиот шовинизам, кој видно беше присутен по распадот на СФР Југославија. Увидувајќи дека со заеднички сили можат да ги надминат проблемите, денес Белград, за разлика од Софија покажува вистински братски однос кон македонскиот народ. За време на пандемијата, тие беа првите кои на македонскиот народ им пружија поддржка – отварајќи ги ширум вратите  на своите здраствени установи за вакцинација на македонските граѓани, како и донирање на вакцини за да можат  народот да се вакцинира во земјата.

Исто така, Белград беше оној добар брат кој ни даде масло за јадење во моментите кога рафтовите во самопослугите беа празни. А деновите пак бевме сведоци како по одлуката на Светиот Синод на Вселенската патријаршија со која Македонската православна црква – Охридска Аехиепископија беше призната за канонска и Соборот на Српската православна црква  го прифати општопризнатиот канонски статус на МПЦ-ОА, по што беа одржани заеднички литургии во Белград и Скопје. Се очекува набрзо и добивање на томосот за абтокефалност на МПЦ – ОА. Тој може да биде доделен од Цариград, но најдобро е тоа да го направи СПЦ. Меѓутоа. стално постои некакво прашање за кое обичниот граѓанин нема одговор. Што ќе се случи ако тоа биде позврзано со барање до Скопје за повлекувањето на признавањето на Косово!? Тоа сигурно дополнително би ги усложнило односите на Балканот.

Грција која е членка на ЕУ и НАТО е четвртата држава која учествуваше во поделбата на Македонија во 1913 година во Букерешт. По Преспанскиот договор од јуни 2018 година, Грција наводно не го спречува евроинтегративниот процес на Македонија. Меѓутоа иако таа речиси нема ништо реализирано од договорот, постојано бара Македонија да го спроведе договореното.

Јасно е дека великогрчкиот и великобугарскиот шовинизам никогаш не престанал. Поради тоа што Атина и Софија држат големи делови од македонската етничка и географска територија ( Егејска и Пиринска Македонија), тие и ден денес соработуваат заедно со што го попречуваат евроинтехрацискиот пат на земјата. Но тоа тие не би можеле сами да го прават ако зад нив не биле оние земји кои ги формирале, ги поддржувале, а ја поддржале поделбата на Македонија.

Во тој контекст ќе го спомнеме фактот за ангажман на британските војници во грчките настани пред крајот на Втората светска војна. „Овој ангажман беше толку голем што … на 10 април 1945 година, во една статија во Тајмс, неговиот дописник од Атина, меѓу другото, напиша: „Британските трупи се збунети од фактот што се назначени да дејствуваат како локална власт и дистрибутивни агенти за производи. меѓу грчките села, кога во исто време можат да се на пат кон Берлин“. Очигледно е дека за некои големи сили, особено состојбата во Егејска Македонија била поважна од она што се случувало во Хитлеровата Германија.

Како во минатото, така и денес на западните сили Грција им била поважна од Македонија. Исто така и денес Грција зазема важно место во НАТО, поради војната во Украина и однесувањето на Турција. Грчкиот остров Крит е вистински носач на авиони од каде САД и НАТО го контролираат Средоземното море. Оттука нејзе се и се може, па и да не ги исполнува  обврските од договорот.

Денес кога многу од земјите членки на НАТО и ЕУ ги преиспитуваат заедничките одлуки во врска со воената агресија на Русија во Украина, во време кога не се исполнуваат ветувањата за членство на земјата во ЕУ, време е Македонија да се праша до каде ќе оди со остапки и што понатаму. Ако е видливо дека Бугарија и Грција не ги почитуваат договорите, а некој постојано поставува нови барања, време е да се изврши преиспитување на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија! 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top