Коментари

Александар Џеповски : Кирил и Методи биле, се и ќе бидат само едно едно – Македонци

Dzeposki

1Dzeposki

Александар Џеповски

Ма какви Бугари, Грци или што ти ја знам, па дури и да речеме Словени. Во тоа време , пред тоа и после тоа се така до 19 век такви народи и земји со име Бугарија и Грција не постоеле ни на сон, туку се тотална измислица од Западот преку Ватикан и Ротшилд за да го освојат за себе Македонскиот Полуостров и исконската библиска земја Македонија. Воедно земја, народ или племе по име Словени немало никаде дури ни во Карпатите, туку Словен значело образуван човек на денешно ниво како Академик кој го познавал СЛОВОТО, но кое слово во тоа време – само едно, МАКЕДОНСКОТО СЛОВО !!!

Затоа бугарските квазинационалисти задоени со европски фашизам кои оригинално се одродени Македонци преку горенаведените мајстори за каша попара во склоп со Масоните и Хазарите, се толку смешни што ете треснаа глупост не само на веков, туку на последниве два милениуми.

Замислете ова, моштите на Кирил и Методи ете бугарската влада ќе ги донела “дома” а гробот на Методи не е ни до денес откриен. Што се однесува до Кирил, неговите мошти и гроб се во Рим и таму ќе остане па Бугарија да се треска и по сто пати на ден од земја. Посебна заблуда како и сите заблуди дека Кирил и Методи се Бугари, Македонците нели бугари … е исто така и најавата дека ги бараат и моштите на Самоил. Навистина ова е капак на се и завесата може слободно да се спушти затоа што следното нешто ќе биде дека и Господ е бугар па ако треба и чворга една ќе му акнат ако не признае.

Во овие луди и апокалиптички времиња кога царува стравот од вируси и наговестување на трета светска војна, најмалку што ни треба е да слушаме вакви мизерни донкихотски фантазии.

КИРИЛ И МЕТОДИ, КЛИМЕНТ, НАУМ, САМОИЛ, ЈОАКИМ ПЕЈЧИНОВИЌ, ГОЦЕ, ДАМЕ, ЈАНЕ И МНОГУ ДРУГИ БИЛЕ, СЕ И ЌЕ БИДАТ САМО ЕДНО – МАКЕДОНЦИ, А ДУШМАНИТЕ НЕКА ПУКААТ ОД МАКА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top