Коментари

И ОФИЦИЈАЛНО : СРПСКАТА ЦРКВА ЈА ПРИЗНА АФТОКЕФАЛНСОТА НА МПЦ-ОА

gg-stefan-porfirij

gg-stefan-porfirij

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 171)

1. Бурни настани се случија последниве недели на духовен/црковен план во нашата Македонија. На 9ти мај – според едни Денот на  Европа, кој пак други го слават како Ден на победата над фашизмот, од Цариграда, односно од Вселенската Патријаршија, стигна вест дека МПЦ -Охридска Архиепископија повеке не е “шизматичка”, т.е. расколничка црква, а во четвртокот, минатата недела, во Белград двајцата поглавари на МПЦ-ОА и на СПЦ одржаа помирувачка (!) заедничка литургија со кој чин практично двете цркви не се повеќе во раскол. Дали тој чин практично значи дека МПЦ-ОА се откажа од самопрогласената афтокефалност (независност или самостојност) прогласена во далечната 1967 година, или тој чин ќе се смета како своевидна “меѓуфаза” до формалното канонско (!) признавање, најверојатно е така.

    1spc1

А во моментов кога го пишувам овој прилог денес, на 24 мај, на Денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, на свечената Боженствена литургија што се одржа во Соборната црква Св. Климент Охридски во Скопје Патријархот на СПЦ г. Порфириј ја соошшти радосната вест дека Светиот сабор на СПЦ  е д н о г л а с н о  донесол одлука да ја признае МПЦ-ОА за афтокефална! Сега преостанува СПЦ да ја извести цариградската Патријаршија и сите православни цркви ширум светот за својата одлука, а на 12ти јуни Архиепископот г.г. Стефан и владици од МПЦ-ОА ќе сослужуваат со Веселнскиот Патријарх г. Вартоломеј во Цариград Боженствена литургија со што и формално МПЦ-ОА е рамноправна со сите православни цркви во светот!!!

   Реков погоре дека ова се бурни настани, според мене очигледно многу добро сработени со тивка дипломатија од повеќе страни и фактори, но ќе ја искористам приликава да искажам некои свои мислења и впечатоци на што ме тера и мојата професионална интуиција и долгогодишно искуство. Како прво, морам да искажам дека гледам дека овие случувања се испишани со добро препознатлив фин ракопис на американската дипломатија. Да почнеме од Цариград, т.е. од Вселенската патријаршија. Познато е дека токму американската дипломатија и американските специјализирани агенции одиграа клучна улога за признавање на афтокефалноста на Украинската Православна црква со што таа целосно се одвои од патронатот, односно авторитетот и надлежностите од Руската Православна црква. Впрочем, американските специјализирани агенции се најзаслужни и за смената на поглаварот на Римокатоличката црква Јован Павле I, по кого – по нивен избор, беше устоличен полскиот Папата Јован Павле II, осведочен борец против комунизмот, што го собори режимот во Полска и остави многу силен белег на глобален план.

    Но, со право се поставува прашањето: а каква врска би имале американските агенции со поморувањето на МПЦ-ОА и СПЦ и признавањето на афтокефалноста на нашата црква!? Па секако дека има! Конкретно, на американската администрација и е од врвен приоритет да се сочува мирот и стабилноста во регионот на западниот Балкан, особено во контекстот на војната во Украина, и за таа цел вложуваат огромни напори да се избегнат било какви конфликти и да се разрешуваат постоечките проблеми. А црковниот проблем помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ, според нивните оценки, е полесно решлив. Расплетот, видовме, почна од Цариград (со актот од 9ти мај), се префрли во Белград, за со тајна дипломатија конечно се осведочивме на овој историски ден – 24 мај СПЦ преку беседата на поглаварот на СПЦ беше обзнанена одлуката на Светиот сабор на СПЦ за признавање на афтокефалноста на Македонската Православна црква – охридска Артиехпскопјија.

   Патем, не случајно за нов амбасадор на САД е повлечениот од пензија Кристофер Хил, репрезентативен претставник на американската “булдожер дипломатија”, кој својата импозантна дипломатска кариера ја започна токму во Македонија, како амбасадор на САД и важи за голем пријател на нашата земја (Амбасадорот Хил беше категорички против промена на уставното име на нашата земја!), за да разрешува актуелни проблеми во регионов на западен Балкан. Интуицијата повторно ми говори дека амб. Хил претпоставувам дека најверојатно му има укажано на српскиот претседател Александар Вучиќ (којшто се соочува со огромен притисок од сите страни бидејки одбива да воведе санкции на Русија заради интервенцијата во Украина), дека може барем делумно да си ја олесни ситуацијата доколку се разреши барем црковниот спор помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ. (THANK YOU  U S A!!!) Вучиќ важи за прагматичен политичар и претпоставувам дека не му било тешко да го убеди патријархот на СПЦ Порфириј да га направи тоа што треба да го направи бидејки МПЦ-ОА е жива црква, со свои епархии и владици и СПЦ нема повеке што да бара во Македонија. На тој начин ем ќе си ја релаксира својата состојба (Вучиќ), ем ќе се разреши едно горливо прашање во регионот.

   Соопштението на Патријархот г. Порфириј беше поздравено со огромен аплауз и воодушевување од присутните на литургијата, но бројните верници кои на голем екран ја следеа процесијата внатре во храмот Св. Климент Охриудски во Скопје. Судејки по реакциите во јавноста и медиите, ваквиот став на СПЦ наиде на одоброување и во српската јавност, за разлика од јавноста во Бугарија, каде не беше случај!

   После денешниот историски чин за македонската јавност остануваат отворени некои прашања. На пример, 1. Што станува со одлуката од 1967 година за прогласување на афтокефалност на МПЦ? Дали таа останува како една епизода во историјата на МПЦ?; 2. Под кое име ќе биде евентуалниот томос (акт) за афтокефалност на МПЦ-ОА од Цариоградската и Српската Патријаршија; 3. Дали СПЦ ќе инсистира да има свои епархии во Rепублика Mакедонија со свои свештеници и архиереи и сл.

   Портпаролот на МПЦ-ОА, митрополитот г. Тимотеј во неколку наврати рече дека на томос за афтокефалност можеме да очекуваме до крајот на овој месец мај, и да веруваме дека тоа конечно и ќе се случи!

2. Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија за 2021г. што го подготви известувачот Ирфан Ќучук, пратеник од Бугарија. Иако македонското МНР го пофали извештајот, сметам дека тој е лош бидејки во него се прифатени некои од бугарските шовинистички и негаторски ставови кон Македонија. Да се разбереме: немам никакви илузии дека во ЕУ  сега преовладува непријателски став кон Македонија, иако нејзини високи претставници при нивните посети на нашата земја ни продаваат демагогии дека сме биле добри во реформите, дека напредуваме по речиси сите основи и слично, но во пракса нејзиниот однос кон нашата земја е се поагресивен, и притисоците се посилни да потклекниме кон шовинистичките и неприфатливи барања за нас на Софија.

   Се прашувам: како ЕП го одбра токму Илхан Ќучук, евро-пратеник од Бугарија (од тамошното турско малцинство) која го блокира и условува членството на Македонија во ЕУ за известител токму за Македонија? Па зарем тоа не е класичен конфликт на интереси? И каков извештај можеме да очекуваме од тој пратеник???

   Некој во Стразбург и Брисел очигледно однапред ги темпирал работите поаѓајќи од интересите на Софија, ама да не ја забораваме и Атина.

   Што е поблиску датумот на ЕУ самитот на крајот на француското претседателство (втора половина на јуни), се поочигледно е дека и овој пат нема да добиеме датум за првата меѓувладина конференција и почеток на преговори за членство, на што не уверуваа од сегашнава влада на СДСМ и ДУИ. Не верувам дека тоа ќе се случи ниту во блиска иднина! Затоа и јас јавно се придружувам на оние дома и во дијаспората што се залагаат да го раскиниме фамозниот Договор за пријателство со Бугарија, која сега јавно е наш најголем непријател, а да градиме сообраќајници и да развиваме трговија со нив, бидејки ништо друго во моментов не ни преостанува!

   Би резимирал со следново што повеќати веќе е истакнато: Бугарија не е сама во она што го прави кон Македонија!!! Таа само ја прифати улогата на дворски шут и црна овца во (Евро)фамилијата и одработува за други (во прв план за Грција) страни. Но зачудува што целата ЕУ го прифати овој манир на однесување неводејќи сметка дека овие блокади постануваат и безбедносно прашање! А ќе ги потсетам бирократите во Брисел дека Македонија, за жал, беше повод за две Балкански војни, а некои сметаат индирекно дури и за Првата светска војна која почна со атентатот во Сараево, но големите сили и нашите соседи едвај чекаа повод повторно да се судрат поради нивното незадоволство од поделбите на Македонија!

    Во меѓувреме македонското МНР официјално соопшти дека МНР на Грција дендијас ке ја посетел нашата земја деновиве во рамките на мини-балканска турнеја. И, што да очекуваме од оваа посета/ Би рекол: ништо посебно особено не од политичар чија прва изјава кога дојде на таа функција беше: “Ќе ги примораме скопјаните (!) да се откажат од македонизмот низ процесот на преговори за членство во ЕУ”!

   Верувам дека Дентијас во типично византијски (грчки/данајски) стил ќе дојде да не фали колку сме добри и спремни за членство во ЕУ, а зад грб ќе не блокира преку земји-членки. Но, го уверувам и него, а и неговите спонзори дека залудни им се напорите за да не однародат и обезличат. Издржавме вековно ропство, а ќе ги издржиме и овие садистички и нецивилизирани притисоци на нашата земја која толку многу дала и ја задолжила европската култура и цивилизација!

3.  На традиционалното чествување на Денот на македонските и сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј 24 мај во Рим присуствување и бројна македонска делегација (се чудам за толкавата бројност во ера на драстично штедење што очигледно не важи за актуелната власт), а македонските известуваќи од случувањата во Рим особено внимание посветија на приемот на Премиерот Димитар Ковачевски кај Папата Францис. Во таа прилика Ковачевски се појави со неговата ќеркичка што е вон сите протоколи и преставува класична злоупотреба на функцијата.

   Премиере, не може ќерка ти да биде дел од званична владина делегација!!! Ти практично ја прошверцува ќеркати за да може на државна сметка да се прошета до Рим и Ватикан. Да си ги платиш од свој џеб трошоците за нејзиниот пат и сместување во вечниот град за да дадеш личен пример за граѓаните на државата што ја претставуваш која е во овие проблеми и заради владата што лично и твојот претходник ја преставување, се ваша заслуга!!!

1martin1 М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top